васка илиева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2023 12:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png васка илиева – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Песната, судбина“: Концерт на „Танец“ во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-sudbina-kontsert-na-tanets-vo-chest-na-100-godishninata-od-raganeto-na-vaska-ilieva/ Thu, 26 Oct 2023 12:21:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321713

Васка Илиева (1923 - 2001) е доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика. Оваа знаменита Скопјанка, својата музичка кариера ја започнува во 1950 година, токму во Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот. И денеска, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети со кои Илиева се здоби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и „кралица на македонската народна песна“. Концертот на Танец кој ќе се одржи во Македонски народен театар МНТ), на 9. ноември 2023 во 20 часот во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева е замислен како ексклузивна гала вечер, каде што солистите и ансамблите на НУ Танец ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар, а ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на чествуваната уметница.
„Не го пропуштајте овој редок настан, кој што изобилува со антологиски песни што се пеат од прва до последна. Дојдете во Домот на АРМ (9 ноември, 20 часот), заедно да ја чествуваме 100-годишнината од раѓањето на „кралицата на македонската народна музика“, Васка Илиева.
Билетите ќе бидат од утре во продажба на неколку локации - Розе Веро 2 (Тафталиџе), ЈК Травел (ТЦ Бисер - Аеродром) и во книжарниците Literatura.mk, како и на онлајн сервисот: www.kupikarta.com
Ве очекуваме со нетрпение,
Ваш Танец“ - порачуваат од ансамблот.
]]>

На денешен ден почина Васка Илиева, доајенот на македонската народна музика https://arhiva.vistina.com.mk/na-deneshen-den-pochina-vaska-ilieva-doajenot-na-makedonskata-narodna-muzika/ Tue, 04 May 2021 13:08:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201419

Васка Илиева (21 декември 1923 во Скопје – 4 мај 2001 во Скопје) — македонска пејачка, доајен на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачи на народна музика. Васка Илиева е родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци. Станува препознатлива со песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ и многу, многу други. За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“, како и „Амбасадор на македонската народна музика“. Починала на 4 мај 2001 г. во родното Скопје на возраст од 77 години, оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство. Во нејзина чест, а по повод 10 години од нејзината смрт, беше организиран и одржан концерт во Македонската опера и балет, на кои концерт настапија познати музички имиња, како и нејзиниот наследник Сузана Спасовска.]]>

Стојне Николова ја „воскресна“ легендарната патриотска песна „Крушево абер пристигна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stojne-nikolova-ja-voskresna-legendarnata-krushevo-aber-pristigna-video/ Sat, 04 Jan 2020 12:19:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127403

Откако кон средината на минатата 2019 година го издаде својот прв албум со авторски песни насловен „Мелем за душа“, најавувајќи го како: „Вистинско освежување на македонската фолк-сцена“, кој ги содржи хитовите: „Око мое“, „После мене“ и „Спремај мајко дарови“, динамитната струмичанка Стојне Николова сега се одлучи на еден сосема поинаков чекор. Имено, македонската „фолк џепна венера“ реши да го следи примерот на колегите од рок сцената, „Некст Тајм“... И тоа комплетно, па одлучи една стара македонска народна песна на покојната фолк икона Васка Илиева, да ја преработи во модерен стил, да ја визуелизира со видоспот, кој го екранизраше во вид на мини игран филм... Токму по теркот на браќата близнаци од споменатото рок дуо „Некст Тајм“. Така, по „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо“ и „Јовка кумановка“ од Стефан и Мартин, Стојне ни ја донесе својата варијанта на „Крушево абер пристигна“, по познатиот, веќе востановен терк. Многумина ќе речат дека идејата можеби и не е оригинална, но секако пристапот и реализацијата заслужуваат исто толкаво внимание и почит колку и опреработките на „Некст Тајм“. Екипата заедно со пејачката и музички и визуелно максимално се потрудиле да „влезат во филмот“ и да ја донесат приказната за македонската Јованка Орлеанка, за Тодорка комита, токму онака како што раскажуваат стиховите во песната... Ако „Некст Тајм“ го поставија стандардот, Стојне Николова го продолжи, па можеби и надгради. Како што веќе споменавме, музиката и текстот се на легендата на македонската народна песна, покојната Васка Илиева, додека бројната екипа врвни професионалци од различни области која го реализираше овој проект ја сочинуваат: Придружнии вокали: Ана Мицевска и Христина Пецовска Аудио продукција: „Анастасија студио“ Кавал и зурла: Гоце Димовски Тамбура: Бајса Арифовска Продуцент: Бобан Мојсовски / „Мојсо продукција“ -  https://www.facebook.com/mojso.produk... Сценарио, режија, директор на фотографија, специјални видео ефекти: Даниел Јовески Специјални ефекти за шминка: Даниел Јовески  - https://www.facebook.com/daniel.joveski   Фризура: Станче Кипријанов Шминка: Владимир Трајковски , Наташа Ѓоргиевска Помагатели: Коњички клуб: „Барбадос“,  Аснамбл „Студио фолклор“ Актерски тим: #Тодорка  - Марија Петревска,  #Стојан - Коле Тодоров,  #Турци - Антонио Стојчески, Никола Арнаудов, Петар Велковски, Илин Јовановски,  #Комита - Дарко Дашковски,  #Мајка на комитата - Гордана Антевска,  #Комити - Виктор Настевски, Стефан Јаневски, Александар Алексовски... Погледнете го видеото за новата верзија на „Крушево абер пристигна“: ]]>