ванчо богов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Jan 2023 13:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ванчо богов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МКЦ повторно на мета на партиски мегдан: Директорот сменет зашто одбил да потпише вработување за Бени Шаќири? https://arhiva.vistina.com.mk/mkts-povtorno-na-meta-na-partiski-megdan-direktorot-smenet-zashto-odbil-da-potpishe-vrabotuvane-za-beni-shakiri/ Wed, 18 Jan 2023 12:19:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284832

„Почитувани, Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста. Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири. Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција. И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ. Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повотрно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата“. Ова се вели во соопштението кое во вид на јавна објава од Програмскиот колегиум на МКЦ, денес осамна на нивната официјална Фејсбук страница. Дали и колку има вистина во целата приказна, дали е во прашање меѓупартиска пресметка или поточно одмазда, или има други мотиви за чинот на смената, на ред е да се изјасни  градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на чија иницијатива се сменети и уште неколку други директори на јавни претпријатија во Скопје. Патем, против рокерот Бени Шаќири кога имаше најави за негово евентуално назначување за директор на МКЦ во 2019 година, имаше петиција во вид  на отворено писмо до тогашниот премиер Зоран Заев, наводно покрената од поединци од МКЦ за која се велеше дека е поддржана од дури 251  граѓани од културно-уметничката сфера. „Да не бидеме сфатени погрешно, ова не е е негативна пропаганда кон господинот Арбен Шаќири, кој деновиве веќе отворено ја прославува новата функција (директорско место во МКЦ Скопје). За него имаме максимална почит како музичар кој повеќе децении работи и опстојува во земја како Македонија. Но повеќе од очигледно е дека господинот Шаќири го нема ни оддалеку потребното искуство да раководи со институција која се занимава со комплексните потреби на независната сцена, чиј дел тој не е, ниту пак кога било имал интерес да биде“ - беше меѓудругото тогаш наведено во отвореното писмо.    ]]>