валентин соклевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Jul 2021 13:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png валентин соклевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сефедин Бајрамов го врати мирисот на старите шансони и шлагери со – „Може ли“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-go-vrati-mirisot-na-starite-shansoni-i-shlageri-so-moze-li-video/ Tue, 13 Jul 2021 13:02:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210943

Легендата на македонската забавна музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов откако кон крајот на 2020 година  ја промовираше својата песна „Животот и јас“, одново се враќа на естрадната сцена со нов проект. Овој пат неговата нова песна носи наслов „Може ли“ и како и претходната обилува со препознатливи шлагерски ноти, а според амбиентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и почетокот 80-ите години на минатиот век. Познатиот битолски шансониер небега од својот препознатлив стил, музика која царуваше во времето кога тој и неговата генерација беа млади и растеа со неа, па така и сега во своите зрели години кога одвреме-навреме се враќа во музичките води, го негува музичкиот стил на својата генерација, која веројатно ќе биде и главен конзумент на неговите нови песни како што е оваа прекрасна шансона.   Музиката овој пат ја напишал неговиот сограѓанин, композиторот Миодраг Нечак, стиховите се повторно на Валентин Соклевски, додека за аранжманот бил задолжен Дамир Имери. Аудио продукцијата и овој пат му е доверена  на Љупчо Павловски, а песната како и минатата е снимена во музичкото студио „Анастасиија“. Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман нанеколку локации во преубавите предели на Пелистер и Охридското езеро, а спотот и овој пат е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ и неговата „Генерал“ видеопродукција. „Мора да ја споменам и  да и  се заблагодарам на Мартина Давидовска, фото модел, девојка која е позната на модните писти во земјава и странство, која е главниот женски лик во видеото. Се надевам дека ова мое ново стварување ќе го најде патот до мојата сакана публика и пошироко и ќе допре до срцата на они кои со нетрпение ја чекаат промоцијата на оваа неколку месеци најавувана песна, а сакам само малку да откријам дека веќе започнаа работите околу промоцијата на новата песна и спот, а тоа ќе биде нешто ново кај нас, но за тоа потоа. Промоцијата ќе биде по модерните текови на организација на промоции од ваков тип, а како и претходната промоција ќе биде настан за паметење во Битола, вели популарниот Сефко за “Битола њуз“, а вие проследете ги и песната и видеото на македонската пејачка легенда. ]]>

Сефедин Бајрамов ни ги враќа спомените на убавите времиња во – „Животот и јас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sefedin-bajramov-ni-gi-vrakja-spomenite-na-ubavite-vreminja-vo-zivotot-i-jas-video/ Mon, 21 Dec 2020 12:28:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181899

Македонската легенда на забавната музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов неодамна ја промовираше својата нова песна „Животот и јас“ со која според амбиоентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и 80-ите години на минатиот век. Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман во еден убав предел на Јонското море. Музиката и аранжманот се на маестро Кире Костов, текстот на Валентин Соклевски, спотот е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ. Аудиото е снимено во студио „Анастасија“, на кое како тон мајстор и човек што го изработил миксот и мастерингот е потпишан Љупчо Павловски, а музички продуцент бил одново Кире Костов.

За жал, поради состојбата со коронавирусот Сефедин се одлучил на ваква промоција, но како што вели кога ќе се создадат услови за одржување на концерти и промоции ќе има и промоција во живо.

Во меѓувреме, проследете го видеото за неговото последно музичко остварување „Животот и јас“.

https://www.youtube.com/watch?v=EC7juRf-DoY]]>