ване петковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Sep 2023 05:40:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ване петковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татјана Лазаревска е – „Жена хероина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-e-zhena-heroina-video/ Mon, 11 Sep 2023 12:58:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317459

Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски како во добрите стари времиња во четвртокот вечерта ( 7-ми септември 2023) ги собраа колегите, пријателите, најблиските и новинарите на дружба во познатата „Камин Кама„ меана на нивниот колега Трајче „Мајка“ Толевски, на задничка дружба, која беа промовирани две нови песни. Како што ветија така и направија, Тања и Новица ја исполнија мисијата во престојот во татковината, и на публиката им подарија две нови нумери, кои и тоа како ќе допрат до публиката. Песната „Љубов ни е име“ сите имаа можност да ја слушнат на последното издание на „Охрид фест“, каде ја добија новинарската награда, а ја отпејаа во дует, кој претставува нивен втор заеднички проект. Втората песна е насловена „Жена хероина“, поп фолк балада, која ја изведува Тања, песна во која нема жена која нема да се пронајде. „Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна балада, со многу силна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде“, рече Тања. „Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина Македонија и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме: Америка, Канада Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика и земја“  порача Тања. Спотот за песната го изработи Ване Петковски, а истиот е снимен на неколку атрактивни локации во нашот македонски езерски бисер Охрид, во продукција на „ИН ТВ“. Инаку Автори на „Жена хероина“ се Борче Димитров, кој ја направи музиката, додека стиховите ги напиша Орце Зафировски, а истата снимена е во студиото на Горан Милошевски, кој го направил аранжманот. Се работи за една исклучително емотивна фолк балада, во која веројатно ќе се пронајде секоја жена... Опишувајќи ги чувствата, мислите  и внатрешната борба и кога е најубаво и кога не и оди, кога тагата надолу ја влече, а секоја солза како жар ја пече, таа одново наоѓа сила како Феникс да се крене на нога... како вистинска хероина која отсекогаш тоа и била. Мелодија ко0а длабоко допира во душата и стихови со кои многу припаднички на понежниот пол ќе се соживеат и ќе речат како да се автобиографски... Како да се токму за нив напишани! Затоа внимателно преслушајте ја оваа фолк балада на Татјана Лазаревска и проследете го видеото... Можеби токму некоја од вас ќе ја препознае во себе нејзината „Жена хероина“. ]]>

Кога Стојне Николова дава ишарет со… „Око мое“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-stojne-nikolova-dava-isharet-so-oko-moe-video/ Wed, 19 Dec 2018 12:49:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64048

Динамитната струмичанка, Стојне Николова има нова песна и видеоспот за неа. Овој пат телесните атрибути и сиот свој сексапил ги заменила со играта на погледите, со говорот на очите кој многу повеќе зборува кога ќе се јави меракот, отколку било кој кажан збор. Токму таков наслов  - „Око мое“ носи и самата песна, чија музика и аранжман ги потпишува постојаниот соработник на пејачката - Бобан Мојсовски, додека стиховите се дело на проверениот лиричар, текстописецот Огнен Неделковски. 
Песната е снимена и продуцирана во музичкото студио „Анастасија“, а во нејзината реализација уште учествувале и Јане Рафаиловски на кларинет и Дуле Божиновски на хармоника.
Видеото за песната е реализирано од Ин продукција, а неговата реализација ја потпишува Ване Петковски. Истото е снимано во просторот на еден од најелитните скопски ресторани „Воденица Мулино“, а во видеото покрај џепната фолк венера и придружната група музичари, се појавуваат и членовите на ансамблот „Студио Фолклор“, кои со својатра изведба ја надополнуваат визуелната слика, давајќи им го потребниот изворен шмек и на видеото и на самата песна, која е реализирана токму во таков стил и амбиент.
Стојнето и овој пат покажа дека подеднакво добро го владе фолклорот - и оној изворниот и овој новосоздадениот, зашто иако се работи за новокомпонирана песна, сепак „Око мое“ во себе ја носи душата на македонскиот изворен фолклор.
Како звучи и изгледа кога Стојне Николова дава ишарет со „Око мое“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=zhD3-JeL9UY
]]>