Ване Црнгаров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Feb 2024 10:35:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ване Црнгаров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сонцето не грее од сите страни“:  Животот на Ване Црнгаров во документрецот „Македонскиот Елвис“  на Ал Џезеира https://arhiva.vistina.com.mk/sontseto-ne-gree-od-site-strani-zhivotot-na-vane-tsrngarov-vo-dokumentretsot-makedonskiot-elvis-na-al-dhezeira/ Wed, 14 Feb 2024 10:35:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338633

Со песната „Со маки сум се родил“ почнува документарецот за Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли. Колку Ване е интересен за светот покажува и фактот што продукцијата „Револушн“ во режија на Глигор Кондовски го сними документарецот „Македонскиот Елвис“  за  телевизијата Ал Џезеира, која го финансираше и го емитуваше. Документарецот го раскажува животот на Ване од неговото детство во Куклиш, струмичко, кога ја добил првата хармоника, па до преселбата во Мелбурн, Австралија, каде и денес живее со сопругата Елизабета и ќерките Оливера и Џесика. Неговиот живот почнал во сиромаштија,  не ни сонувал дека светот ќе го препознае токму него во ликот на кралот на рокенроот, Елвис Присли и ќе биде дел од светскиот фестивал во неговиот роден град Тенеси, во Америка. -Кога заминав во Австралија како да почнав нов живот. Ми велат дека требало да бидам среќен што сум се спасил од сиромаштија, но не знаат што значи туѓина. Често ме прашуваат каде ми е поубаво, во Македонија или во Австралија. Јас секогаш велам дека живеам во Австралија, но душата ми е во Македонија. Дома си е дома. Да, има пари во Австралија, но нешто мора да недостасува. Сонцето не грее од сите страни. Но, да ми кажуваше некој дека мојата судбина од маки и земјоделие, па до Австралија и Америка немаше да верувам. Некои работи што ги носи животот човек не може да ги разбере, кажа Ване. Документарецот е снимен во Македонија и во Австралија, но и во Свети Николе и Скопје. -Да, снимен е на локации во Стумица, Свети Николе, Скопје и Мелбурн.  Ковидот малку го стопираше снимањето, но ете некако се заврши во најдобро светло. Продуцентот Дејан Милошевски аплицираше и веднаш беше прифатена идејата. Документарецот за мене претставува  јаготка на шлагот. Секако музиката нема старост, по 30 години професионална кариера ова е заокружување. Но, здравје, секако дека имам уште планови, ама ова ми е како врв. Да сме здрави и живи и сѐ друго понатаму што ќе дојде ќе биде добредојдено, рече Ване. Документарецот веќе е претставен на неколку фестивали и има добиено награди. Погледнете го документарецот на овој линк.]]>

Го познава цел свет, а само Македонија му е во срце: Ване Црнгаров – единствениот македонски Елвис Присли не го сонува животот, туку го живее сонот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/go-poznava-tsel-svet-a-samo-makedonija-mu-e-vo-srtse-vane-tsrngarov-edinstveniot-makedonski-elvis-prisli-ne-go-sonuva-zhivotot-tuku-go-zhivee-sonot-foto/ Tue, 18 Jul 2023 06:13:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310524

„Jailhouse Rock“ е насловот на албумот на единствениот македонски Елвис Присли, Ване Црнгаров, а беше промовиран вчера, (понеделник, 17. јули 2023 год.) во култното скопско музичко кафуле „Аудиокултура“. Албумот содржи осум песни - кавер верзии и е втор албум, кој досега го има снимено Ване со песни на кралот на рокенролот. Ване, кој и физички неверојатно личи на Елвис Присли, на промоцијата дојде облечен во костум, по каков беше препознатлив рок ен рол кралот, за да ја прослави 30 годишнината од неговата кариераво која има снимено три албуми. Првиот е со македонски фолк песни, од кои тој е аавтор на повеќето,  вториот е со песни од Елвис Присли, како и сегашниот со грст познати негови хитови. „Австралиските медиуми се „виновници“, тие ми ја дадоа идејата да го продолжам ликот и делото на Елвис Присли. На почетокот ми беше чудно, кога непознати луге ме застануваа на улица да се сликаат со мене, бидејќи сум бил како Елвис. Оттука и почна се. Ги научивнеговите песни, а со нив го совладав и јазикот, односно акцентот. Тоа се случи на почетокот, бидејќи јас потекнувам од Струмица, но 25 години живеам во Мелбурн. Но, и покрај тоа јас никогаш не ја заборавив Македонија. Секое лето сум тука, а понекогаш и зиме. Така и ќе остане. Без оглед што сум толку далеку од дома, во мене сепак грее нашето сонце, вели Ване и најавува многу идни планови. Но, ова не е единствениот повод, бидејќи Ване го најави и  документарецот насловен како  „Сонцето не грее од сите страни“, посветен на неговиот лик и дело. Документарниот филм го финансираше Ал Џезеира, а ќе биде , премиерно прикажан на 6 август, на филмскиот фестивал „Астер фест“ во Струмица.  Продуцент на документарниот филм е Дејан Милошевски, режија Глигор Кондовски, а документарниот филм е во продукција на „Револушн“. „Ване потекнува од типично македонско семјество, и по душа и по срце. Роден е во село Куклиш, Струмица, во 1974 година. За него најважен е домот и семејството. Но и сонот да стане познат музичар и да го забавува светот. Иако, за некој од таков крај, тоа е речиси и невозможно. Сепак, Ване ќе остане носител на традицијата, но, ќе стане и носител на новото и промените“ - рече водителката Оливера Петрушевска, која е и дел од документарецот и  додаде: „Денес, Ване не го сонува животот, го живее својот сон. Сонот од кој не сака да се разбуди. И, како што ќе каже своевремено Елвис Присли: „„Ако ја сакате музиката морате да и се препуштите„. Така, и македонскиот Елвис Присли од Куклиш верува во моќта на желбата и преку музиката го живее сонот! И, ќе рече: „Најмногу од се, сакам после концерт луѓето да размислуваат за мене, дури и кога ќе заминат дома“  потенцираше Оливера. Ване не е познат само на македонската јавност, туку и е светски познат како единствениот Македонец, почитувач на делото на кралот на рокенролот Елвис Присли.   Тој е чест гостин во австралиските медиуми, а во 2007 години учествуваше на единствениот фестивал во родното место на Присли, Тенеси, САД, каде се натпреваруваат артисти од цел свет.  Во 2017 година исто така беше единствениот Македонец кој настапи во Лас Вегас и секако единствениот кој имаше можност за средба со неговата ќерка Лиза Мери Присли во Мелбурн, како и со дел од членовите на неговиот бенд, додека престојуваше на фестивалот. Како македонски Елвис Присли тој ја имаше можноста да биде дел од филмот „Знаење“, во кој главната улога ја толкува Николас Кејџ, а и еден од ретките кој ја имал можноста да се дружи со дел од познатите холивудски актери.  ]]>

Во понеделник во „Аудиокултура“ промоција на новиот албум „Jailhouse Rock“ на Ване Црнгаров: Македонскиот Елвис со своја верзија на песните на кралот на рокенролот https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ponedelnik-vo-audiokultura-promotsija-na-noviot-album-jailhouse-rock-na-vane-tsrngarov-makedonskiot-elvis-so-svoja-verzija-na-pesnite-na-kralot-na-rokenrolot/ Fri, 14 Jul 2023 06:25:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310310

Во понеделник (17.07.2023) во 12 часот во „Аудио култура“   ќе се одржи промоцијата на новиот албум на Ване Црнгаров, попознат како единсвениот македонски Елвис Присли.Овој албум содржи осум песни од кралот на рокенролот, а е насловен како „Jailhouse Rock“.   Ване во својата музичка кариера Ване има снимено три албуми. Првиот е со македонски фолк песни, од кои тој е автор на повеќето, вториот е со песни од Елвис Присли, како и сегашниот со кавери на познати негови хитови. Втор повод за средба со новинарите е и документарецот насловен како „Сонцето не грее од сите страни“, посветен на неговиот лик и дело. Документарниот филм е финансиран од Ал Џезеира, а ќе биде , премиерно прикажан на 6-ти август, на филмскиот фестивал „Астер фест“ во Струмица. Продуцент на документарниот филм е Дејан Милошевски, режија Глигор Кондовски. Документарниот филм е во продукција на Револушн. Ване не е познат само на македонската јавност, туку и е светски познат како единствениот Македонец, почитувач на делото на кралот на рокенролот Елвис Присли. Во 2007 години учествуваше на единствениот фестивал во родното место на Присли, Тенеси, САД, каде се натпреваруваат артисти од цел свет. Во 2017 година исто така беше единствениот Македонец кој настапи во Лас Вегас, па ќе ви раскаже за средбата со неговата ќерка Лиза Мери Присли во Мелбурн. Ване беше и дел од филмот „Знаење“, во кој главната улога ја толкува Николас Кејџ. Во живо ќе имате можност да ви раскаже за средбите со музичарите од бендот на Елвис, неговиот бодигард, неговата љубовници и други холивудски актери.]]>