вбожиќна песна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 19 Dec 2020 14:06:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вбожиќна песна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Илиевски и хорот на „Златно славејче“ – „Божиќна песна“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-ilievski-i-horot-na-zlatno-slavejche-bozikjna-pesna/ Sat, 19 Dec 2020 14:06:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181706

Нашата голема музичка ѕвезда Влатко Илиевски, која нѐ напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа. Една од нив е и „Божиќна песна“. На радиостаниците во Македонија премиерно беше пуштена „Божиќна песна“, која Влатко ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не беше објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски. Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста. Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови. https://www.youtube.com/watch?v=9WAi6LXf3x0&feature=emb_logo]]>