васил хаџиманов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 May 2023 12:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png васил хаџиманов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денови на македонската култура во Белград: Вечер посветена на Васил Хаџиманов https://arhiva.vistina.com.mk/denovi-na-makedonskata-kultura-vo-belgrad-vecher-posvetena-na-vasil-hadhimanov/ Tue, 23 May 2023 12:47:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303438

Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ што годинава по 13-ти пат се одржува во Белград, во организација на здружението „Македониум“ од Белград, денеска ќе се одржи вечер посветена на Васил Хаџиманов.
По тој повод ќе биде прикажан документарниот филм „Фениксот од Кавадарци“ на Мишо Нетков, а дека музиката што Васил Хаџиманов ја собирал и сочувал од заборав сè уште се изведува и на овие простори ќе покаже КУД „Васил Хаџиманов“ од Јабука со својата пејачка и фолклорна група, која годинава го одбележува големиот јубилеј 60 години постоење и ансамблот „Македониум“ од Белград.Програмата ќе биде одржана во големата сала на ПАН театарот од 19 часот. Манифестацијата  Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ традиционално ја поддржуваат Македонскиот национален совет, Министерството за култура на Република Србија и претпријатието Алкалоид.
]]>

Севда: Најубавите љубовни песни од Балканот со оркестарот на Македонската филхармонија и солистите – Божо Вреќо и Васил Хаџиманов! https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-po-povod-denot-na-vlubenite-najubavite-lubovni-pesni-od-balkanot-so-makedonskata-filharmonija-najubavite-lubovni-pesni-od-balkanot-so-orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-i-solistite-bozho/ Tue, 14 Feb 2023 09:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288708

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените. Концертот е насловен „Севда“, а како солисти ќе настапат Божо Вреќо, босанскиот „принц на севдахот“ како што го нарекува светската критика и српскиот пијанист Васил Хаџиманов, миленик на македонската публика, уметник кој го спојува џезот со традиција на балканското поднебје. На програмата се љубовни песни од Балканот, испеани од Тома Здравковиќ, Јадранка Стојаковиќ, Нина Спирова, Александар Сариевски, Шабан Бајрамовиќ, аранжирани за симфониски оркестар од Дијана Имери Илкоска, која, воедно ќе застане зад пултот и ќе го води оркестарот на Филхармонија низ ова несекојдневно музичко патување. Божо Вреќо е босански пејач кој ги „оживеа“ севдалинките и ги однесе во сосема нов правец со специфичноста на својот глас. Неговите изведби седлабоки и емотивни, и самиот за себе вели дека е „човек кој животот го сфаќа на лирски, музички начин“. Во неговиот музички свет чувствата се многу посилни од разумот. Светските медиуми го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“. Од гласот на Божо Вреќо извираат длабоките емоции со кои секој може да се идентификува. Тој пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој отпеан стих е како исповед и препознавање на љубовта. Васил Хаџиманов е џез пијанист, композитор и аранжер од Србија,со македонски корени, роден во Белград на 23 јуни 1973 година. Тој е син на познатите Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ. Истраен, сеприсутен, со бескрајна енергија и музикалност, Васил е алката која го поврзува српскиот џез со крајот на 20 и почетокот на 21 век. Тој е личност која во себе носи гени на бројни интерпретатори, чувари и носители на музичката традиција на Балканот. Дијана Имери Илкоска е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев. Уште во студентските денови, интензивно работи како асистент на маестро Ѓумар со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а бележи настапи на повеќе престижни подиуми меѓу кои и фестивалите Охридско и Скопско Лето со Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија. Нејзиниот настап беше проследен од легендарниот композитор Кшиштоф Пендерецки кој упати бројни пофалби за младата диригентка. Во 2020 г. остварува соработка со светски познатиот диригент – Маестро Урош Лајовиц (Словенија/Австрија) кој за нејзе ќе каже: „Дијана Имери Илкоска е исклучителен талент и диригент кој може да ги оствари сите свои диригентски желби и да направи убедливи креации.“]]>

Синот на Зафир Хаџиманов – Васил, со љубов и достоинство се прости од својот татко https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-zafir-hadzimanov-vasil-so-ljubov-i-dostoinstvo-se-prosti-od-svojot-tatko/ Mon, 29 Mar 2021 12:44:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196505

Пејачот, композитор и актер Зафир Хаџиманов почина денес како резултат на вирусот корона. Неговиот син Васил Хаџиманов, исто така голем уметник и музичар, напиша тажна проштална порака на својот Фејсбук профил и сподели илустрација од Зафир Хаџиманов. „Татко ми Зафир почина денес. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа страшна болест. Зад себе остави вистинско богатство, од песни што толку маестрално ги пееше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, поетски и прозни книги, сè до ненадминливите улоги во театарот и филмот. Тевија над Тевија!Но, пред и над сето тоа, тој секогаш несебично ја даваше својата огромна љубов, внимание и поддршка на своето семејство и најблиските. Сенка и тој беа еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори. Непобедлива! Да бидат запаметени и почитувани! Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш! Ви благодарам на сите за зборовите за поддршка“ - објави Васил на Фејсбук.