уживај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Dec 2018 12:29:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png уживај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Уживај“ во диско саунд со новата песна и лирик видео на „Браво бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/uzivaj-vo-disko-saund-so-novata-pesna-i-lirik-video-na-bravo-bend/ Wed, 26 Dec 2018 12:22:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65032

Македонската поп група „Браво бенд“ има нова песна, проследена со лирик видео. Кадровски подновена кога се во прашање членовите на бендот, тие направија и мал музички лифтинг на својот стил и правец на музицирање. Новите луѓе внесоа нова енергија во бендот чија хемија помеѓу членовите дава нови музички резултати кои се огледаа и во најновото издание на „Браво бенд“, песната насловена „Уживај“!
Темата е направена во диско/фанки стил од 80-ите, се разбира во модерен аранжман и современа продукција, што е одлична понуда за танцување и расположение во овие предпразнични празнични денови. Музиката е на гитаристот на бендот Драган Илиев, стиховите се на Слободанка Марковачева - Илиева, додека аранжманот го потпишува Горан Гешовски.
Во недостаток на време да сними комплетен видеоспот заради многубројните ангажмани и настапи, „Браво бенд“ најде време својата најнова тема да врами во своевидно „лирик видео“ од кое нивните поклоници полесно ќе научат да ја пејат песната, преслушувајќи ја на Јутјуб каналот. А како звучи и што содржи „Уживај“, проследете уживајќи, во продолжение.   https://www.youtube.com/watch?v=3_WEZGdcScI]]>