варијанта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Nov 2021 13:48:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png варијанта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова само Игор Џамбазов „под рака“ со „Жаклина“ го може: Македонска турбофолк класика во џез – блуз варијанта (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-samo-igor-dzambazov-pod-raka-so-zaklina-go-moze-makedonska-turbofolk-klasika-vo-dzez-bluz-varijanta-video/ Thu, 11 Nov 2021 10:13:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226841

Помладите и денес го пејат, а повозрасните се сеќаваат и кога се појави големиот македонски фолк хит „Жаклина“, некаде во 1990/91 година, испеан од некогашниот рокер („Мадригали“, „Трн во око“), подоцна познат битолски фолкер Цане Николовски како главен вокал на тогашната фолк група „Елита“. Песната беше прогласена за фолк хит на годината, а нејзината популарност и денес не стивнува, па „Жаклина“ ја пејат и старо и младо, на свадби, семејни веселби, прослави... Или само онака, на вообичаен провод по различни локали и кафеани. Од 2004 Цане Николовски се исели од Македонија и живее во туристичкото место Аликанте во Шпанија. Во 2016 година, продукцијата „Лотус“ од Битола, дури и снимила документарен филм за Цане Николовски со наслов „Патот за Аликанте“. Цане замина, ама „Жаклина“ остана... да се пее до ден денес, белким и довека. Токму еден од највпечатливите македонски мултимедијални ликови, Игор Џамбазов деновиве влезе во студио да снима. И тоа не сам, туку токму „под рака“ со споменатата „Жаклина“, како македонска турбофолк класика. И сега на рокерите, блузерите, џезерите... на сите што го знаат и познаваат Џамбаз веројатно ќе им се исправи косата, како тоа токму тој да се прешалта во ним „омразената“ музика? Од блузер - турбофолкер? Не ќе да е можно!? И не е! Ама е изводливо! Имено, Игор влезе во студиот „Алшар“ кај Ивица Јанкуловски за да и направи најпрвин музички ривајвал на  старата добра „Жаклина“, ама во сосема поинаква изведба. Така,   македонска турбофолк класика доби и своја  џез - блуз варијанта. Засега само музичка, наскоро и визуелна! „Жаклина ривајвал“... Што ли само ќе рече стариот рокер Цане на сето ова? А како ли ќе реагираат и фолкерите? Ќе се појави ли „Жаклина“ освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик или ќе се случи она: „Од секоја зурла не бидува саксофон“? Како и да е новата „Жаклина“ е тука и наскоро ќе биде промовирана. Џамбазов веројатно знае што прави, а дали вие знаете како новата „Жаклина“ би можела да звучи? Еве само едно мало парче, еден сегмент од новата верзија на „старата турбофолк дама“, како „нова џез-блуз мома“:
Фото: Википедија принтскрин/Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>