вашето дете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Mar 2018 07:55:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вашето дете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да препознаете кога Вашето дете е во депресија? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-prepoznaete-koga-vasheto-dete-e-vo-depresija/ Thu, 29 Mar 2018 07:55:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18321

Препознајте го проблемот на време, разговарајте со вашето дете и помогнете му. Нормалната тага доаѓа, а таа се јавува како резултат на некој настан. Меѓутоа, клиничката депресија е секогаш присутна и кај детето се јавува чувство на раздразливост и недостаток на интерес за учество во одредени активности. Некои големи промени во домот, како што се семејна смрт, развод и селидба, можат да доведат до значителни промени кај децата. Нормално е да се грижите ако детето нема блиски пријатели, особено ако е предучилишна возраст кога веќе треба да има омилена другарка или другар.
Симптомите кои ја карактеризираат депресијата кај децата и адолесцентите се:
  • Честа главоболка, абдоминална болка и замор кај децата;
  • Недостаток на интерес за учество во настани и забави организирани во предучилишната установа;
  • Секојдневно незадоволство, раздразливост, врескање или плачење;
  • На детето му е постојано досадно;
  • Недостаток на интерес за играње со другарчињата;
  • Тешкотии во комуникацијата со другите деца;
  • Прекумерна чувствителност и страв од неуспех
Родителите имаат најголема одговорност. Тие треба да ги откријат причините и да се обидат да ги елиминираат на најдобар можен начин. Родителите мора постојано да разговараат со своите деца и да им посветат многу време.
Раздразливоста е најчестиот симптом Главната разлика помеѓу депресијата кај возрасните и децата е тоа што возрасните се чувствуваат депресивно, а децата се нервозни. Децата кои страдаат од депресија не само што покажуваат знаци на тага, туку тие обично лесно се вознемируваат и немаат контрола врз нивното однесување. Тие често не можат да го идентификуваат она што го чувствуваат и да го презентираат со зборови. Раното дијагностицирање на депресијата е од клучно значење Хроничната депресија може да ја смени структурата на мозокот. Истражувањата покажуваат дека хроничната депресија може да го намали хипотаминот, а тоа е делот од мозокот кој помага да се регулираат емоциите. Депресијата тогаш предизвикува проблеми во училиштето, алкохолот и дрогата стануваат закана за децата, а во најтешките случаи може да го зголемат ризикот од суицидни мисли.]]>