ване цветанов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Feb 2022 14:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ване цветанов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов го славеа денот на љубовта во Бугарија: Бакнежи во цветно срце во хотелското фоаје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-trifunovska-i-vane-cvetanov-go-slavea-denot-na-ljubovta-vo-bugarija-baknezi-vo-cvetno-srce-vo-hotelskoto-foaje-foto/ Tue, 15 Feb 2022 07:09:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239194

Поранешниот директор на финансовата полиција Ване Цветанов и манекенката, мисица и модел, Дунавка Трифуновска по сите превирања, по се' изглед не престанле да живеат филмски... Само во кој филм ќе бидат во моментот, зависи од денот. Овој пат денот беше Св. Валентин - денот на вљубените, па некогаш вљубените, а потоа земените, па разведените, па повоторно смирени, очигледно одново како да се заљубени!? Имено, откако се земаа пред Прочка минатата година, по само шест месеци бракот им се распадна како кула од карти, со медиумска помпа и статуси по социјалните мрежи, ама затоа пак не мина долго, кога сфатија дека можат да си простат, и повторно да бидат заедно. Можеби не како брачни другари, ама зашто да не како љубовници? А, Денот на вљубените дури и за разведените беше како создаден за споделување на љубов во неограничени количини, зачинета со симпатични подароци и секако, размена на бакнежи. Бакнежот на вљубените гулапчиња е евидентен од нивната објавена фотографија... Единствено е нејасно кој од нив двајца бил така галантен и фин, па  честел љубовен престој во хотелот „Гранд“ во Бугарија, за Св. Валентин? Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/dunavkatrifunovska/vanetsvetanov
 ]]>

Брачната идила на Ване Цветанов и Дунавка – „во оставка“: Функционерот на Фејсбук разводот го најави, мисицата веднаш се огласи, па соодветно му возврати (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/brachnata-idila-na-vane-cvetanov-i-dunavka-vo-ostavka-funkcionerot-na-fejsbuk-razvodot-go-najavi-misicata-vednash-se-oglasi-pa-soodvetno-mu-vozvrati-foto/ Wed, 23 Jun 2021 07:25:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207948

Таман помисливме дека со Робет и Агнеса ќе завршат холивудските разводи во Македонија, произлезени од политичко - естрадните бракови од „љубов на прв поглед“, најчесто на џебот, кога еве нова „сапуница“ со несреќен крај?! Како што бомбастично одекна веста кога влегоа во романса македонскиот владин функционер Ване Цветанов и мисицата Дунавка Трифуновска, така сега уште поексплозивно одекна најавата за нивниот развод. Две сродни души од два различни света, на кои таман помисливме дека љубовта им цвета, таа набрзина им прецвета, па експресно овена. До душа оние кои ги познаваат уште при веста за нивната „спојка“ тврдеа дека Ване и Дунавка или ќе траат довека или љубовта ќе им заврши побрзо и од короната... И така бидна! Иако разделбата веројатно се крчкала оддамна зад затворени врати, прв кој ја отвори портата од нивната приватност за да ја соопшти „тажната вест“, беше функционерот. Имено, Ване Цветанов, владиниот функционер на последна функција - претседател на „Советот за унапредување и надзор на ревизијата“ на Република Македонија, не успеа ниту да го унапреди, надгледува, ниту да го ревидира својот брак, па по пет месеци брачна идила помеѓу него и Дунавка, бракот заврши „во оставка“!  Со развод, кој Цветанов го најави јавно, на својот Фејсбук профил со неколку реда образложение за ситуацијата, исто онака, како што функционерите тоа го прават кога ќе „паднат“ од функцијата: „Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.Дунавка е прекрасна личност,искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш... Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена,а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца. Здравје од Бога,во септември се гледаме со огромни институционални успеси“ - напиша Цветанов на Фејсбук. Образложението на Цветанов баш онака „политички исфилувано“, без конкретни причини за „каде пукнала тиквата“, каде лежат недоразбирањата и ненепомирливите разлики за таква леснотија на разводот? Ѓеомити претходно кариерата не ја терал, или ја терал „површно“, ако сега веќе решил да и се посвети „целосно“, како што самиот вели. Веројатно не ќе да е (само) до кариерата, зашто не помина долго време кога етеа, се огласи и понежната половина на доскорешната функционерско-естрадна љубовна двојка - мис Дунавка: „Иако #ФБ не е медиум за мене, како и злоупотреба на моето име во одредени статуси со цел да бидат сензационалистички е одобрен, моите одлуки се истите што ги донесов во јуни минатата година. Истата сум и јас. Мојата одлука дека минатото не треба да ги „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога  ќе биде испочитувано, тогаш можеме да гледаме други епизоди “. До тогаш, господинот треба да им се посвети на своите обврски, неговите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме тоа во локален, европски стил или погубно во идејата „како што вели мама ...“ е личен избор. Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да знае да ги постави своите државнчки интереси пред личните. Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мојот став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајно закажана средба од негова страна,на која не бев информирана дека  ќе биде присутен! Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, го правам тоа маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“ - го возврати „ Фејсбук ударот“ Дунавка и утрово одлета во непознат правец. Судејќи според авиокомпанијата - некаде на море... најверојатно на Црногорското крајбрежје! Расплетот ја доживува својата катарза, најверојатно пред да стапи постбрачното затишје на уште една „љубовна бура“ на две македонски јавни личности. Можеби во  крајот на „љубовната рапсодија“, на сега веќе бившите љубовници Ване и Дунавка, некој ќе најде и нешто што ќе го заинтригира: Мисицата е одново... соло!   Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/dunavkatrifunovska/Ване Цветанов

Дунавка – аптекарка си најде сродна душа во Ване Цветанов: Контроверзната манекенка и „надзорниот ревизор“ се во љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-aptekarka-si-najde-srodna-dusha-vo-vane-cvetanov-kontroverznata-manekenka-i-nadzorniot-revizor-se-vo-ljubov-foto/ Fri, 31 Jul 2020 07:39:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161373

Една од најконтроверзните личности кога се во прашање познатите дами во Македонија, некогашната манекенка и фотомодел инаку фармацевт по професија, Дунавка Трифуновска, одново ја „изненади“ јавноста. Овој пат наместо со скандал и афера, со нова љубов. Позната по „смелите“ изјави во јавноста, скандалите и аферите кои постојано ја следат, а најчесто самата ги предизвикува, Дунавка овој пат смело го отвори срцето за поранешниот директор на финансовата полиција и в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Македонија, не помалку контроверзниот Ване Цветанов! Тие двајцата однеодамна се во љубовна врска и уживаат во нивниот прв заднички одмор на море во Турција, што и едниот и другиот, јавно го обелоденија на социјалните мрежи. Дунавка насмеана од уши до уши, во прегратките на новото момче објавувајќи ја „морската слика на љубовта“, на својот Инстаграм само кусо напиша дека е „среќна со сродната душа“! Цветанов не остана покус да не се пофали со новата девојка, па на својот фејсбук профил беше малку поексплицитен во објаснувањето со кого сега дели постела. И во изливите на емоции во вид на слики и срцевидни емотикони и во зборови... Инаку, Дунавка претходно ја поврзуваа со неколку јавни личности, меѓу кои последно со македонскиот пејач Владо Јаневски, откако таа беше „главна“ во неговиот спот за песната „Главен град на тагата“. Но... по се' изгледа дека се' се сведе само на шпекулација или љубовна афера за „една употреба“. Непосредно потоа естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ“ и ги собра на купче сите нејзини гафови во еден видеоприлог, во кој како последен го паметиме оној со желбата  на Дунавка да се ракува со папата при неговата посета на Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=aybcpY4vpoU Кочанчанецот Ване Цветанов пак беше познат како политички функционер, кого исто така го следеа контроверзи и афери, па дури над глава му висеше и кривична одговорност за аферата „Шпион“. Откако го „смени политичкиот дрес“ и се наклони кон тогаш актуелната власт, Цветанов доби нова функција од тогашниот премиер Зоран Заев. Како и да е, на вљубените гулапчиња нека им е со среќа. Љубовта не познава граници, не признава гафови и афери од минатото, не е условена од функции... Се рабира, ако е вистинска, а одморот во Турција може да биде тестот... Генерална проба за новите љубовници. Во спротивно, ќе се сведе на авантура, а по враќањето дома, Скопје одново може да биде „главен град на тагата“... Што се надеваме дека нема да се случи. Особено заради тоа што уште на прв поглед изгледа дека Дунавка и Ване си се... ептен погодени!]]>