вечна љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Jul 2019 11:23:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вечна љубов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Експерт за брак тврди дека ја пронашол формулата за вечна љубов! https://arhiva.vistina.com.mk/ekspert-za-brak-tvrdi-deka-ja-pronashol-formulata-za-vechna-ljubov/ Mon, 08 Jul 2019 12:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96688

„Никогаш не одете во кревет лути“ и „Насмевката е најдобриот лек“ се само некои од советите кои наводно гарантираат среќна и стабилна врска. Но, дали навистина делуваат? Еден експерт за брак кој повеќе од 40 години се занимава со проучување на врските и браковите, тврди дека ја пронашол формулата за вечна љубов. Формулата за љубовна среќа лежи во размерот 5:1. Барем така тврди доктор Џон Готман, светски признат експерт за брак и професор по психологија на Универзитетот во Вашингтон. Имено, Готман 4 децении ги проучувал врските и дошол до заклучок дека тајната на среќниот брак лежи во тоа на секоја негативна интеракција да имате 5 позитивни интеракции. Доктор Готман кој напишал многу книги посветени на оваа тематика, своето откритие го нарекува „теорија на рамнотежата во врската“. Готман вели: „Се додека во врската има повеќе позитивни интеракции пропорционално споредени со негативните интеракции, врската има повеќе шанси да биде стабилна.“ Позитивните интеракции можат да бидат и ситници како на пример насмевка и прегратка, поставување прашања и изјави на љубов, додека под негативни интеракции се подразбираат работи како на пример кавги и критики. Според Готман, ако направите нешто негативно со коешто сте ги повредиле чувствата на партнерот, морате да му се оддолжите со 5 позитивни работи. Заклучокот е дека иако за стабилноста на врската е потребна мала количина негативност, сепак позитивноста е тоа што ја одржува врската. Готман препорачува дека помеѓу останатото, паровите треба почесто да си изразуваат благодарност. „Партнерите секојдневно би требало да си изразуваат благодарност и почит, а тоа сите понекогаш забораваме да го направиме.“ извор: Курир.мк]]>