валандово 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2018 11:56:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png валандово 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фолк-фест „Валандово 2018“ одново во мај https://arhiva.vistina.com.mk/folk-fest-valandovo-2018-odnovo-vo-maj/ Mon, 12 Feb 2018 11:56:08 +0000 http://vistina.mk/?p=12455

Новото издание на фолк-фестивалот „Валандово“ ќе се одржи на 24 и 25 мај годинава, соопшти градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на прес-конференцијата што се одржа минатата недела. „’Фолк-фест Валандово’ опстојува повеќе од три децении и претставува еден од најзначајните фестивали за фолк-музика на Балканскиот полуостров. Почетоците на фестивалот се од 1985 година. Досега на фестивалот имаат настапено најголемите македонски и балкански звезди од фолк музиката, а исто така се имаат испеано и најголемиот дел од македонските фолк хитови“, рече градоначалникот Костадинов. Поради вредносното значење на „Фолк-фест Валандово“, за македонската култура, како и поради неговото долгогодишно обезличување, одлучено е оваа година да се формира програмски совет кој ќе раководи со фестивалот и кој ќе биде составен од врвни професионалци од музичката фела. Членови на Советот се професорот Живојин Глишиќ, пејачот Ефто Пупиновски, композиторот Методија Антовски и културниот работник Ѓоко Павлов. Конкурсот за новокомпонирани композиции е продолжен денес и ќе биде отворен до 28 февруари. Медиумски партнер на фестивалот како и досега ќе биде МРТВ. Извор: Курир.мк]]>