вечно почивалиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Aug 2022 09:44:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вечно почивалиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија не знае ни каде и живееле, ни каде и почиваат легендите: По две години откако почина конечно е откриена мистеријата на која локација почива легендарната македонска пејачка Нина Спирова (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-ne-znae-ni-kade-i-ziveat-ni-kade-i-pochivaat-legendite-po-dve-godini-otkako-pochina-konechno-e-otkriena-misterijata-na-koja-lokacija-pochiva-legendarnata-makedonska-pejachka-nina-spirova-fo/ Wed, 31 Aug 2022 07:27:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264738

Легендарната македонска пејачка Нина Спирова, дамата со „кадифен глас“ која ги отпеа евергрините „Еден бакнеж“, „Молчи, молчи“, „Езеро мое“, која почина на 11 септември 2020 на 82 години, е погребана во селото Коштуниќи меѓу Чачак и Горњи Милановац во Србија, објави писателот Синан Гуџевиќ во порталот Новости.хр! Во текстот „Гробот на Нина Спирова“ објавен  29 август 2022 г., тој пишува дека Спирова таму е погребана на 13 септември 2020, со што се разреши и мистеријата каде точно почива една од најпознатите македонски пејачки на забавна, староградска и народна музика на сите времиња, која изведе забавни мелодии кои станаа евергрини. Последната информација што беше јавно позната во земјава беше дека Спирова живее во Филаделфија, САД и се сметаше дека таму и починала,  нешто што никогаш и не се случило, а ова сега го потврди  и Гуџевиќ. Гуџевиќ кажува дека свештеникот поп Дејан Ракиќ, кој го извршил погребот во Коштуниќи, кој дваесет години живее во селото и ја познавал Спирова. „Тој вели дека во парохијата дошол во 2000 година, а во тоа време Спирова веќе живеела во Коштуниќи. Била блиска пријателка со една мештанка од Коштуниќи, која работела во Америка, во Филаделфија. Кога таа мештанка се пензионирала, се населила во Коштуниќи, а тоа ја привлекло и Нина Спирова да се насели. Со нив две живеела и мајката на таа мештанка. Поп Ракиќ добро се сеќава на самиот погреб. Тој вели дека пријателите и роднините ѝ подигнале споменик на Нина Спирова. Спирова имаше статус на истакнат уметник во Србија, но не и во Македонија, имаше српска пензија, но не и македонска“, пишува Гуџевиќ, кој ја објави и фотографијата од нејзиниот гроб. Спирова, со специфичен кадифен глас и емотивна интерпретација, е родена е во Прилеп во 1938, почнала да настапува од 16 години. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ . Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 1980-те години. Во тоа време од Скопје се преселила во Белград и Загреб, а се сметаше и дека подоцна живеела во Германија, па во Филаделфија, САД, што е апсолутно неточно. Таа никогаш не живеела во Филаделфија, понекогаш ја посетувала и нејзината пријателка од Коштуниќ таму. Новинарите, какви што денес ги има, напишаа дека Спирова живее и во Америка и во Германија, а луѓето поверуваа во тие вести и ги сфатија како веродостојни. Нина Спирова живеела во Земун, на улица 22. Октомври, број 11. Таа е родена како Нина Спиркоска. Нејзиниот брат Димко се презива Спиркоски, така и сестра и Милка додека не го зема презимето на сопругот Пухариќ. Таткото на Нина Спирова, Кирил Спиркоски (1908-1986), се оженил во 1932 година за Љубица Кључаричек (1914-1991), родум од Челин кај Врбовац во Хрватска. Љубица дошла во Прилеп со група пејачи и таму го запознала Кирил. Кон Нина Спирова, македонската културна јавност имала некоја необјаснива деменција во сеќавањето. Македонските структури и институции кои се занимаваат со музика и мноштвото колеги пејачи со години наназад велеле дека не знаат ништо за неа и дека можеби веќе не е ни жива. Како македонската и југословенска Ела Фицџералд  и Едит Пјаф  (таканаречена од легендарниот Драган Ѓаконовски - Шпато) исчезна од сеќавањата и од меморијата на македонската јавност и институциите на државата, останува задача на истражувачите?! Во својата кариера Нина Спирова учествувала на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други. Има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ, од кој поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“. Со „Еден бакнеж“ на композиторот Петар Пешев учествувала на фестивалот Опатија во 1962 и добила прва награда. Овој евергрин беше носечка музичка тема во филмот „Сенки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.  ]]>

Властимир Ѓуза Стоиљковиќ беше актерска легенда, а никој не знаел каде е погребан: Ниту најдобриот другар не му го знаел гробот за да му запали свеќа?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlastimir-gjuza-stoiljkovikj-beshe-akterska-legenda-a-nikoj-ne-znael-kade-e-pogreban-nitu-najdobriot-drugar-ne-mu-go-znael-grobot-za-da-mu-zapali-svekja-foto/ Tue, 30 Jun 2020 11:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156375

Легендарниот актер кој почина во 2015 година беше кремиран и погребан во најголема тајност, така што никој освен неговата сопруга не знаел каде се наоѓа неговото вечно почивалиште. Најмалку една година по заминувањето на бардот на југословенското глумиште, јавноста и колегите на Ѓуза не знаеле каде е неговиот гроб, каде можат да запалат свеќи и да положат цвеќе. Но една година по неговата смрт, мистеријата била решена и тоа на чуден начин. Локацијата на вечното почивалиште на Ѓуза ја дознал неговиот к најверн другар Власта Велисављевиќ и тоа верувале или не, преку електричарот вработен во истиот театар каде што Ѓуза работел и играл до пензионирањето - белградското Ателје 212. Новинарите од српските медиуми го барале неговото гробно место распрашувајќи се со часови час, до кое сигурно има половина час прошетка и се наоѓа на  периферијата на Новите гробишта во Белград. Сопругата на актерот Душанка Стоиљковиќ решила да ја смести урната со неговата пепел во гробот со остатоците од нејзините родители Живко и Вера Врањанац. По смртта на Ѓуза, неговиот верен пријател Власта Велисављевиќ не бил ни поканет на неговото кремирање или положување на урната, но случајно дознал каде може да оди и да го посети неговиот соученик и другар. „Никој не знаеше цела година каде е погребан, но беше случајно откриено. Електричарот од Ателје 212  ја следел сопругата на Ѓуза Душанка кога одела на задушница. Седел пред нејзината куќа и чекал таа да тргне да оди на гробишта. Сега знаеме каде е и можам да одам и да му запалам свеќа“ - изјавил Власта. Уметникот не ја разбирал одлуката на сопругата на неговиот колега - Душанка, како што пишуваа медиумите во тоа време, на Ѓуза да му забранува контакти со колегите во текот на последните денови од животот. „Јас го посетив. Душанка им забрани на сите да го посетат, но мене - не можеше. Му реков и на управникот во старскиот дом каде беше последните месеци сместен: „Не се шегувај, кој може да ме спречи да го видам Ѓуза“. Така се договорил и со семејството на Ѓуза, ќе изјави тогаш Власта. Фото: Инстаграм принтскрин/ Дамир Дервишагиќ]]>

И по осум години од смртта на Ксенија Пајчин, мајката – неутешна, пријателите во солзи, а пораката на непознат човек кажува колку на сите им недостига (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-po-osum-godini-od-smrtta-na-ksenija-pajchin-majkata-neuteshna-prijatelite-vo-solzi-a-porakata-na-nepoznat-chovek-kazuva-kolku-na-site-im-nedostiga-foto/ Sat, 17 Mar 2018 08:27:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16388

Пејачката Ксенија Пајчин трагично беше убиена на 16 март 2010 година. Поп Принцезата, како што ја нарекуваа,  од љубомора ја уби нејзиното тогашно момче Филип Каписода со пиштол, во нејзиниот стан во Никшиќка 5 во Белград, а потоа и самиот си пресуди.

На  осумгодишнината од нејзината смрт,  на нејзиното вечно почивалиште  најпрвин се појавиа двајца мажи кои, со солзи во очите, ја бакнаа нејзината надгробна слика и оставија цвеќиња. Еден од нив  беше нејзиниот голем пријател Александар, кој секоја година го посетува гробот на Касенија...

...Додека другиот  остави икебана со цвеќе и бела лента на која беше испишана емотивна порака што навистина кажува сè: „Никогаш нема да те заборавам“!

По нив, покрај нејзината мајка и членовите на семејството и останатите верни пријатели на Ксенија пристигнаа на гробот на пејачката...

...Некои од нив беа од јавниот живот, кои  продолжуваат да го посетуваат местото на кое таа почива.

И по реакциите, секоја година,  се чини дека им е се' потешко.

]]>