вакцинација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Aug 2021 08:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вакцинација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Македонијо златна… јака ти душа“: Игор Џамбазов ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonijo-zlatna-jaka-ti-dusha-igor-dzambazov-ja-razreshi-ili-samo-odnovo-ja-zagatna-dilemata-do-drzavata-li-e-ili-do-narodot-foto/ Tue, 31 Aug 2021 08:47:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217336

„Каков народ - таква држава“ - вели една позната поговорка, ама дали е баш така, никој не е до крај сигурен во кажаното?! Точно е дека власта си ја бира народот, ама кај нас мора да има некој скриен парадокс, некоја латентна фалинка, штом 30 години вака ни оди како што ни оди со државата, а еден куп власти и владеачки коалиции и се „изнаредија“ на нашава кутра Македонија! Ќе го реши ли проблемот генерален „мастер ресет“ на системот или грешката е во генетскиот код на народот? Прашање или поточно дилема на која никој не може точно да одговори. Најдобар доказ за тоа се и последните примери со новите мерки за ковид пандемијата. Вакцинација, па вакцинација, сертификат и за влез во нужник на првото кафуле ти бараат, ако не дај Боже те спотера среде град, бидејќи јавни тоалети - нема, а за пиење кафе без да покажеш дека си „боцнат“ барем еднаш и муабет да не праиме?! Арно ама, народот е „жив ѓаол“ и не можеш баш така да го правиш „будала“, зашто ионаке веќе доволно „збудален“ од се' што му се случува по сите основи, на сите полиња. Патем, кај нас како што е познато се фалсификуиваат лични карти и пасоши, па за сертификат за вакцинација збор не станува... Само ти посакај. Се разбира на црно, за 50 евренца! Ова ионака е јавна тајна, па јавно го обзнани и нашиот шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил. Со тоа ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? Или ќе да е до двете? Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/pansionprespav  ]]>

За трудниците, оние кои дојат или сакаат во иднина да останат бремени: Марија Јаневска за вакцините и стравот од неплодноста https://arhiva.vistina.com.mk/za-trudnicite-onie-koi-dojat-ili-sakaat-vo-idnina-da-ostanat-bremeni-marija-janevska-za-vakcinite-i-stravot-od-neplodnosta/ Fri, 13 Aug 2021 09:25:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215191

Додека целиот свет е поделен на ЗА и ПРОТИВ ставови за вакцинирање против ковид-19, како особено засегнати по ова прашање се истакнуваат бремените жени, доилките и оние кои планираат бременост. Лажните вести, недоволната информираност или напливот на информации доведоа до премногу теории и страв од вакцините кај оваа категорија граѓани. Марија Јаневска- писателка и дипломиран фармацевт, која во моментов студира молекуларна вирусологија на престижен меѓународен универзитет и неодамна се пресели да живее и работи во Белгија, со детален статус објасни за полемиките околу неплодноста и вакцините. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост: „ЗА ВАКЦИНИТЕ И НЕПЛОДНОСТА“ Во последно време се воздржувам да навлагам во полемики за ковид и вакцините, меѓутоа бидејќи гледам дека никој не е доволно информиран, би сакала да објаснам неколку работи со цел да помогнам на многу од девојките кои се реално исплашени. 1. Нема научни докази за неплодност кај жените. Единствена теорија која антиваксерите ја имаа беше дека Ѕ протеинот на површината на коронавирусот е сличен по структура на протеинот Синцитин-1 (протеин во нашата матка кој е одговорен за задржување и вгнездување на плодот). Теоријата вели дека антителата создадени по вакцинација ќе се збунат и по грешка ќе го нападнат синцитинот мислејќи дека е Ѕ протеинот од коронавирусот и ќе го уништат, правејќи не нас жените неплодни односно неспособни да го задржиме плодот. Велат дека генетскиот код за Синцитинот е премногу сличен на Ѕ протеинот и дека поради тоа антителата ќе се збунат и ќе се врзат за Синцитинот и ќе го уништат. За да видите колку не е сличен, погледнете ја сликичката која ќе Ви ја прикачам подолу. Сѐ што е обележано со ѕвездичка значи поклопување на кодот (сличност). BatRaTG13 e вирусот од кој потекнува коронавирусот. Wuhan е коронавирусот кој прв се појави. HERVW е кодот за протеинот синцитин-1. Единствената минимална сличност е поради тоа што кодот за самиот Синцитин во нашето тело е внесен милиони години наназад со помош на вирус во еволуциското минато. Така го имаме ние кодот за Синцитин-1 во нашиот генетски код. Ваквиот ген има посебен назив и се вика ендоген ретровирусен елемент и по дефиниција претставува ДНК секвенца која потекнува од вирус, а постои во герминативна линија кај не-вирусен организам или во овој случај кај цицач/луѓето. “The gene encoding this protein is an endogenous retroviral element that is the remnant of an ancient retroviral infection integrated into the primate germ line. In the case of syncytin-1 (which is found in humans, apes, and Old World but not New World monkeys), this integration likely occurred more than 25 million years ago. Syncytin-1 is one of two known syncytin proteins expressed in catarrhini primates (the other being syncytin-2) and one of many viral genomes incorporated on multiple occasions over evolutionary time in diverse mammalian species.” Значи синцитинот самиот по себе има вирусно потекло и затоа е до некаде минимално сличен со Ѕ протеинот на коронавирусот. Дополнително, ако ова беше вистина, по таа логика сите жени што прележале ковид и сега имаат антитела треба да се неплодни, не? Тотална глупост. 2. Така гледано, кодот за колаген е далеку посличен со Ѕ протеинот отколку кодот на Синцитинот. Колагенот е протеин кој го има насекаде во нашето тело, тоа не значи дека сите што прележале ковид или се вакцинирани, сега имаат алергии или се исфрлани насекаде по телото/кожата. 3. Дополнително на сите овие факти, во биологијата не е сѐ така лесно, баш напротив организмот има толку многу начини на контрола и ништо не се одвива случајно и по грешка. Прво, за да едно антитело делува крос-реактивно нештото треба да е слично 99%. Ова е случај кај два вируси од исто потекло, на пример два соја на коронавирусот. Доколку имате антитела кон британскиот коронавирус, а Ве зарази јужно-африканскиот или индискиот сој, најверојатно вашите антитела ќе делуваат крос-реактивно и 90% ќе ве заштитат од овие два слични вируси. Зошто? Бидејќи нивниот код е речиси идентичен, односно тие се разликуваат во една или две мутации (една или две букви). Затоа се вели дека вакцините делуваат и покрај тоа што има нови соеви на коронавирусот, зошто новите соеви се разликуваат за “една или две букви”, односно тие се 99% слични со оној вирус за кој сте примиле вакцина. Во биологијата сѐ функционира по принцип на клуч и брава и нашите тела се многу паметни. Не може антителата туку така да одат и да напаѓаат што и да им текне. Ништо не е оставено на случајност. 4. Исто така, дури и да кодовите беа исти, поврзувањето на антителото и рецепторот се случува на протеинско ниво, а не на ниво на ДНК секвенца. Ова значи дека неправилно здиплување на протеинот може лесно да доведе до НЕврзување на антителото со синцитинот. 5. За крај, сѐ ова што ви го набројав се теоретски факти, но постојат и практични докази. Кога почнаа клиничките студии за вакцините многу од волонтерите жени случајно останаа бремени. Овие бремености никогаш не беа прекинати, туку напротив беа земени како шанса за да се истражи ефектот на вакцините врз бременоста и плодот. На кратко, ќе ви набројам процент на спонтани абортуси кај вакцинирани и кај невакцинирани со различните вакцини, и ќе ви оставам линкови од студиите подолу за да прочитате доколку сакате повеќе. линк: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33169234/ Ова не значи дека сега сите трудници треба да се вакцинираат. Напротив, сѐ уште се вели да почекаат до породувањето зошто и овие докази не се доволни за едно бебе кое сѐ уште не е родено. Но, девојки кои дојат или сакаат во иднина да останат бремени нема потреба да се плашат од вакцинација. So, believe in science and get vaccinated!“ - заклучи за крај Јаневска. ]]>

Џенифер Лопез со деколте до папокот апелира за поголема свесност за вакцијација против Ковид-19 (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dzenifer-lopez-so-dekolte-do-papokot-apelira-za-pogolema-svesnost-za-vakcijacija-protiv-kovid-19-foto/ Wed, 05 May 2021 09:13:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201361

Џенифер Лопез периодов а актуелна поради разделбата од Алекс Родригез, како и тоа дека тој ја изневерувал. Сепак, Џеј Ло не могу се фокусира на разните приказни, туку гледа да биде исполнета и среќна како знае и умее. Таа настапи на концертот „Vax Live“ во Лос Анџелес. Целта на концертот е да ја подигне свесноста кај луѓето за важноста од вакцинирање.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Лопез секогаш изгледа одлично, па така беше и сега. Носеше комбинезон со деколте отворено до папокот во кој изгледаше неверојатно секси како и секогаш, а фотографиите се најдоа на нејзиниот Инстаграм профил.]]>

Охридскиот радио и ТВ водител Жанко – Зш во специјален аутфит дојде во Скопје на пелцување: Благодарност до другарот Путин за донацијата, без која ќе ни пропаднеше вакцинацијата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ohridskiot-radio-i-tv-voditel-zanko-zsh-vo-specijalen-autfit-dojde-vo-skopje-na-pelcuvanje-blagodarnost-do-drugarot-putin-za-donacijata-bez-koj-kje-ni-propadneshe-vakcinacijata-foto/ Tue, 13 Apr 2021 08:32:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198706

Вакцинацијата во Македонија конечно почна, па Ковид-19 голготата низ која сите минуваме, очекуваме полека да ги намалува своите размери. Вакцини власта се' уште не набавила, или барем не пристигнале, а она што е пристигнато се донациите од неколку земји и нивните влади. Најмногу од Србија и Русија, нешто од Емиратите кои ќе ја спасуваат ситуацијата, за да не застане вакцинацијата на Заев и Филипче. По здравствените работници, војската, полицајците, пожарникарите... на ред дојдоа и новинарите. До душа само оние повозрасните од 40 години и хронично болните, а познавајќи ја тежината, природата и ризиците на професијата, во неа бргу се губи здравјето... И од вообичаените, хронични болести и особено од короната. Нејсе, меѓу сите кои влегуваат во споменатата новинарска категорија со примат за вакцинирање со руската вакцина “Спутњик V“  и тој... Охридскиот радио и ТВ водител, познатиот Жанко „Зш“ Голабоски се појави во арената „Борис Трајковски“. Организацијата, рака на срце - беспрекорна, а протоколот - испочитуван, па Жанко од Скопје за Охрид се врати уредно пелцуван! При тоа уште со самата појава во салата како што е редот за него, Жанко го привлече внииманието. И со својата специфична појава, ама и со својот уште повпечатлив „ваксинајс аутфит“. Имено, знаеејќи со која вакцина ќе ги вакцинираат новинарите, односно кој тип вакцина ќе прими, охридскиот водител соодветно се подготвил. Специјална маичка со ликот на рускиот претседател, другарот Владимир Путин и натпис: „Се' оди според планот“! За време на имуназацијата, Жанко направи едно-две селфија за спомен и долго сеќавање или фотографии за сопствена докумунтација, па подоцна истите ги сподели на социјалните мрежи. И од она како дома се облекол и подготвил за вакцинирање во Скопје и миговите на за време на вакцинацијата, па на така стокмениот фотоколаж му допишал зборови на благодарност на рускиот вакцинодавател, воедно и руски претседател, другарот Владимир Путин, без чија донација ќе пропаднеше оваа вакцинација: „Благодарност до другарот Путин за вакцинирањето со Спутњик V. Ви посакувам добро и здравје на сите. Ве поздрави Путин и ви посака добро здравје на сите“ - напиша Жанко - Зш на својот Фејсбук профил споделувајќи ги претходно опишаните фотографии. Друг новинар со слична маичка на вакцинацијата како онаа на Жанко со ликот на Путин и натпис: „Се' оди според планот“ - не видовме... Никој не носеше маичка на пример, со ликот на Филипче и натпис: „Сe' е под контрола“! Фото: Фејсбук принтскрин/Zanko Zsh Golaboski  ]]>

Македонските јавни личности и вакцинацијата: Едни едвај ја чекаат за потоа да можат „светот да го гушнат“, други за вакцина не сакаат ни да слушнат (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-i-vakcinacijata-edni-edvaj-ja-chekaat-za-da-mozat-potoa-svetot-da-go-gushnat-drugi-za-vakcina-ne-sakaat-ni-da-slushnat-video/ Mon, 08 Mar 2021 07:58:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192915

Вакцините и вакцинацијата во Македонија станаа мисловна именка. Но и најспомнуваниот поим, нешто што повеќето од народот во него гледа спас на светот,  па со душа го чека како дете роденден, пензионер пензија, работник плата, девојка згоден фраер, играч на среќа 7-мица на лото, џек пот или добивка во обложувалница... И сите чекаат, а од вакцините ништо. Само празни ветувања на власта, премиерот, министерот за здравство... Или поточно некакви смешни количини, дози кои кому попрво да ги делиш „на лажиче“, башка и тие бакшиш дадени како донација или едвај пристигнати и тоа засега толку, колку што се... речиси ништо! Во меѓувреме бројот на заразени рапидно расте, се повеќе починати, се посилен удар по економијата, стопанствениците, по џебот на граѓанините. А ние тапкаме во место, возиме во лер и немо чекаме да се случи чудо, од небо да ни слетаат стотици илјади вакцини. Кој чека, ќе дочека - велат, само се плашиме да не биде дочекот малку повеќе од задоцнет... И со превисоко платена цена со повеќе илјадници животи!? „Дали ќе се вакцинирате од Ковид 19 или не?“ - е можеби најпоставуваното прашање во последно време. Многу луѓе се соочуваат со оваа дилема, а голем дел од граѓаните стравуваат дека ќе нема доволен број вакцини за сите оние кои сакаат да се вакцинираат. Други пак, се скептични во однос на примање на вакцината. Сепак, со оглед на тоа што желбата за враќање на старите патеки и замена на „новото (не)нормално“ со она, старото добро нормално е огромна, најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, направи анкета помеѓу познатите и јавни личности за да го дознае нивното мислење и став во однос на вакцините и вакцинацијата. Одговорите за некого вообичаени, за други пак изненадувачки. Мислењата на познатите се поделени на тема вакцинација. Лила, Таско, Наум Петрески, Андреј-ДНК, Сара Мејс... Македонските јавни личности и вакцинацијата: Едни едвај ја чекаат за да можат потоа „светот да го гушнат“, други за вакцина, не сакаат ни да слушнат. Кој како размислува од анкетираните македонски јавни фаци за вакцинацијата, погледнете од анкетата во видеото на „магазинот од зад сцената“. https://www.youtube.com/watch?v=Bd5T89583p0]]>