вардар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Feb 2023 13:18:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вардар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Демантираше дека е Македонка, а Скопје и е како втор дом: Теа Стошевска навечер пееше во клубот, а дење на кејот крај Вардарот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/demantirashe-deka-e-makedonka-a-skopje-i-e-kako-vtor-dom-tea-stoshevska-navecher-peeshe-vo-klubot-a-dene-na-kejot-kraj-vardarot-video/ Thu, 23 Feb 2023 13:18:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290295

Атрактивната пејачка Теа Стошевска и се претставува на јавноста во се попредизвикувачки и попровокативни изданија. Фоторафиите на кои воглавно доминира бујното природна предница сместена најчесто во длабокото деколте  на цицлестата пејачка, оваа дама речиси секојдневно ги споделува на својот Инстаграм профил. Не, беше поразлично и овој пат, иако вниманието на нејзините следбеници, особено на оние во Македонија русокосата убавица го привлече со уште една друга работа. Иако по написите во медиумите неодамна демантираше дека е Македонка , туку чиста Србинка и покрај тоа што нејзиното име звучи македонски, на бившата „Ѕвезда на Гранд“, во последно време како втор дом и е македонскиот  главен град. Теа во Скопје престојува и пее почесто од било кое друго место, дури и во Србија. Така беше и изминатиот викенд кога бујната русокоса два дена по ред настапуваше во еден од најпознатите скопски ноќни клубови, а преку ден запеа на едно друго место... Дали за до крај „да ја купи“ македонската публика или чисто онака, исклучиво за своја душа со сиот свој жар, Теа Стошевска запеа крај кејот на Вардар! И тоа онаа познатата, македонска: „Море сокол пие, вода на Вардарот...“,  додека Теа пее крај брзата, матна водата од Вардарот.
Што се однесува пак до вечерните скопски настапи и овој пат цицлестата фолкерка го истакна  своето секси деколте со позамашна мерка, па ретко кој остана рамнодушен на оваа возбудлива глетка. Долгите нозе под кусото мини фустанче, како и големата заоблена задница дополнително беа во машкиот фокус, како програм плус од телесниот раскош, што пејачката го поседува покрај  природниот граднен кош! Фото: Инстаграм принтскрин/teastosevska_official  ]]>

Весна – Бејби прими „електро-шок“: Таа го рекламираше, а ЕВН ја шокираше со енормно високи сметки за струја! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-primi-elektro-shok-taa-go-reklamirashe-a-evn-ja-shokirashe-so-enormno-visoki-smetki-za-struja-video/ Wed, 09 Feb 2022 07:37:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238219

Сигурно се сеќавате кога пред неколку години автомобилот на Весна Бејби Петрушевска среде Скопје се најде во водите на Вардар, а ЕВН потоа ја искористи таа случка со актерката да сними реклама за онлајн плаќање на нивните сметки за струја. Тогаш Бејби одново влезе во реката под Камениот мост, само опремена со нуркачка опрема божем барајќи да ги извади сметките од потонатиот автомобил за да ги плати, всушност рекламирајќи ја кампањата на ЕВН за онлајн плаќање. Ни ЕВН ни Бејби тогаш не обзнанија колку едните ги чинеше рекламата, а колку другата страна заработи за нуркањето  по  фактури во Вардар среде Скопје.
Арно ама, кармата е кучка, а „гладните за пари рекетари на неолиберализмот“ се немилосрдни, па фактурата сега ни стигна на сите нам, ама и на неа, и тоа баеги голема. Весна - Бејби доживеа „електро-шок“ кога ги доби последните сметки за струја, па по непреспаната ноќ, уште рано изутрината како и многумина јавно се пожали на социјалните мрежи, од што тоа „кожата и се ежи“. “Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални... Рекетари“ - им порача Bејби во видеопораката на „неуземјените струјаџии“  претходно прашувајќи ги:  „ЕВН онлајн, како сте?  Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките!“
После ова пред Бејби, ЕВН само спомни ја, таа веднаш добива „електро - инсомнија“! Фото: Инстаграм принтскрин/evn_ag/vesnapetrushevska]]>

Панчо – ДНК со пример за лекција од екологија: „Ставете прст на чело, 81- годишен старец ви ги чисти вашите лајнарии од стазата крај кејот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-so-primer-za-lekcija-od-ekologija-stavete-prst-na-chelo-81-godishen-starec-vi-gi-chisti-vashite-lajnarii-od-stazata-kraj-kejot-foto/ Thu, 13 Aug 2020 07:28:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163064

Панчо од скопското ар - ен - би дуо „ДНК“ или Владимир Блажев, како што му е вистинското име и презиме според личните документи, е оддамна познат по својот остар јазик, цврстите ставови и храброста „без влакна на јазикот“ истите да ги изнесе во јавноста. Tа тие некого погодиле или не, од нив некого ќе го заболи или „баш го заболе“ - сеедно. Панчо е тој што ќе си го каже своето, кое најчесто е во склад со системот на вредности, со правилата и прописите за „нормална живеачка“, кои за жал, секој ден  стануваат се поискривени и поизвитоперени, па во опшатата лудница и сиот овој хаос, ненормалното станува „нормално“, а нормалното - срамно! Така и овој пат на својот ФБ профил, Панчо посочи пример кој е лекција за екологија. Пример за тоа како се штити  животната средина, чува чиста околината, чисти од загадување зелената површина, која секојдневно огромен број на луѓе ја користат, ама за жал, никој не внимава на неа... Или само по некој редок пример, колку исклучокот да го потврди правилото, како во овој случај. Имено, стазата покрај кејот на Вардар, многумина секојдневно масовно ја користат за спорт и рекреација, за најразлична физичка активност. Од обични прошетки и рекреативно пешачење или трчање, преку возење ролери, скејтборди, велосипеди на обичните граѓани, па се до професионални тренинзи на врвните спортисти.  Сите ги газат патеките крај кејот, ама никој не води сметка како и колку ги загадува, а уште помалку ги чисти! Rетки се обичните волонтери кои наоѓаат и сила и време и доблест да им го соберат ѓубрето и отпадоците, на илјадниците што претходниот ден или вечер, тука несовесно го фрлиле. За еден таков пример  зборува и Панчо од ДНК. За лажните „женски и фраери“ кои за „ку*чење крај кејот“ се први, а кога треба да се соберат отпадоците или никаде ги нема или стојат од страна и гледаа како „дрвени Марии“, додека 81-годишен старец им ги собира и чисти нивните „лајнарии“. Посочувајќи го токму човекот кој на сите, особено на денешната младина и одржа лекција од екологија, Панчо ја прозва и посочи сета мизерија на лажната градска свита, која себе си се смета и претставува за некаква урбана елита. „Додека вие несовесните и невоспитаните луѓе ја загадувате нашата и ваша околина и фрлате нај различни отпадоци без трошка срам и без око да ви трепне виде што прави чикчко Азбиу кој има 81 година и нека ви служи за пример!!! Да повторам има ОСУМДЕСЕТ И ЕДНА година и ви ги чисти вашите лајнарии. Видете ја сликава и ставете си прст на чело. Мноооогу е едноставно: ЃУБРЕТО СЕ ФРЛА ВО КАНТА ЗА ОТПАДОЦИ, а КАНТИТЕ НЕ СЛУЖАТ ЗА ДА ГИ ПАЛИТЕ и КРАДЕТЕ. Го запознав денес во 8 часот наутро со негова дозвола фотографирав околу шеталиштето на реката Вардар, тој прави доброволно дело собира собирање ѓубре фрлено на несвесен народ. Го оставив Азбиу среќен за неговата благородна работа, му посакав на човекот добро здравје и долг живот ...“ - напишал Панчо во својот Фејсбук статус.  ]]>

„Макфест“ ги обвини навивачите на „Вардар“ за сквернавење на евргринот https://arhiva.vistina.com.mk/makfest-gi-obvini-navivachite-na-vardar-za-skvernavenje-na-evrgrinot/ Fri, 07 Jun 2019 11:12:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91929

Безвременскиот хит на сестрите Маријана и Росана, нумерата „Признавам“ која беше изведена на фестивалот за забавни мелодии „Макфест” во 1988-ма година, деновиве е повторно актуелен, но како обработка и навивачка химна на ракометниот шампион Вардар. Обработката е дело на екипа Асови и композиторот Александар Митевски, а е насловена „Вардаре не те оставаме”.
Сепак, песната која за кратко време стана доста популарна кај навивачите на Вардар, не им се допаднала многу на одговорните од фестивалот „Макфест”. На Фесјбук страницата на фестивалот се објави реакција, во која се тврди дека со обработката се направила вулгаризација и уништување на безвременскиот хит.
-Не e прв пат хитови од Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, со или без согласност да се користат во маркетиншки цели. Последново такво нешто е божемната химна на „Вардар“. Всушност тоа е песната со наслов „Признавам“ на авторот Тоде Новачевски, а 1988-ма година на сцената на Макфест ја отпеаја сестрите Маријана и Росана. Овој евергрин имаше повеќе преработки во зависност од мотивацијата на тие што сакале да го имаат овој безвременски хит, на своите аудио и видео записи. Сетоа тоа било во рамки на пристојноста. Но, ова е божемната химна на Вардар, е проста вулгаризација и уништување на овој безвременски, макфестовски хит. Песната од лирична-љубовна, е зорле направена да биде божем химнична. Се отишло премногу во невкус, безгранично во уништување на песната, наведено е во реакцијата. Ова го пренесоа и преку РАДИО ШТИП.
За препевот „Вардаре не те оставаме“ кој е актуелен деновиве, Росана Сариќ Тодоровска вели дека се е регурално и кој како сака и како љуби, така нека си ја пее песната. -Уште вчера ја видов реакцијата на „Макфест”. Можам да кажам дека се е регуларно. Навивачите страствени на Вардар дојдоа и ме прашаа за дозвола, а знам дека го прашале и композиторот Тоде Новачевски, и од него добиле дозвола. „Признавам” е евергрин за сите времиња и за сите генерации, па се прашувам што има лошо ако сакале да ја направат химна на нашите најдобри ракометари. Таа и како химна на Вардар ќе биде препознатлива и одлична, и пак за сите генерации. Нас ни е чест што песната “Признавам” ја препеале нашите навивачи. И композиторот Александар Митевски направи се што можеше во позитивен контекст и апсолутно помогна, знаејќи дека е добиена дозвола од мене, од Маријана и Тоде, изјави Росана, пренесува  ФОКУС. Извор: Курир.мк]]>

Вардарци триумфално дочекани, добија грандиозна прослава, а народот се поклони пред Стоилов: „Столе ти си наша икона“ https://arhiva.vistina.com.mk/vardarci-triumfalno-dochekani-dobija-grandiozna-proslava-a-narodot-se-pokloni-pred-stoilov-stole-ti-si-nasha-ikona/ Tue, 04 Jun 2019 07:19:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91209

Вардарци добија грандиозна прослава по големата победа по која станаа европски прваци. Народот се сплоти на скопскиот плоштад каде громогласно ги поздрави сите херои кои имаа учество во овој голем успех.
Сепак, најголемите заслуги му ги препишаа на нашиот Стојанче Стоилов. Насобраниот народ му порача: „Столе, ти си наша икона“!
Стоилов не ја криеше гордоста што вторпат излегува пред илјадници фанови на плоштадот во центарот на Скопје, како освојувач на ракометната Лига на шампиони. „Добро вечер, Скопје, добро вечер Македонија. Ова вторпат го кажувам: Скопски Вардар – европски првак.“
„Овие што ги гледате зад мене, тоа се најголемите амбасадори на нашата држава. Голем голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си отидат во нивните држави. Ќе кажуваат, си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте – најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“ – дополни капитенот Стоилов.
]]>

Наместо поделби на ваши и наши, домашни и странци, Срби и Хрвати… во „Вардар“ соиграчите стануваат пријатели, другари, браќа, шампиони!   https://arhiva.vistina.com.mk/namesto-podelbi-na-vashi-i-nashi-domashni-i-stranci-srbi-i-hrvati-vo-vardar-soigrachite-stanuvaat-prijateli-drugari-brakja-shampioni/ Mon, 03 Jun 2019 12:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91170

Вардар е европски ракометен шампион. На врвовот на Европа по втор пат за само три години. Иако соочени со сите проблеми, златните вардарови момчиња покажаа дека за шампионска екипа не се потребни само пари... Дека може и без нив да се  биде најдобар на стариот континент, ако имаш силна волја, изразена желба за успех, тимски дух, ако си екипа сплотена,  која  дише и функционира како еден организам! Но, шампионската европска круна на „Вардар“ покажа и нешто друго, нешто што само овде, во Македонија е можно. Да ги сплоти професионалците не само како тим, туку како вистински другари, како браќа иако доаѓаат од различни земји, припаѓаат на различни националности, религии, култури...
Различните знамиња на рамениците, околу појасот или во рацете на играчите на шампионскиот трон, или уште повеќе, прегратката на Србинот, Дејан Милосављев и Хрватот, Игор Карачиќ по финалниот меч се слики кои говорат повеќе од илјада зборови. Овековечени моменти кои покажуваат и докажуваат дека колку до вчера неможното на „крвните непријатели“ од балканското воено лудило, само македонското срце и душа можат како со волшебно стапче да ги претворат во најдобри пријатели, во другари, браќа, шампиони...! Затоа „Вардар“ и не е само обичен клуб, а Македонија обична мала држава на југот од Балканот... Затоа „Вардар“ е клубот од соништата, а Македонија земјата на чудата... И спортски и човечки. Каде сплотеноста на душата и срцето се посилни и од парите и од нациите и од политиката! Затоа Вардар е еден, а Македонија – вечна!]]>

Тие се наши шампиони: Македонските јавни личности вака навиваа за „Вардар“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tie-se-nashi-shampioni-makedonskite-javni-lichnosti-vaka-navivaa-za-vardar-foto/ Mon, 03 Jun 2019 07:48:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90943

Вардар во својот трет настап на Ф4 турнирот во Келн, по вторпат стана европски првак. Во финалето „црвено-црните“ го победија Веспрем со 27-24 и станаа единствен тим од регионот со две титули во ЕХФ лигата на шампионите.

  Вардар водеше во поголемиот тек од натпреварот, на полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај.

Шампионите се бореа до последниот момент од натпреварот за да на крај ја понесат титулата „европски шампиони“.
Македонската  јавност повторно беше сполотена навиваше на европксиот шампион. Пејачи, водители, актери навиваа за ракометарите кои по вторпат се најдоа на врвот. Иако немаше пренос на националната македонската телевизија, тоа не беше причина  јавните личности и обичните граѓани да навиваат за „Вардар“. Некои пред телевизир, некои во ресторан, кафуле или некои на плоштад, но сите сплотени навиваа и се радуваа на секој гол. Актерката Весна Бејби Петрушевска на својот „Фејсбук напиша“: „Дали ви кажав во последно време дека ве сакам момци, напред Вардар, ве сакам драги“ напиша Весна, па додаде
„Прваци, срце не терен. Ве сакам“.
За „Вардар“ навиваше и македонската водителка Марјана Станојковска која на „Инста стори“ сподели како гледа ракомет.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) on

На нанвивањето се придружи и Тамара Тодевска која на социјалните мрежи напиша „Бравооо Вардар“.
Елена Стефановска исто така се приклучи кон навивачката еуфорија.
Кон честитките се приклучија и: Антониа Гиговска....
Снеже Велков,,,,
Елена Ристеска....
Теа Трајковска..
Елена Mиленковска...
Тијана Дапчевиќ...
Андријана Јаневска
Даниел Кајмакоски....
Викторија Лоба...
 
View this post on Instagram
 
ВАРДАР ШАМПИОНЕЕЕЕ ЕВРОПСКИ ???? ?♥️?♥️?♥️?♥️?♥️?♥️?

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ ? (@victorialoba) on

Дарко Спејко...
Влатко Лозаноски
Калиопи Букле...
Елена Велевска...
Вера Мештеровиќ...
Игор Џамбазов
По победата на „Вардар“ во Скопје владееше еуфорија, па граѓаните се собираа на плоштадот „Македонија“ да се радуваат на успехот. Инаку, „Комитите“ за вечерва најавиа пречекување на европските шампиони на скопскиот аеродром во Скопје.  

„Комитите“ повикуваат: Вечер сите на аеродром – да ги пречекаме шампионите! https://arhiva.vistina.com.mk/komitite-povikuvaat-vecher-site-na-aerodrom-da-gi-prechekame-shampionite/ Mon, 03 Jun 2019 06:34:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90945

Навивачката група Комити преку ФБ објави важна порака до сите кои сакаат да ги пречекаат ракометарите. -Инфо !!! Шампионите полетуваат вечер, 03.06 од аеродромот во Дизелдорф во 18:50ч. Преку Виена на скопскиот аеродром се очекува да слетаат околу 23.55 часот.
„Значи, вечерва, 03.06 во 23.55 часот, СИТЕ НА АЕРОДРОМ !!! СОБИР и Заедничко поаѓање: Сала „Јане Сандански“ во 22:00 часот!!! Прославата се поклопува точно со датумот на 32 годишнината од основањето на навивачката група Комити. Има ли подобар начин да се прослави роденден?“ - велат Комити.]]>

Стинг честиташе за победата на Вардар https://arhiva.vistina.com.mk/90934/ Sun, 02 Jun 2019 19:20:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90934

Светски познатиот музичар Стинг беше меѓу првите кој му го честиташе големиот ракометен успех на Вардар. Тој пред почетокот на концертот во Скопје кој се одржува вечерва, упати честитка за победата на Вардар. Стинг доби дрес од македонскиот ракометен гигант на кој беше напишано неговото име, а фотографијата од моментот ја објавија организаторите Авалон продукција. Терминот за концертот на Стинг вечерва беше поместен поради настапот на Вардар и тоа што македонскиот шампион во ракомет игра во финалето од Лигата на шампионите. Светската ѕвезда Стинг во Скопје го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот  насловена „My songs“.]]>

Вардар е на врвот на ракометна Европа! https://arhiva.vistina.com.mk/vardar-e-na-vrvot-na-rakometna-evropa/ Sun, 02 Jun 2019 17:55:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90931

Како бајка, како приказна која подава рака од фикцијата кон стварноста – Вардар стана шампион на Европа! Вторпат! Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24. Вардар водеше во поголемиот тек од натпреварот, на полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај. Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола, а кај Веспрем се истакнаа Мае со шест и Тонесен со четири погодици.]]>