вечна празнина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Feb 2023 13:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вечна празнина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мизар од својата „Вечна празнина“ ги извлекоа звуците на нивната – „Небесна тишина“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/mizar-od-svojata-vechna-praznina-gi-izvlekoa-zvutsite-na-nivnata-nebesna-tishina-audio/ Thu, 09 Feb 2023 13:47:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288283

Култната македонска група „Мизар“ кон крајот на минатата година го објави својот нов студиски албум „Вечна празнина“. Албумот премиерно го изведоа во декември 2022 година пред белградската публика, каде на најдобар можен начин и го претставија албумот на јавноста со фантастичен концерт во распродадениот „Дом омладине“. „Небесна тишина“ е последниот сингл од албумот, песна инспирирана од композицијата „Midnight Summer Dream“ на The Stranglers, според композиторот Горазд Чаповски, „еден од најдобрите бендови во популарната музика“. Текстуално-вокалната димензија е беспрекорно претставена со длабокиот баритон на Зоран Тортевски, пејач кој моќно и впечатливо го интегрира византиското пеење во музичкото творештво на „Мизар“. „Небесна тишина“ е последна на албумот и навистина моќно го затвора кругот, за што сведочат зборовите на критичарот Маринко Крмпотиќ (Нови лист): „За самиот крај „Мизар“ ја чува „Небесна тишина“, прекрасна песна. на смиреноста, уште едно патување во нематеријалното, астралното и етеричното.“, а неговиот професионален колега Златко Гало (mixer.hr): „Завршната „Небесна тишина“ е, како што сугерира насловот, амбиентална речиси религиски возвишена тема која ги сумира сите карактеристиките на „новиот Мизар“ и албумот“. Во текот на повеќе од четири децениската активност, единствена константа на бендот е неговиот основач Горазд Чаповски, заедно со актуелниот, совршено координиран состав кој го сочинуваат Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китаноски (бас), Александар Ристовски Принц (електрична гитара) и Георги Божиков (тапани), „Мизар“ покажа дека неговиот креативен бунар е уште многу длабок и дека нивните материјали вреди да се чекаат. Преслушајте како звучи Мизар кога од својата „Вечна празнина“ ги исфрла звуците на нивната - „Небесна тишина“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Мизар“ од нивната музичка „Вечна празнина“ го извадија својот – „Изрод“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/mizar-od-nivnata-pretstojna-albumska-vechna-praznina-go-izvadija-svojot-muzichki-izrod-audio/ Tue, 13 Dec 2022 12:33:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279851

По летниот сингл „Вечна празнина“, култниот македонски бенд „Мизар“ го претставува „Изрод“. Нов сингл, од нивниот шести студиски албум „Вечна празнина“, дигитално достапен од понеделник 12-ти декември 2022. Една од десетте композиции, „Изрод“ е песна за човек кој ја продал душата и со тоа станал Изрод. Изродот нема емоции и емпатија, тој е морален изрод, а парите се императив на неговото постоење. Данте ги класифицирал грешниците во 9 кругови на пеколот, колку нивните гревови се посериозни, круговите се пониски и потесни. „За да се спаси нивната продадена душа, мрестот на Мизар мора да ги отвори „Деветте порти на олово“, завршува составот на Мизар. Впечатливиот и уникатен звук на култниот македонски бенд, претставен преку моќниот вокал на Зоран Тортевски, ги трансформира егзистенцијалните, човечки теми во тешки, но магични композиции. Ваквата комбинација најдобро се чувствува во живо, за која приликата доаѓа наскоро, на 16-ти декември кога „Мизар“ ќе го има шестото појавување во Домот на млади во Белград. По овогодинешната мини турнеја во која беа Љубљана, Риека и Загреб, градови каде публиката ги пречека со ентузијазам, по седум години „Мизар“ повторно свири во Белград. Како звучи музичкото видување нас нивниот „Изрод“ слушнете од „Мизар“ во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>