Вебинар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 13:30:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Вебинар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вебинар: Вештачката интелигенција во медиумите – про и контра https://arhiva.vistina.com.mk/vebinar-veshtachkata-inteligentsija-vo-mediumite-pro-i-kontra/ Mon, 26 Feb 2024 05:34:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340150

Дали и како вештачката интелигенција може да се користи во медиумите? Колку новиот развој на алатките за вештачка интелигенција можат да ги загрозат авторските права и трудови на новинарите и на фоторепортерите? Кои се придобивките, а кои се можните штетни последици од вештачката интелигенција во медиумската сфера?
Ова се само дел од прашањата кои ќе се отворат на вебинарот „Вештачка интелигенција во медиумите – про и контра“ кој ќе се одржи на 28 февруари (среда) со почеток во 11 часот. На онлајн настанот ќе говорат новинарот Бојан Шашевски, фоторепортерот Ѕвонко Плавевски и адвокатот Валентин Пепељугоски.
Учесниците на вебинарот ќе можат да стекнат сознанија за тоа како новинарите, со развојот на вештачката интелигенција, ќе можат да ги заштитат своите трудови, а истото се однесува и на фотографиите, со оглед на тоа што често се случува јавноста да не може да препознае дали одредена објавена фотографија е направена со ВИ или пак е автентична. Сето ова може да донесе до забуни кај јавноста, со тенденција читателите или гледачите да станат предмет на манипулации.
Оттаму, важноста на темата ги засега двете страни – и медиумските работници, но и широката публика, која ќе има можност да се едуцира во однос на тоа како може да се препознае дали одреден текст, сторија, фотографија и слично се изработени со помош на вештачка интелигенција.
Вебинарот има за цел и да ја нагласи клучната улога на новинарите и фоторепортерите како чувари на вистината, па токму од тие причини е и важноста во однос на заштитата на автентичните содржини изработени од нив.
Вебинарот е отворен за сите новинари, заинтересирани граѓани, новинарски здруженија, невладини организации и други субјекти.
Настанот е организиран од Здружението за унапредување на медиумските практики „Иновативни медиуми“, со поддршка на регионалниот проект СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Учеството е бесплатно за учесниците и за истото не е потребна претходна регистрација. Заради потребите на проектот, настанот на TEAMS ќе биде снимен, но нема да биде јавно емитуван.
]]>