вечна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Jul 2023 08:16:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вечна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот трап артист „Стар Бој“ е џентлмен во Париз: „Формата е моментална, класата е вечна“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-trap-artist-star-boj-e-dhentlmen-vo-pariz-formata-e-momentalna-klasata-e-vechna-foto/ Wed, 19 Jul 2023 08:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310736

Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy), е еден од ретките артисти кој умее животот да го живее со стил. По неодамнешниот престој дома во родната Македонија и настапот во скопскиот летен ноќен клуб „Мусандра“, каде остави силен впечаток и создаде позиривна енергија меѓу него и публиката, траперот се врати во Франција. Во градот на љубовта, уметноста и светлината, сепак Ванчо, како што му е вистинскот име, има само една љубов... И тоа во неа е вљубен на прв поглед. Затоа секогаш кога ќе се сретнат, макар и на поминување, новото видување СтарБој  секогаш го овекувечува  со нова фотографија од неговата љубена убавица - Ајфеловата кула во Париз. Иако делува „мртов ладен“ дури и середе зафрканција, во СтарБој сепак чука нежно срце... Толку нежно, што секогаш паѓа на убаво напипшани стихови поезија... Макар тие не биле ништо посебно и ситно платени, сепак нема пари со кои се купуваат францускиот шарм и македонскиот инает. Токму за инает на душманите, СтарБој животот го живее со шарм и стил, па после две - три пијачки и самиот станува подложен, да биде поетски расположен... А поезијата и квалитетниот пијалак не одат без две нешта кои се одраз на животната култура: убавите жени и добрата пура! За нив секогаш мора да најдеш време, да си расположен, да бидеш вистински џентлмен... Иако,  како и сите ние, и СтарБој можеби секогаш не  е во врвна форма, ама... „Формата е моментална, класата е вечна“, како што и самиот умее да каже, особено ако си на пат да станеш ѕвезда. Или можеби тоа веќе и си...? Впрочем, како поинаку да се објасни ова селфи во огледало  со самоуверена порака: „Во хотел со пет ѕвезди кога ќе влезам, автоматски станува со шест“! Шегата на старана, та било шега или вистина, СтарБој навистина е на добар пат да го освои регионот... За некој ден ( 23. јули 2023) му излегува новата, дует песна со бугарскиот рап артист  „Душков 24“ (_dushkovv__twenty4) - „International drill“ па да видиме што направиле (т)раперите, каков музички македонско-бугарски дил за разлика од политичарите?!
Фото: Инстаграм/starboyofficial23
]]>

Концерт за историја: „Меморија“ го сплоти народот со песна и покажа дека Македонија е жива, горда и вечна! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-za-istorija-memorija-go-sploti-narodot-so-pesna-i-pokaza-deka-makedonija-e-ziva-gorda-i-vechna-foto-video/ Sun, 12 Jun 2022 10:48:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253829

„Меморија“ вчеравечер, сабота 11 јуни 20220 година ја „урна“ А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила. Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“. Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка. Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни... Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење... Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која  возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија... Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце... Само народот во еден глас и вокалот на пејачот... Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак  за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих... Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови... „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации - „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е...“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката... Македонски знамиња во публика, македонско знаме на сцената... „Меморија“ како никој досега успева да го сплоти народот со песна и да покаже дека Македонија е и тоа како жива... и вечна! Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култнaта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски. Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин  од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла. Уште една братска двојка, Енко и Сецко од „Ласт Експедишен“ ја продолжуваат низата држејќи го концертниот набој на најсилно. „Шефе“ звучи „убиствено добро“, моќно како испукан музички проектил! Најавениот пејач на „Конкорд“ Сеад Јакупи за жал беше спречен да дојде заради корона, но македонскат гитарска легенда Венко Серафимов, заедно со „Меморија“ и Поце ја отпрашија „Високи штикли...“ како во најдобрите денови, кога „Конкорд“ беа најславни! Венко остана и со Славчо од „Морал“ во кој некогаш свиреа и сегашниот тапанар и гитарист на „Меморија“ - Мичо и Цале, па сите заедно засилени со Ристо Самарџиев во чест на починатиот Влатко Илиевски ја отсвиреа „Кога патувам“, водејќи ја публиката низ годините наназад и спомените на младиот прерано заминат пејач. Ристо останува на сцената да пее во последната третина од концертот на кој се редат хитовите од таа фаза. Матурата кулминира со „Снежо, Снежана“, со која „Меморија“ покажува како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија. И не само матура, туку и лектира... За минатите, сегашните и за идните генерации на некои нови клинци кои ќе имаат и на што да се потсетат и од кого да учат, и со што да се гордеат... Едноставно, ќе имаат своја, наша македонска музичка историја која бендот таа вечер покажа како се создава! По „Моите слики“, Самарџиев останува сам на сцената со акустична гитара в раце за да ја отсвири и отпее неговата „Таму кај што си“, а додека публиката пее со него сцената се подговува за големото „гранд финале“. Со најавените први звуци на тапанот и појавата на блех оркестарот на Аце и „Весела дружина“ одекнуваат и првите ноти на „Дирлада“... И салата „експлодира“, А1 арената „се урива“ од атомски набој на енергија, преточена во музика. Гласни грла, високо кренати раце, еуфорија за историја... Сплотеност каква ретко кога се гледа... Можеби само при големите спортски победи на репрезентацијата, но овде нацијата ја замени репрезентацијата, а спортистите ги заменија музичарите на сцената. Сите заедно, за неподносливо чувство на радост, среќа, насмевки, прегратки, емоции... Како некогаш, во најдобрите денови. Светлата се гасат, но публиката бара уште... Бисот неминовен,  овој пат и двајцата вокали на „Меморија“ заедно на сцената и  реприза на трите историски хита: „Македонија“, „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“... И одново лудница... Онакава каква што ни најголемите  светски бендови кога доаѓале, не направиле. Ама, радоста е голема до небо, зашто ова што тааа вечер го слушнавме и видовме  - е наше! „Made in Macedinia“... како што оддамна не била,  полна со „оган под ѕвездите“. Македонија онаква каква што заслужува... Горда, среќна и вечна! Фото:  by Чапља и приватна архива]]>

Тоа го може само таа: На Лила розата… постојано и цвета! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/toa-go-moze-samo-taa-na-lila-rozata-postojano-i-cveta-foto/ Tue, 12 Dec 2017 08:47:40 +0000 http://vistina.mk/?p=6301

Лила Стојановска екс Филиповска, и во работата и во приватниот живот постојано е опкружена со убави луѓе. Вниманието и подароците, одат некако во пакет, а спонзорите и доаѓаат како екстра бонус! Се’ што ќе облече, обуе, ќе стави на себе, ќе се накити, со се’ што ќе го третира телото, лицето, косата, се’ што ќе се напие и јаде... не е случајно.
Секое нешто кај Лила има свое зашто! Затоа и важи за најдобрата меѓу водителките... И по знаење и умеење и по изглед!  А за најдобрите секогаш се лепат спонзорите. А Лила и тоа како знае тоа да го искористи... да го спои убавото со корисното!
Едноставно Лила е како подвижен билборд! Затоа и постојано и „цвета ружичката“! А и допрва ќе и цвета! Особено отсега - натаму!
Зашто оваа последната што ја доби на подарок, можеби не е букет, е само една, ама е вечна! Како и Лила! Можеби не можете да ја дорете и да го почувствувате нејзиниот мирис, ама затоа постојано ќе се воодушевувате на нејзиниот изглед!