веган – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 10:58:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png веган – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јелена Ѓоковиќ призна дека едно време немала пари за јадење: „Од мака станав веган“ https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-gokovik-prizna-deka-edno-vreme-nemala-pari-za-jadene-od-maka-stanav-vegan/ Thu, 21 Sep 2023 10:58:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319065

. Јелена Ѓоковиќ со години е веган, но на општо изненадување откри дека се одлучила на ваков начин на исхрана бидејќи немала доволно пари за квалитетно месо. Сопругата на Новак објасни дека станала веган во студентските денови: - Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев ни во дом со кујна. Така што веганството почна од мака - изјави Јелена. Таа тогаш изјави дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро. - Бев голем јадеч на месо, и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот буден, со енергија, здрав – рече таа и додаде дека важен е и начинот на подготовка на храната. - Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз... Деновиве е тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите диети се само малку поинакви – заклучи Јелена Ѓоковиќ во таа прилика во емисијата „Што сум јас за тебе и која сум јас за себе“. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Трик за кремаст сос за Цезар салата без ниедна состојка од животинско потекло https://arhiva.vistina.com.mk/trik-za-kremast-sos-za-tsezar-salata-bez-niedna-sostojka-od-zhivotinsko-poteklo/ Mon, 08 May 2023 12:19:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301082

Традиционалниот сос за салата Цезар се подготвува од жолчки, пармезан, инчуни, лук, лимон, сенф Дижон и растително масло. Сосот богато се прелива врз зелена салата, крутони, печено пилешко и рендано сирење. Доколку не јадете состојки од животинско потекло, сепак можете да уживате во кремастите и умами ноти на овој сос, кој првично го создал мексиканскиот ресторант Цезар Кардини од Тихуана, Мексико, по што салатата го добила името. Направете веганска верзија на прелив за салата Цезар која користи алтернативни состојки. Наместо јајца, користете кремаст таан или паста од сусам во комбинација со малку маслиново масло. Наместо кашкавал, заменете го ренданиот пармезан во сосот со гурмански прехрамбен квасец, кој може да се најде во продавниците за здрава храна и кој на сосот ќе му даде „сирењаст“ вкус. Состојки: 75 мл сок од лимон 65 мл таан 65 мл маслиново масло 2 лажички капери 1 лажица прехрамбен квасец 1 лажица Дижон сенф 1 лажичка рендана кора од лимон 1 лажичка течност од капери 1 чешне лук сол и бибер по желба Подготовка: Сите состојки се мешаат во блендер и се претвораат во мазен сос. По желба можете да додадете малку вода за да се разреди и полесно да ја прелиете зелената салата. Послужете веднаш или ставете во стаклен сад во фрижидер и чувајте неколку дена. Добар апетит! извор:попара.мк]]>

Веганската исхрана може да биде лоша за здравјето на коските https://arhiva.vistina.com.mk/veganskata-ishrana-moze-da-bide-losha-za-zdravjeto-na-koskite/ Tue, 16 Mar 2021 12:45:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194406

Веганската исхрана би можела да има негативни последици за здравјето на коските, бидејќи не содржи хранливи материи од животинско потекло, покажува германско истражување објавено во научното списание Nutrients. За да утврдат дали ваквиот начин на исхрана влијае врз здравјето на коските, германските научници со ултразвук ја прегледувале петната коска, односно во коренот на стапалото, кај 72 лица, 36 вегани и 36 лица кои јадат секаква храна. Резултатите покажале дека веганите во просекот имале пониски параметри на квантитативниот ултразвук (QUS), метод за мерење на цврстината на коската, што може да биде индикатор за полошо здравје на коските. Покрај тоа, научници од примероците на крвта и урината го утврдиле количеството на 12 биомаркери важни за здравјето на коските. Утврдено е дека веганите вообичаено имаат пониско ниво на ваквите маркери, како што се витамините А и Б6, лизини, леуцини, селенопротеини во однос на оние кои јадат разновидна храна. Станува збор за група хранливи материи коишто главно се присутни во храната од животинско потекло и се важни за градбата на коските. „Нашето истражување покажува дека веганската исхрана влијае врз здравјето на коските“, вели Андеас Хенсел, претседател на германскиот Сојузен институт за процена на ризиците (BfR), кој ја спровел студијата. Меѓутоа, Институтот ја признава и здравствената корист од веганската иссхрана, чијашто база се исклучително производите од растително потекло, а тоа е помал ризик од кардиоваскуларните заболувања. Нутриционистичките експерти, кои ја фалат ползата од веганската исхрана, истовремено предеупредуваат и на ризиците за одредени групи. На пример, родителите на децата кои консумираат храна од неживотинско потекло, редовно мораат да проверуваат колкаво е нивното на минералите и витамините во нивниот организам, а истото важи за доилките веганки. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Лекарите ги предупредуваат веганите дека сериозно го ризикуваат своето здравје https://arhiva.vistina.com.mk/lekarite-gi-predupreduvaat-veganite-deka-seriozno-go-rizikuvaat-svoeto-zdravje/ Fri, 27 Dec 2019 13:16:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126286

Недостигот на витамини кои се наоѓаат во млекото може да ги оштети нервите. Веганската исхрана е во главно здрава, со низок холестерол и штити од срцеви болести, но нејзините следбеници мора да земаат додатоци од витаминот Б12 или ризикуваат состојба која предизвикува трајно тресење на рацете и нозете, велат експертите. Повеќето луѓе добиваат витамин Б12 од млекото, но супстиуентите на база на билки немаат доволно високо ниво за да ги заштитат луѓето од периферна невропатија, што е неповратно. "Постои опасност младите вегани, кои не примаат Б12, да добијат сериозна невропатија. Нивото во билното млеко треба да биде повисоко од тоа што е моментално. Ако е три пати повисоко, нема да постои проблем", велат тие. Интернетот тврди дека на веганите не им е потребен дополнителен Б12, што не е засновано на докази, рекол Том Сандерс, професор по исхрана и диететика од King's колеџот во Лондон. "Загрижен сум што многу луѓе мислат дека тоа е мит", рекол Сандерс. Џаините во Индија јадат веганска диета, но, рекол тој, "сите Џаини кои ги познавам примаат инекции Б12". Истражувањата покажале дека нивото на Б12 во веганите е третина од тоа што е потребно. Другите аспекти на веганската исхрана се здрави, но, рекол Сандерс, "Б12 е единствената работа за која се грижиме". Посебно се грижи за децата. Во еден случај, бебе кое го доела мајката со недостиг на Б12 добила невропатија. Веганската исхрана богата со овошје и зеленчук веројатно е здрава, но веганите и натаму можат да претеруваат со колачиња, чипс и пиво, рекле научниците. Засега нема докази дека веганите живеат подолго. "Не постојат значајни разлики во вкупната смртност на веганите и оние кои јадат месо", рекол Сандерс. извор:точка.ком.мк]]>