ванчо петрушевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Aug 2023 07:52:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ванчо петрушевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Актерски лик кој нема заборав: Пет години од смртта на Ванчо Петрушевски https://arhiva.vistina.com.mk/raskoshen-telet-za-koj-nema-zaborav-pet-godini-od-smrtta-na-vancho-petrushevski/ Fri, 25 Aug 2023 06:53:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315302

Денеска, 25 август, се навршуваат пет години од смртта на познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски. Почина на 67 годишна возраст во 2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани. Инаку, Ванчо е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии. Познат е по улогите во Македонски народни приказни. Неговите многубројни настапи на естрадата, на радиото, филмот и телевизијата, со неговиот талент, умешност, шарм, го прават една од најпопуларните личности во земјава и пошироко. Во 2016 година ја доби Државната награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата. извор:курир.мк]]>

Две години од смртта на Ванчо Петрушевски https://arhiva.vistina.com.mk/dve-godini-od-smrtta-na-vancho-petrushevski/ Tue, 25 Aug 2020 09:22:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164640

Познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски, почина на 67 годишна возраст на 25.08.2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани. Денес се навршуват две години од смртта на легендарниот актер. Инаку, Ванчо е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии. -Ванчо беше насмевката. Тој најмногу не веселеше. И на претставите, и по нив, и додека се збиравме овде во бифето на Драмски театар да играме табла, изјавил минатата година Мешковски во интервју за „Женски магазин“ . Актерот Гоце Тодровски раскажа оти викендичката во Орешани била омиленото место на Ванчо, а Тодоровски од тага веќе никогаш нема да стапне таму. -Ванчо Петрушевски ни беше како Ален Делон во друштво. Девојките многу го сакаа. Ние останатите се влечевме по него, па така и ние по некоја девојка ќе фатевме, изјави своевремено Тодоровски. Гоце вели дека со Ванчо поминал 54 години. „Повеќе бев со него отколку со себе“, кажа Тодоровски на комеморацијата во Драмски театар, реченица која ги трогна присутните. Легендарниот актер кој за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“ доби награда за фестивалот за театарски игри „Војдан Чернодрински“ , вели дека со Петрушевски бил другар од шесто одделение. Уште од тогаш, правеле детски претстави во училиште, на родителските средби. -Јас бев одлилен ученик, Ванчо послаб. Но, секогаш се вадеше на неговиот шарм и на снаодливост па и тој добиваше добри оценки. Тодоровски тогаш додаде дека поради Петрушевски и тој станал актер. -Ванчо ме натера да се запишам на Факултетот за драмски уметности, да не беше тој, ќе си бев градежен инжинер, рече актерот. извор: курир.мк ]]>

Во чест на Ванчо Петрушевски: Мини олимпијада во риболов https://arhiva.vistina.com.mk/vo-chest-na-vancho-petrushevski-mini-olimpijada-vo-ribolov/ Sat, 13 Jul 2019 09:10:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97500

Во чест на страствениот риболовец и доаејен на македонска глума Ванчо Петрушевски, во септември за првпат во Македонија ќе се организира Мини олимпијада во риболов со 5 спортски риболовни дисциплини.
-Се крчка мини рибарска олимпијада во риболов. Во септември за првпат во Македонија се организира Мини олимпијада во риболов со 5 спортски риболовни дисциплини во чест на страствениот риболовец и Доаејен на македонска глума Ванчо Петрушевски. Ќе бидат застапени повеќе спортски риболовни дисциплини: крап;пливка;мушица;спин и натпревар во подготвување на рибна чорба. Бистро!]]>

Комеморација во Драмски театар: Ванчо остави аманет за наредните генерации македонски глумци https://arhiva.vistina.com.mk/komemoracija-vo-dramski-teatar-vancho-ostavi-amanet-za-narednite-generacii-makedonski-glumci/ Mon, 27 Aug 2018 10:55:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44855

Tвоето ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, зошто твојот уникатен талент и актерското мајсторство не можат да се копираат. Ванчо, му остави непроценливо наследство, особено на Драмски театар, со твоите неповторливи ролји, истакна в.д. директорот на Драмскиот театар-Скопје Сашо Тасевски на комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина завчера во скопското село Орешани. – Заедно со твојот Гоце, со Ѓокица, Дади и Мешко, со Кате и Милица, Ненад, Коле, Чоре и останатите бардови на Драмскиот театар испишавте историја и оставивте голем аманет за наредните генерации македонски глумци, рече Тасевски. Според него, Ванчо секогаш ќе биде втемелен во сеќавањата на неговите колеги и во колективната меморија на македонскиот народ. – Драмски ти благодари за твојот блесок и твоето присуство на нашата сцена и зад нејзините кулиси во изминативе 40-тина години. Вечна ти слава, рече Тасевски. Актерот Гоце Тодоровски потсети на животот и делото на Петрушевски, за одиграните улоги, настапи, награди, за неговата умешност и шарм, зборуваше за неговата пасија-сликарството, за викендицата во Орешани… – Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност, со виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени театарските гледачи и тие стануваат негови обожаватели. Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на ислучителни актери. Во реализацијата на неговите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус со бараната и добра мерка, рече Тодоровски, додавајќи дека со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години. Актерот Кирил Андоновски пред комеморацијата потсети на Македонските народни приказни, каде играле заедно со Петрушевски. – Не само во комедијата, Ванчо умееше и драмски ликови многу убаво да игра, беше сестран. Го знам како мајстор со години, нема што не знае да направи. Тоа е некој несреќен случај, но како се случи… Важно е дека го изгубивме Ванчо, Ване, Иван, Рамче, напомена Андоновски. Благоја Чоревски изјави дека со Петрушевски се познавале повеќе од 40 години, од студентските денови, од театарските години, од снимањето филмови… – Ванчо беше извонреден актер, извонреден пријател, извонреден човек. Навистина беше таков и му благодарам на Бога и на животот воопшто што ме споија со него, што можев да играм, што можам да се сеќавам на него, на се убаво, рече Чоревски. До семејството на Петрушевски пристигнале голем број телеграми со сочувство, меѓу кои од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за култура Асаф Адеми, од негови колеги, режисери… На комеморацијата во Драмскиот театар во Скопје присуствуваа семејството, пријателите, колегите и неговите обожаватели кои со него се збогуваа со громогласен аплауз. Извор: МИА]]>

„Помислив дека и ова е една од твоите шеги“: Колегите со последно збогум за Ванчо Петрушевски https://arhiva.vistina.com.mk/pomisliv-deka-i-ova-e-edna-od-tvoite-shegi-kolegite-so-posledno-zbogum-za-vachno-petrushevski/ Sat, 25 Aug 2018 14:50:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44700

Ова августовско попладне јавноста беше шокирана од веста дека актерската легенда Ванчо Пертушевски трагично го заврши животот наводно од струен удар. Колегите на познатиот македонски актер во неверување се простуваат од својот драг пред се пријатл и колега со кого одиграле многу улоги и поминале доста вереме. Актерот Рубенс Муратовски во својот статус за последно збогум напиша дека кога ќе ги отиде глумец од неговото детство, си оди и дел од него.
Роберт Вељановски пак помислил дека и ова е една од шегите на Ванчо по кои беше познат.
Јелена Жугиќ напиша дека ќе се сеќава на секоја заедничка претстава и дружба.
За Драган Спасов –Дац  добрите глумци како Ванчо никогаш не умираат.
Од Петрушевски се прости и Тони Михајловски:
]]>

Трагично заврши животот на Ванчо Петрушевски! https://arhiva.vistina.com.mk/tragichno-zavrshi-zivotot-na-vancho-petrushevski/ Sat, 25 Aug 2018 14:11:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44694

Медиумите и социјалните мрежи се преплавени од веста дека македонскиот актер и доајен на Драмскиот театар во Скопје, Ванчо Петрушевски (67) починал. Засега е познато дека животот на Петрушевски згаснал најверојатно поради струен удар во неговата викендичка во Орешани. Итната медицинска помош не можела да му помогне на настраданиот актер, а случајот е потврден и од МВР. Колегите на легендарниот актер преку статуси на своите профили во неверување се простуваат од својот пријател и колега. -Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар. Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично.
Има добиено и значајни награди како: „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски. Потоа во 1987 година е прогласен за најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“, а исто така ја добил и наградата за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“. Ја доби и онаа за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Д. Ковачевиќ, како и државната награда 23-ти Октомври за остварување во областа на културата и уметноста  во 2016 година.  ]]>