в лице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Jul 2023 07:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png в лице – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бугарската пејачка Марија Донова која живее и работи во Македонија им ја плесна вистината в лице на политичарите: „Две години живеам во Скопје, не сум чула лош или навредлив збор затоа што сум Бугарка!“ https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskata-pejachka-marija-donova-koja-zhivee-i-raboti-vo-makedonija-im-ja-plesna-vistinata-v-litse-na-politicharite-dve-godini-zhiveam-vo-skopje-ne-sum-chula-losh-ili-navredliv-zbor-zatoa-shto-sum-bu/ Mon, 31 Jul 2023 07:07:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312009

Марија Донова е по потекло Бугарка, пејачка која последниве години живее и работи во Македонија. Полека се интегрирала во македонското општество и домашната естрада на која е се поактивна со своите појавувања во разни емисии и шоу на различни телевизии, учество на фестивали, разни манифестации, настапи по различнио поводи. Веројатно испровоцирана од последните немили настани  за и по натпреварот Шкупи - Левски во Скопје, но и сето она што ни се случува, што го гледаме и слушаме, сите лаги, провокации и уцени кога се во прашање македонско-бугарските односи и сите вета и условувања на источниот сосед за наша интеграција во ЕУ, пејачката со свој Фејсбук статус ја кажува својата вистина. Реалната слика која ја искривоколчуваат поедини провокатори, одредени политичари и медиуми од обете страни, заради лични, партиски и некакви квазинационални интереси. „Не можам а да не се вклучам и да не коментирам што пренесуваат на бугарските и македонските медиуми! Не можам да молчам овој пат затоа што темата веќе влијае на мене лично! Со целата моја почит кон сите оние фудбалски навивачи, клубови и фанови! Речиси две години живеам во Скопје! Повеќето мои пријатели и роднини знаат што правам и што работам во Македонија. За овие две години, како Бугарка никогаш не се чувствував лошо третирана од луѓето кон мене… Никогаш не сум слушнала лош или навредлив збор против мене, затоа што сум Бугарка! Од други Бугари што доаѓаат во Македонија никогаш не сум слушнала дека биле лошо пречекани од Македонците, или на граница или во некој естаблишмент. По настаните на претепаниот Бугарин во Охрид (кој испадна Македонец со бугарско државјанство), свиркањето на бугарската репрезентација на скопскиот стадион пред извесно време и гледањето на денешниот настан со Левскарите, се прашувам само едно…. Кој ве плаќа да ги правите сите овие провокации и циркуси и да создавате слична тензија меѓу братски народи? Што добивате од целата оваа вештачки создадена омраза едни кон други? Ако Македонците навистина тепаа Бугари по улиците во Охрид и кршеа коли со бугарска регистрација по скопските улици, тогаш две години ќе ме тепаа и малтретираа психички и мене. Само едно последно нешто ќе кажам од секојдневната комуникација со Македонците низ цела Македонија, а тоа е дека не ги мразат Бугарите како народ, тие ги мразат бугарските политики, како што ние самите ги мразиме.  Уште еднаш, убедена сум дека денес,  овие фудбалски навивачи се платени од друга политичка партија да поттикнуваат уште една тензија меѓу нашите народи, чисто медиумски, затоа што во реалност оваа тензија не постои. И секако, кога ќе бараш беља и проблем, ќе ги најдеш! Ниту еден нормален човек не би отишол во туѓа земја и да  провоцира. Можеби да правев постојани провокации, ќе ме дадеа и на вести! Не можам да изберам од што повеќе да се срамам.. Дали од моите „образовани“ и „културни“ сонародници или од нашата историја? Знам само едно – сакам да живееме во мир, разбирање и меѓусебна почит!“ - споделила пејачката на социјалните мрежи.
Нејзиниот статус разбирливо, веднаш наиде на лавина од различни реакции... Дел позитивни, дел, негативни, но оние што навистина ја разбраа што сака да каже - ја сфатија правилно! Затоа токму на нив Марија уште еднаш јавно им се заблагодари, дополнително потенцирајќи дека само интилигентните сфатиле дека не зазема ничија страна... Освен онаа, на правдината.
„Ви благодариме за поддршката и разбирањето! Читајќи ги коментарите, изгледа дека само интелигентни луѓе разбрале дека не заземам ничија страна! Ги сакам двете мои земји, на овој или оној начин! Има добри и лоши луѓе во двете земји! Вака светот блеска низ целата земја! Искрено ми е жал за засегнатите луѓе кои некако завршија на погрешно место во погрешно време! Го споделив со вас она што го гледам цело време кога сум таму! Некои ме нападнаа во коментари, но ова се луѓе кои едноставно не сакаат да ја прифатат другата вистина! Останатите, широкогради и здравомислечки луѓе ме разбраа уште од прва! Ви благодариме за поддршката!“ - дополни пејачката на својот Фејсбук! Па кој ја разбрал - разбрал, кој не... ќе остане да живее во заблуда!   Фото: Фејсбук и Инстаграм/marija.donova  ]]>

Слаткар извади нова песна, а жена му Сања „му го плесна“ в лице: „Бога ми и ти си безобразен“! https://arhiva.vistina.com.mk/slatkar-izvadi-nova-pesna-a-zena-mu-sanja-mu-go-plesna-v-lice-boga-mi-i-ti-si-bezobrazen/ Tue, 01 Feb 2022 09:36:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237014

Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, има нова песна. Музички ништо поразлична од она што и досега го туркал како свој стил, стиховно исто така, со една мала разлика... Овој пат „вулгарноста во лириката“ кај Слаткар е прилично експлицитна. Не дека и порано не знаел да поттури по некој безобразен збор или фраза во своите стихови, ама овој пат по се' изгледа Слаткар ја претера. Уште самиот наслов - „Безобразна си ти“ наговестува какви стихови можете да очекувате уште на прво слушање.  Колку и да сакал „уметнички да ја долови атмосфератата“ употребувајќи уличен жаргон, кога некому „не му чуе“ за тебе и твоите емоции и чувства кон него, уличниот жаргон на  „поетот“  овој пат звучи прилично „уличарски“! Вулгарно и непримерено за песна и изведувач кој го слушаат помладите генерации е да употребува експлицитни зборови во кои се споменуваат женски гениталии... Колку целта и да била намерно „безобразно да звучи“, „поетот“ морал да води сметка за границите на пристојноста во изразувањето на емоциите. Не дека „децата“ не знаат, ама не е во ред од ниту еден аспект така да се „стимулираат“! Конечно, кога сопствената жена  ќе те искритикува на социјалните мрежи, па јавно „ќе ти го плесне“ в лице: „Бога ми и ти си безобразен“, мораш да сфатиш дека си „поразен“, оти си ја претерал... Освена ако не си до таа мерка вообразен и самобендисан, ниедна критика да не те допира, па навистина „баш те боли за вас, за сите нас...“! Велат било диктатура кога „поетот“ во својот слободен поетски израз треба да поодлежи на цензура, што е точно... Но, кога тој онака сочно во својата песна експлицитно се расфрла со гениталии и вулгарности, неговите стиховни баналности наместо поетски романтизам, добиваат карактеристика на бестиален примитивизам,  попознат како шунд! Фото: Инстаграм принтскрин/sanjanikolic/You Tube/Slatkaristika - Bezobrazna si ti]]>

Лазар Темелков на „државопогубните“ политички полтрончиња им ја плесна вистината в лице: „Доаѓа фајронт, со него и сметката, а секоја сметка се плаќа, макар напишана на партиски парагон“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazar-temelkov-na-drzavopogubnite-politichki-poltronchinja-im-ja-plesna-vistinata-v-lice-doagja-fajront-so-nego-i-smetkata-a-sekoja-smetka-se-plakja-makar-napishana-na-partiski-paragon-foto/ Wed, 21 Oct 2020 06:35:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172331

Јавноста го памети како еден од најдобрите ТВ презентери на ТВ дневникот во Македонија на сите времиња... Уште со својата појава од времето на А1 телевизија,  потоа преку Канал 5, ТВ Алфа, Радио Слободна Македонија (РСМ) и сега одново ТВ Алфа… И не само како радио и ТВ спикер, туку и како новинар и уредник на вестите. Лазар Темелков или како што колегите го нарекуваат Лазе, не е од оние ТВ ликови кои сакаат да се експонираат надвор од работата и повеќе од потребното. Тивок, скромен, повлечен, навидум, безуст... Но, секогаш цврст, темелен, со свој став, свое јас, кое како по правило кореспондира со фактите, со вистината и реалноста, која неретко знае да им ја „плесне в лице“ на оние кои тоа го заслужуваат, колку таа и да била „болна“ за нивното его, поразителна за нивната личност, срамна за нивното име. А такви во денешно време - колку сакаш... Особено помеѓу политичарите, најмногу оние од власта и владеачката партија. Оние кои себе си се сметаат за „државотворци“, а всушност се срамни „уставокршачи“ и бесрамни „државоуништувачи“ на сите прмакедонски придобивки... Од „Илинден“ и „АСНОМ“, па преку „8-ми Септември“ се' до ден денешен... Растурикуќи  од „Рамковен“ до „Преспански“...! Токму ним, на вазалите на „новиот поредок“ и нивните слуги, на  државопогубните“ политички полтрончиња Лазе им ја плесна вистината в лице со брилијантен Фејсбук статус на својот профил на оваа социјална мрежа. Нешто како „колумна на својот личен медиум“, во која Темелков темелно го опишал карактерот на нивната личност, нивните цели, афинитети, желби, навики...
„Дно - дна“ нивото на денешните политичарчиња и лижачи со власта и нивното единствено „Свето тројство“  во кое тие веруваат и се крстат додека ја распродаваат Македонија... За гага фенси кафеана, ескорт фуфла и службен Ај Фон... Впрочем прочитајте го статусот на Темелков... Се чита во еден здив, а потоа долго се размислува. Време е да се сепнеме, кому овој народ му ја довери власта и даде државата в раце? Можеби  некој од нив и ќе се замисли? Ако воопшто има со што да мисли?! За сонувачите на „Светото тројство“ „За единственото Свето тројство во кое тие веруваат и се крстат ја продаваат Македонија. Гага фенси кафана, ескорт фуфла и службен Ај Фон. Тука се затвора нивното тројство. Се останато е добредојдено. Ја продаваат државата за службен автомобил, како врвен доказ пред некогашните соседи дека овој пат успеале во животот. Постепено ги проретчуваат викенд посетите во родниот крај, во обид да се убедат дека минатото било само лош сон. Изјава пред камера? Десетици пати ја враќаат и заедно ја анализираат со невестулчето кое штотуку се вратило од фЛизер во новиот град. Ја продаваат државата за пура на која ниту името не знаат да и го изговорат. За Сингл Малт кој не им клизи како жолтата која се уште кришум ја пијат дома. За Просеко или евентуално поскапо пенливо вино, кои не се како Смедеревката и газираната вода, но зошто да не, кога друг платил. За минливото самозалажување дека се важни и од нив нешто зависи. За благонаклониот поглед на шефот во кој тие читаат: " Ти си столбот на партијата." Свесни дека ништо од горе наведеново не би можеле да помирисаат, доколку не плакатареле во име на "државотворната" партија и цинкареле и коленичеле пред слични на нив, не гледаат дека доаѓа време за " ко је појео и попио нек изаџе из кафане". Доаѓа фајронт, а со него и сметката. Секогаш на крајот се носи. Ќе им ја донесе шефот, ист како нив, дополнително и политички фрустриран. Но, во оваа сметка нема бројки. Има куси насоки: уништи, урни, поништи, избриши... Секоја сметка се плаќа, макар напишана на партиски парагон. Ништо не е бесплатно. Ќе платат и тие, со тоа што може да го понудат, со контаминираната душа, со површноста со која обилно се надарени и со интегритетот што го немаат, а и никој не го бара од нив. Ќе платат, без збор, со надеж дека ќе го задржат нивното Свето тројство. А кога кафаната конечно ќе затвори, најголем дел од нив ќе се вратат таму од каде што дошле. И со старата добра ракија и вино во пластика ќе се потсетуваат колку се било добро во нивно време. Ќе се редат полупијани разговори, се до случајното гледање на некои вести. По првичниот молк и неверба, некој ќе се осмели да праша - "Чекај, како ова? Па кој ја растури државата? " Некои од нив што разбираат од срам , ќе станат и ќе ја напуштат масата. А шефот? Добар е, во потрага по нови сонувачи за Светото тројство, без чија поддршка нема да може да ја спроведе следната распродажба на државата“ - напиша Темелков во својот фејсбук статус!
]]>

Огнен Здравковски отворено и се додворуваше, порталот побрза да ги прогласи за љубовници, ама Ноне и на едните и на другите… јавно „им го плесна в лице“! https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-javno-i-se-dodvoruvashe-portalot-pobrza-da-gi-proglasi-za-ljubovnici-ama-none-i-na-ednite-i-na-drugite-im-go-plesna-v-lice/ Fri, 14 Aug 2020 08:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163275

Естрадата, социјалните мрежи и порталите - свето тројство,  во „чудна симбиоза“, кое последниве години, со појавата на последниве два начини на комуникација и извори на информација, ја доведоа целата ситуација во таков заплет, што понекогаш ни самите не можат да се отплеткаат во конците што ќе ги „замрсат“! Најновиот пример - најдобар доказ како потврда на непишаното правило. Или барем така се обидоа да го прикажат, а при тоа и самите да се излажат... Или барем залажат. Имено, на младиот македонски пејач Огнен Здравковски, откако добро помина на музичкиот натпревар во „Ѕвездите на Гранд“ му порасна популарноста, па му „скокнаа и акциите“... А со тоа и самодовербата! Во моментов Огнен има нова песна и видео „Љуби ме“, ама и за жал, има и корона, односно е позитивен на вирусот Ковид-19, па мора да се лекува во самоизолација. Но, тоа не значи дека е отсечен од јавноста, зашто социјалните мрежи му се при рака за комуникација со „остатокот на светот“. А токму од целиот свет, Оги ја најде некогашната колешка, најшетаната велешанка Нона Неделковска, која заради силата на нештата со корона пандемијата, наместо на прекуокенаските крузери да го крстосува светот, како што тоа го прави послединиве 6-7 години, сега мора да седи дома - во родниот Велес. А кога си дома и без обврски, здодевноста и монотонијата меѓудругото ги разбиваш со „прошетка“ по социјалните мрежи на кои двете сродни, распеани души се среќаваат. И тука почнува нивната комуникација, проследена со обид за присна блискост од страна на помалиот по години, кон помалата по висина. Имено, Огнен почнува „на шега, на смеа“ ( иако во секоја шега и половина вистина има), јавно да и се додворува на Ноне. Комплименти, „срциња“, „јаготки“, „детелинки“, „бакнежи“ и какви ли уште не емотикони се разменуваат од обете страни, особено од „загреаниот распеан клинец“ кој отворено почнува да покажува симпатии кон македонската музичка џепна венера. Тоа еден македонски портал го забележува, па како што самите објавиле, по принципот: „Каде што има дим има и оган“, побрзале Оги и Ноне да ги прогласат за момче и девојка, односно за нова естрадна љубовна двојка!? Арно ама... Како прво, „дим“ има од Табановце нагоре, а кај нас има „чад“... А и не секогаш „каде што има чад, има и оган“! Зашто, како што вели една друга поговорка: „За танго се потребни двајца“! И додека младиот пејач така „подзапален“  се обидува да го разгори љубовниот оган, а порталот веќе прогласи „љубовен пожар“, Ноне набрзина направи и едниот и другиот „да исчурат“. Имено, екс пејачката само со еден, единствен Фејсбук  коментар „ги олади“, со тоа што и на едните и на другите отворено „им го плесна в лице“: Ќе ве молам да не ширите дезинформации!“ - културно ги предупреди велешанката, давајќи им на знаење дека кога е таа во прашање, за својот емотивен живот, самата одлучува!    ]]>

Додека Огњен Амиџиќ ја одјавуваше емисијата Катерина Грујиќ му залепи торта в лице! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-ognjen-amidzikj-ja-odjavuvashe-emisijata-katerina-grujikj-mu-zalepi-torta-v-lice-video/ Wed, 12 Feb 2020 10:45:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133810

Огнен Амиџиќ во своето „Ами Џи“ шоу го дочека и тоа: Да добие торта во лице во жива емисија. Имено, додека водителот ја одјавуваше емисијата, пејачката Катарина Грујиќ која беше една од гостите во шоуто, му подготви незгодно изненадување. „Ти многу добро знаеш дека не е крај кога ќе го кажеш тоа, туку кога ќе кажам јас. За сето ова што го направи, за сите јавни личности, за мене. За секој пат што сите не мачкаше со се'  и сешто, мислам дека дојде време  за одмазда... за реванш“ - рече таа и му ја залепи тортата на Огњен в лице. Водителот беше шокиран од гестот на неговата гостинка, која во тој момент го напушти студиото со насмеано лице. Како  Амиџиќ го сфати сето ова, како шега или не сакаше да покаже дека не му е сеедно, па се пошегува на своја сметка... само тој си знае!
 
View this post on Instagram
 
Pokušao je da odjavi emisiju ali je to ipak odradila pevačica nakon što ga je totalno ŠOKIRALA!

A post shared by Silly Telly (@silly_telly) on

Гавазова влезе во теретана, а фановите божем со „комплименти“: Сакајќи да ја пофали – „и го плесна“… в лице! https://arhiva.vistina.com.mk/gavazova-vleze-vo-teretana-a-fanovite-bozem-so-komplimenti-sakajkji-da-ja-pofali-i-go-plesna-v-lice/ Fri, 23 Feb 2018 09:01:24 +0000 http://vistina.mk/?p=13752

Сузана Гавазова по новогодишниот и божиќниот престој во Македонија, се врати во Шведска каде што живее со својот сопруг и децата. Очигледно огледалото, а можеби и вагата покажаа дека дома најубаво и најмногу се јаде, особено апетитот е на ниво околу, за и по Нова Година и Божиќ. Чарето - познато. Затоа згодната фолкерка едно доаѓање во Шведска, се упати - право во теретана!
Не дека е кој знае колку здебелена и не е и понатаму згодна и пеколно секси, ама ете... Под надзор на својот сопруг, Гавазова секојдневно минува часови правејќи вежби за слабеење и затегање на телото.
Згодната струмичанка вредно се поти за  да го додефинира и дообликува своето торзо, ама и секојдневно постира фотографии на своите профили на социјалните мрежи. Колку за да се видат и споредат резултатите на трудот.  И додека Гавазова од себе „ го цеди“ секој грам вишок, фановите се трудат да и дадат поддршка, опсипувајќи ја со комплименти во вид на  коментари под нејзините постирани фотографии.
Арно ама, не се сите така фини, или можеби се, ама не знаат како да се изразат, па... Така, еден од нејзините верни следбеници на Инстаграм, сакал да ја пофали, па не знаел како да и каже, освен со пример. А за пример ја земал нејзината колешка Елена Велевска, па на двете фолкерки им направил споредба и... Сакајќи божем да ја пофали, на Гавазова  „и го плеснал“... в лице!
„Ајде Сузе вежбај, касниш малку зад Елена Велевска... Она испораѓа деца еден куп и пак се затегна ко тинејџерка... верувам во тебе, можеш и ти...“  - напишал во „несреќниот“ коментар под една од фотографиите.
Дали човекот имал добра намера, само тој си знае, ама и да имал... ја „уништил“! Или што би рекле народски: „Друг пат бате, те молам, немој да ме фалиш“!]]>