валандово 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Jun 2022 09:11:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png валандово 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нема збогум“ – ова е последната песна што Ламбе Алабакоски ја испеа непосредно пред да биде притворен (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-zbogum-ova-e-poslednata-pesna-shto-lambe-alabakoski-ja-ispea-neposredno-pred-da-bide-pritvoren-video/ Wed, 08 Jun 2022 13:04:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253550

Македонскиот пејач ламбе Алабакоски кој ја шокираше јавноста откако како осомничен за опожарување на влезната врата на културниот центар на Бугарите во Битола, „Иван Михајлов“ беше приведен, а потоа доби и  седумдневен притвор. Јавноста е поделена околу чинот и неговото приведување, повеќето сметајќи го за херој, патриот, гемиџија кој единствен имал храброст да го направи она што сите го помислувале,  додека оние другите кои се бројно значително помалку, го нарекуваат хулиган, вараварин, пироман... кој е само обичен починител на кривично дело. Додека се чека разврската на случајот и неговата судска завршница, Ламбе останува во седумдневен притвор. Нешто пред да биде приведен, на општо изненадување Ламбе Алабакоски кој цел живот кариерата ја градеше како поп пејач, реши да запее фолк песна на реномираниот фестивал на новосоздадени фолк песни, „Фолк фест Валандово 2022“! Песната со која тој настапи како 19-ти изведувач по ред на фестивалската вечер во Валандово, на 5-ти јуни (недела) е насловена ,,Нема збогум”. Автор на истата е познатиот композитор Миле Барбаровски кој го направил и аранжманот, а пак текстот е на Ѓеорги Барбаровски. Во своето последно интервју дадено за време на фестивалот за „Свет-Австралија“, Ламбе меѓудругото ќе изјави: „Повеќето од она што го слушав за време на живеењето во САД беше македонска музика. Човек кога е далеку од својата земја сфака и разбира и се раѓаат едни нови чувства на носталгичност, на емотивност, на љубов кон татковината, на некои вистински вредности и корен на целиот живот и суштината и животот на секој човек. Ние со семејството сме веќе година и половина преселени тука, во Македонија. Планираме тука и да останеме. Мојот дом е тука, во Македонија“. Проследете како звучеше и изгледаше последниот настап на Ламбе Алабакоски пред да биде приведен и притворен, на годинешниов Фолк фест Валандово 2022: ]]>

Ламбе Алабакоски замина во „народњаци“: Некогашната „М2 “ ѕвезда станува фолкер кој ќе дебитира на Фолк фест „Валандово 2022“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-alabakoski-zamina-vo-narodnjaci-nekogashnata-m2-dzvezda-stanuva-folker-koj-kje-debitira-na-folk-fest-valandovo-2022-foto/ Fri, 03 Jun 2022 07:24:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252940

Некогаш популарниот македонски пејач Ламбе Алабакоски по повеќе од седум години живот во САД каде оформи и семејство, неодамна  реши да се врати во родната Македонија, а со тоа и да се обиде да се врати на истата сцена на која ја започна својата музичка кариера. Момчето од преспанско Љубојно веќе има настапи со еден локален придружен бенд со кој настапува по локалите низ Македонија. На неодамнешната прес конференција на групата „Меморија“ по повод нивниот голем концерт на 11 јуни 2022 на стадионот на АРМ во Скопје, Ламбе дополнително беше најавен дека ќе биде и еден од специјалните гости кои ќе ја загреваат атмосферата пред главниот настан. И додека сите, особено оние што растеле со неговите хитови очекуваа некогашната „М2“ музичка ѕвезда наскоро да ја слушнат со нова песна, Ламбе ги изненади, иако на некој начин ќе им ја исполни желбата. Но, не онаква, каква што посакуваа... Имено, Ламбе Алабакоски на шокантно изненадување на неговата публика, ќе запее фолк песна на реномираниот фестивал на новосоздадени фолк песни, „Фолк фест Валандово 2022“!!? Песната со која тој ќе настапи како 19-ти изведувач по ред на фестивалската вечер во Валандово, на 5-ти јуни (недела) е насловена ,,Нема збогум”. Автор на истата е познатиот композитор Миле Барбаровски кој го направил и аранжманот, а пак текстот е на Ѓеорги Барбаровски. Инаку, Ламбе Алабакоски своевремено беше една од оние  музичка надежи кои излегоа од музичкото шоу за потрага по таленти: „М2 Плеј – Потрага по ѕвезди“ и музичката работилница за „фабрикување нови деца“ на тогашниот менаџер и извршен продуцент Иво Јанкоски и композитрот и музички продуцент, Дарко Димитров. Тој стана познат, но и покрај песните и албумите, неговата кариера никогаш не ги достигна очекуваните височини кои ја минуваат границата и стануваш сериозен играч во музичкиот шоу бизнис. Го имаше тој „пех“ постојано да биде во сенка на мегапопуларниот Тоше Проески, но и на неговата колешка од истиот музички клан, Елена Ристеска, која до крај беше „прва ластовичка“ во нивното „М2“ јато, па „ламбата на популарноста“ на Ламбе кој подоцна остана и без  „М2 ветер во грбот“, полека почна да се гасне. Тогаш, тој го направи веројатно најпаметниот потег – се сврши со својата тогаш нова девојка, денес негова сопруга Магдалена која беше нашинка која живее во Америка, а пејачот од преспанско Љубојно заедно со неговата сакана замина да живее во САД. Оформија семејството во кое  тој и  сопругата  денес ги имаат  и синовите Димитриј и Михаил. Сега, по враќањето од САД дома, Ламбе и се враќа и на музиката. Како она што го запознавме и знаевме - поп пејач или како „народњак“ останува самиот да објасни или времето да покаже! Ќе има или... „Нема збогум“? Дали ТВ снимките од неодамнешните гостувања во некои фолк емисии и дебито на „Валандово“ не се само генерална проба и доказ дека Ламбе сепак го менува и стилот и правецот и жанрот?
Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/lambealabakovski]]>