валентино скендеровски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Sep 2021 12:13:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png валентино скендеровски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мартинијан Кириловски со награда на „Макфест“ ја овековечи својата – „Вистина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martinijan-kirilovski-so-nagrada-na-makfest-ja-ovekovechi-svojata-vistina-video/ Mon, 20 Sep 2021 12:09:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219809

На 36-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2021“ се одржа изминатиов викенд во Штип, младиот пејач Мартинијан Кириловски го освои второто место.
Неговата песна „Вистина“ веќе ги освои симпатиите на публиката не само во салата на домот на културата во Штип, и онаа на малите екрани која го следеше ТВ преносот, туку таа наголемо се врти и на радиостаниците, а видеото има бројни прегледи на Јутјуб. Текстот и музиката се на Ристо Самарџиев, а аранжманот го потпишува Давор Јордановски. Пресреќен заради наградата, Мартинијан е полн со емоции и впечатоци по заслуженото признание. „И покрај тоа што знаев дека настапот ќе биде одличен, проследен со силна позитивна енергија, чувствував и доза на одговорност бидејќи се појавувам како победник на Макфест 2019. На секој изведувач му е важно песната да остане, да се слуша и да се запамети. Остануваат да се слушаат само оние песни кои публиката ќе ги избере по завршувањето на фестивалот. Да бидеме искрени, секој очекува успех на фестивалот, но сепак се изненадив од реакциите и позитивните коментари за песната, но и од втората награда на фестивалот која со задоволство ја прифатив. Се надевам дека „Вистина“ ќе биде навистина слушана песна  и дека ќе стане вистински хит“ - истакна младиот пејач во својата изјава. Инаку песната е снимена и миксана од Давор Јордановски и Валентино Скендеровски кој го потпишува и мастерингот на песната, која е реализирана во неговото музичко студио „Enterprise“. „Вистина“ е визуелизирана и со видео кое го потпишуваат Никола Павловски и Марко Јовановски ( “Revolution Pictures“ ), а режијата е на Никица Јанковски. Како звучи и изгледа вицешампионската песна од последниот „Макфест 2021“, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=bg-34RH4dV0&t=2s[/embed]]]>

Кога актер како Жарко Димоски со песна ќе ве повика – „Ајде да наздравиме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-akter-kako-zarko-dimoski-so-pesna-kje-ve-povika-ajde-da-nazdravime-video/ Thu, 05 Nov 2020 13:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174788

Актерот Жарко Димоски колку добро глуми, толку добро и пее. Всушност, оние кои гледале некои од неговите театрски настапи и преставите во кои се пее знаат дека тоа е така. Жаре особено се истакна за време на карантинската криза кога „Театар Комедија“ на својата „вонредна“ сцена на репертоар имаша чисто музички онлајн настапи на своите актери, со кои им го разубавуваа и разведруваа секојдневието на граѓаните. Своите вокални квалитети ги покажал и докажал и како член на музичкото трио „Equilibrium“, но и на последниот  фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ во Штип, каде Жарко за прв пат сериозно застана на естрадната фестивалска сцена. „Чест ми е да објавам дека конечно ќе се појавам во улога на пејач. Оваа сабота (19 септември) на фестивалот Макфест во Штип за прв пат ќе настапам со песнатта „'Ајде да наздравиме', за чија мелодија и аранжман се погрижи маестралниот Валентино Скендеровски, а текстот е на мојата маленкост. Се потрудивме да бидеме ведри и позитивни во ова време-невреме. Вие ќе кажете дали сме успеале во тоа“ - напиша тогаш актерот на својот Фејсбук. Месец и половина подоцна, Жарко наздравува промовирајќи го видеото за своето фестивалско првенче. И одново со свое ое обраќање во вид на порака: „Приказна за 'артистите'... Oткако ќе се изгасат камерите и рефлекторите... Kога “sвездите” ќе останат сами пред огледалото со сите нивни радости и таги, кога маските ќе паднат, борбата со себеси, потрагата по музите, поставување на прашањето дали воопшто ова беше тоа или не...Оставам на гледачите сами да одлучат како таа “борба” завршува...“ - напиша актерот во описот на видеото за песната кое е снимено во една од гримиорните и на сцената на скопскиот „Театар Комедија“. Него го режирале Емил Петро и самиот Жарко Димоски,  видео едитот е на Емил Петро, а во видеоприказната се појавува и моделот Андреа Јосифова. Како изгледа и звучи кога актерот низ песна ќе ве повика: „Ајде да наздравиме“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=oEvBWTqaFlk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0_zzxcEvLfY4XNxf-c_ChggnLEbr1eg5a8E-BWAfzZUC4ludXaN-AlTsE]]>