вапцани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Apr 2023 05:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вапцани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И познатите Македонки ја испочитуваа традицијата и уште рано наутро вапцаа три црвени јајца (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/i-poznatite-makedonki-ja-ispochituvaa-traditsijata-i-ushte-rano-nautro-vaptsaa-tri-tsrveni-jajtsa-za-veliki-chetvrtok-foto/ Thu, 13 Apr 2023 08:09:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298033

Црковното предание и нашата стара традиција уредиле три дена пред Велигден на Велики четврток пред изгрејсонце се вапцуваат првите три Велигденски јајца. На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува! Првото вапцано јајце се нарекува уште и Господово и за него се верува дека е полно со моќ со која се лекуваат разни болести. Затоа ова утро на сите верници е резервирано за обичајот каде најпрво откако ќе се свртат кон исток да се прекрстат ќе ги бојадисаат првите велигденски јајца, а останатите ги бојадисуваат на Велика Сабота. Оваа традиција ја почитуваат сите верници, а познатите Македонки и овој пат не пропуштија  уште рано наутро да обелоденат на социјалните мрежи дека навистина се вредни домаќинки. ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Стафановска е дефинитивно една од нив. Особено сега, кога за прв пат е и жена - домаќинка, која ја почитува традицијата. Македонската поп дива Калиопи Букле не пропушта исто така да ја испочитува традицијата... И да упати предвелигденска честитка. ТВ водителката Марјана Станојковска во свој стил ги споила традицијата и естетиката, традиционалното и модерното, украсувајќи ја  ова утро масата со сопствена докарица покрај трите црвено вапцани јајца. ТВ водителката Снеже Велков и онака станува рано за да вежба и да подготви некој здрав оброк , па вообичаената рутина не и дозволи да отстапи од правилата, кои овој пат ги споила со традиционалните предвелигденски адети - вапцањето на трите црвени јајца. Некогашната Пулси-квиз ТВ водителка, подоцна новинар и уредник на емиси во Образовната програма на МТВ, денес Главен уредник на Првиот програмски сервис на националната ТВ куќа - Анета Андонова е меѓуостанатото и тоа како посветена на верата, религијата и традицијата. Како оддан верник, таа разбирливо не пропушти да ја испочитува традицијата и денот - Велкики четврток  за да го обави ритуалот на вапцање на трите црвени јајца кои при тоа прекрасно ги декорирала во кошничка со слама и златни чоколадни зајачања. Фото: Принтскрин Инстаграм  ]]>

Денеска е Велики Четврток – се прават овие обичаи https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-veliki-chetvrtok-se-izveduvat-ovie-se-obichai/ Thu, 16 Apr 2020 05:38:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145199

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок. Подготви Марко Китевски за МИА]]>