вечатливо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 May 2023 09:58:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вечатливо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марјана Станојковска и Вера Мештеровиќ во фустани кои одземаат здив: Македонските водителки го собраа целото внимание на Виенски бал (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-i-vera-meshterovik-vo-fustani-koi-odzemaat-zviv-makedonskite-voditelki-go-sobraa-tseloto-vnimanie-na-vienski-bal-foto/ Mon, 15 May 2023 07:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301876

Гламурот, елеганцијата и престижот, уште еднаш беа попратни синоними на традиционалниот Виенски Бал во Скопје кој изминатиот викенд, односно во саботата се одржа по 22-ри пат во хотелот Александар Палас. По музиката на Штраус и уметноста од легендарниот музички дух на Виена пулсираше Виенскиот бал, настан под покровителство на амбасадата на Република Австрија во Скопје, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. Балот на едно место го собра дипломатскиот кор, општествениот и културниот живот, како и од деловниот свет, а гостите се дружеа, танцуваа и густираа од богатото мени со избрана храна. Редовно, како и секоја година, па така и оваа требаше да се испочитува традицијата на настанот, односно задолжителниот дрес- код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – темни костуми или смокинг. Водител домаќин на настанот беше Вера Мештеровиќ која смени две црни тоалети со дизајнерски потпис на домашна етикета. Екстравагандна, гламурозна и раскошна, Вера едноставно доминираше, баш онака како што доликува за водител на настан од ваков карактер. Модна кралица во црно која со својата маркантност и впечатлива појава беше една од најгламурозните. Ништо помалку впечатлива не беше ниту водителката Марјана Станојковска која беше гостинка, но ултра впечатлива со бајковидна и драматично црвена волуменозна тоалета во принцеза крој со истакнати раменици. Пуштената долга руса коса, впечатливата шминка, накитот и целосниот моден визуелен приказ и Марјана ја направија да биде рамо до рамо со највпечатливите. Секако, Виенскиот бал беше една модна парада на гламур и авангарда од кој доминираа дамите.
Инаку, според програмата, се претставија Оркестар Јохан Штраус, диригентката Бисера Чадловска, Танцова школа Прима Данца, Танцова школа Врачар од Србија, Свингерси, вокалните солисти Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, Вејчеслав Поповски, балетот од НОБ, првенци на балетот Саша Ефтимова и Балаж Локсеи, Мирослав Митрашиновиќ и Христина Наќевска. фото:Инстаграм принтскрин/Вера Мештеровиќ/Марјана Станојковска/wienerball.mk]]>