важни работи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Feb 2020 13:46:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png важни работи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ако барате доживотен партнер, важни се само овие 2 работи https://arhiva.vistina.com.mk/ako-barate-dozivoten-partner-vazni-se-samo-ovie-2-raboti-2/ Thu, 20 Feb 2020 13:45:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135278

Кога барате личност со која ќе го поминете остатокот од вашиот живот, треба да обрнете внимание на овие две работи. Овие два правила ќе ви заштедат многу енергија, а можеби и многу време. 1. Сè треба да биде едноставно уште од самиот почеток Од моментот кога ќе се запознаете, сè треба да биде едноставно и лесно. Ако чувствувате дека можете да ѝ кажете сè на таа личност и ако лесно се согласувате за повеќето работи, не испуштајте ја таа личност. Едноставното значи добро. Комплицираното значи лошо. Ако покрај вас имате личност која бара од вас да се менувате, да се приспособувате или да правите работи што не ви одговараат, тогаш правите голема грешка. Порано или подоцна ќе ви здодее да се менувате или на партнерот ќе му здодее да ве менува вас. Ако постојано треба да му се докажувате на партнерот, тој не е за вас. 2. Врската треба да донесе радост Ако во врската не се чувствувате среќно, задоволно и исполнето, бегајте веднаш! Ако страдате и ако плачете заради него, тој не е за вас. Не размислувајте премногу бидејќи таквото однесување не е нормално. Ако само едниот партнер се труди врската да биде исполнета со смеа и со задоволство, тогаш таа врска е бесмислена. Многу луѓе со години остануваат и страдаат во врска што не ги исполнува. Тие чекаат нешто да се смени, но таа промена нема да се случи никогаш. Ако неговите зборови ве растажуваат или ве вознемируваат, време е да го напуштите партнерот. Односот со партнерот треба да биде нешто што ќе ве направи среќни и партнерот треба да биде некој на кого ќе можете да се потпрете кога имате некој проблем. Вашата друга половина треба да биде некој што ќе знае да ве насмее и да ве сослуша. извор:кафепауза.мк]]>

Важни работи кои треба да ги знаете пред почетокот на Вашиот заеднички живот https://arhiva.vistina.com.mk/vazni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-pred-pochetokot-na-vashiot-zaednichki-zivot/ Tue, 14 Aug 2018 14:03:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42775

Секој почеток е тежок, па и мигот кога ќе започнете да живеете заедно со партнерот. Затоа, од исклучителна важност е да посветите внимание на неколкуте детали кои мора да ги знаете пред да се решите за таков голем чекор.

1. Финансиски план

Многу е важно да направите детален план поврзан со финансиите. Мора да знаете кој ќе плаќа за што, т.е. кој дел од заедничкото живеење ќе биде чија одговорност. Прашањето – со што точно ќе го полните фрижидерот – може да почека. Кој ќе ги плаќа сметките и киријата, не може.

2. Климатизација

Екстремните жештини секого може да го доведат до работ на лудилото. Кога спиете во ист кревет со некого, високите температури може за брзо време да донесат многу бессони ноќи, а пак хроничната ненаспаност сигурно ќе ви донесе голем број незгодни караници.

3. Голем кревет

На почетокот од врската, кога сте биле преплавени од страст, воопшто не ви пречело да се гушкате и спиете на единачен и веројатно неудобен кревет. Тоа е сосема нормално. Кога ќе треба да започнете да живеете во заедница, ако не си купите брачен кревет, ќе зажалите за многу брзо време. Од една страна секогаш ви е потребна комоција, а од друга, по караниците во заедничкиот дом, нема да може да си отидете дома, туку ќе спиете во истиот кревет. А, доколку тој кревет е тесен, животот ќе ви се претвори во пекол.

4. Потребно е трпение, особено ако имате само еден тоалет

За заедничко живеење е потребно многу трпение и многу работа. Замислете си вакво сценарио – се подготвувате за на работа и не сте отишле во тоалет, затоа што вашиот партнер е таму веќе половина час. Во таква ситуација многу е лесно да избувнете и да предизвикате караница. Но, бидете трпеливи. Ако тоа се случи, кога ќе се вратите од работа, седнете и поразговарајте. За сè е возможно да се направи договор и распоред, па и за користењето на тоалетот.

5. Јасни и прецизни правила за гости

Едно од првите нешта што мора заеднички да ги договорите се правилата за гости (кој смее да доаѓа, а кој не, дали ви е потребно претходно известување или не, итн.). Многу е незгодно кога сте уморни од работа и следното утро треба да станете рано за важен состанок, сонот да ви биде нарушен од гласните пријатели на вашиот партнер, нели?

6. Комуникација надвор од домот

Чекањето никому не му е забавно. Ако се задржите по работа или отидете на пијачка со колегите, секогаш треба да се јавите и да му кажете на својот партнер дека ќе задоцните. На тој начин ќе избегнете многу караници.
 ]]>