утро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Dec 2023 12:57:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png утро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лесна утринска рутина во која се колнат најсреќните и најдолговечните луѓе на светот https://arhiva.vistina.com.mk/lesna-utrinska-rutina-vo-koja-se-kolnat-najsreknite-i-najdolgovechnite-luge-na-svetot/ Tue, 19 Dec 2023 12:57:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331667

Да се живее до 100 години е невообичаено во повеќето делови на светот, но не и во таканаречените „сини зони“. Да се живее до 100 години е невообичаено во повеќето делови на светот, но не и во таканаречените „сини зони“. Луѓето кои живеат во регионите на Јапонија, Костарика, Италија, Грција и Калифорнија имаат најдолг животен век и спаѓаат меѓу најсреќните луѓе на планетата, пишува „The Sun“. Тие биле и сè уште се предмет на бројни студии, а научниците барале индиции за тоа како да се живее среќно и долго. Повеќето луѓе од „сините зони“ следат едноставни утрински рутини со кои би можеле да започнете и вие уште утре. Појадувајте здраво Повеќето луѓе кои живеат во „сините зони“ уживаат во богата и разновидна медитеранска или растителна исхрана. Тие генерално јадат повеќе целовита храна, овошје и зеленчук, а помалку црвено или преработено месо, шеќер и скробни јаглехидрати отколку во општата западна исхрана. Истражувањата покажале дека медитеранската исхрана, која исто така става акцент на целите зрна, маслиновото масло, гравот, јаткастите плодови и рибата, може да помогне да се намали ризикот од голем број болести. Луѓето кои живеат во Лома Линда, Калифорнија имаат тенденција да уживаат во чинија каша наутро, понекогаш додавајќи јаткасти плодови или овошје за дополнителна количина на влакна. Замената на млекото со алтернатива од растителна основа, како што е овесното млеко, исто така може да го намали ризикот од рак. Уживајте во шолја кафе Кафето е клучен дел од исхраната на повеќето луѓе кои живеат во „сините зони“. Оние кои живеат во овие предели пијат околу 2 до 3 шолји кафе секој ден. Истражувањата покажуваат дека 3 шолји кафе дневно помагаат да се намали ризикот од дијабетес и дебелина. Д-р Сузана Ларсон, од Институтот Каролинска во Стокхолм, вели: „Нашите наоди сугерираат дека кофеинот, барем делумно, може да ја објасни обратната поврзаност помеѓу консумирањето кафе и ризикот од дијабетес тип 2“. Во меѓувреме, полифенолите – природни антиоксиданти – во пијалакот се исто така поврзани со помал ризик од деменција. Пронајдете го вашето „икигаи“ Добриот почеток на денот не е само она што го внесувате во вашето тело. Сите луѓе во „сините зони“ следат некоја варијација на јапонскиот концепт наречен „икигаи“, пронаоѓајќи го нивниот внатрешен погон. Станува збор за откривање на она што му дава цел и искра на вашиот живот, буквална пр ичина да станете од кревет наутро. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои чувствуваат дека имаат поголема цел имаат тенденција да живеат подолго. Кен Моги, невронаучник од Токио, вели дека процесот започнува со четири работи: прифаќање на себеси, поврзување со другите и планетата, пронаоѓање радост во малите нешта и присуство. Кажете ѝ нешто убаво на првата личност што ќе ја видите Слично на тоа, начинот на кој се однесувате кон луѓето на почетокот на денот може да ви даде поттик за среќа. Авторот Ден Бутнер, кој го смислил терминот „сини зони“, вели дека секое утро го започнува така што ѝ кажува нешто убаво на првата личност што ќе ја види. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Кај Снеже Велков по утрото не (само) денот, туку (и) ноќта се познава? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-snezhe-velkov-po-utroto-ne-samo-denot-tuku-i-nokta-se-poznava-video/ Tue, 28 Nov 2023 10:21:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328873

Македонската ТВ водителка Снеже Велков откако и се врати на базичната професија, повеќе не е професионален пилатес инструктор. Но, тоа не значи дека вежбањето и физичката активност ги занемарила. Напротив, Снеже е физички активна повеќе од било кога и тоа во секој сегмент, но овој пат исклучиво за своја душа. „Во здраво тело тело здрав дух“ - вели старата добра поговорка, а во добро разгибано тело уште рано посабајле - „Нешто конкретно“ наговестуваат фактите. Имено, кај сите по утрото денот се познава, а кај Снеже Велков по утрото не (само) денот, туку (и) ноќта се познава! Имено, утринските вежби  за „добро утро“ најдобро тоа го покажуваат. Зашто кога ќе признаеш дека си станала ненаспана и разбушавена, а при тоа максимално разгибана со неподнослива леснотија ги правиш сите можни и неможни движења, нема друг заклучок освен еден - единствен: Ноќта мора да ти била повеќе од бурна!? Впрочем: „Од сништа нема спомени“ - вели уште една од старите скопски поговорки преточени во мудри мисли на веков! Кој не верува дека е така, нека ја праша Снеже Велков! Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze]]>

Ова скоро сите го правиме наутро, а не сме свесни колку е штетно за здравјето https://arhiva.vistina.com.mk/ova-skoro-site-go-pravime-nautro-a-ne-sme-svesni-kolku-e-shtetno-za-zdravjeto/ Fri, 24 Feb 2023 13:14:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290526

Пиењето кафе на празен стомак не е единствената штетна утринска навика што ја практикуваме. Имено, денес речиси и да нема човек кој не го крева телефонот веднаш штом ќе ги отвори очите. Не се работи само за исклучување на алармот, туку за гледање и скролање низ социјалните мрежи. Докторот Јоханес Вимер смета дека ова е навика што треба да ја промениме. Тој нè советува да се воздржиме најмалку две минути пред да ги видиме известувањата кога ќе станеме. Постепено треба да го зголемувате времето поминато без телефонот. „Минута или две без телефон е доволно. Навистина не е многу, но е неверојатно добро“, напиша Вимер на својот Инстаграм профил. Ако почнете да ја менувате оваа навика, ќе забележите дека со текот на времето се чувствувате подобро. Според истражувањето на Deloitte од 2015 година, дури 43 отсто од луѓето го земаат телефонот во рок од 5 минути по будењето. Според тоа истражување, дури 17 отсто веднаш го креваат телефонот. Тоа значи дека околу 60 луѓе наутро меѓу првите работи што ги прават е – го земаат телефонот. извор:курир.мк]]>

Добар знак за прекрасен ден: Еве со кого се буди Вера Мештеровиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dobar-znak-za-prekrasen-den-eve-so-kogo-se-budi-vera-meshterovikj-foto/ Thu, 15 Dec 2022 09:18:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280099

Актуелната ТВ водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“ и некогашна учесничка на домашните избори за убавина и поранешниот модел Вера Мештеровиќ, е редовен корисник на социјалните мрежи од каде може да се ѕирне и во нејзината приватност. Вера е меѓу оние најранобудните бидејќи води утринска програма за која мора да се подготви доста рано. Веројатно тоа го прави сама додека нејзините сакани спијат. Но, исклучоци има.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Па така, едно неделно утро кога можеше да оспие колку може и сака, заедно со неа се разбудија ќеркичката Јована и нејзниниот медо. -Кога утрото ќе му започне со муабет во кревет, Јована медо и јас е добар знак за прекрасен ден, пишува Вера за објавата. За среќа навистина треба малку доколку се знае како да се ужива, а кога има здравје, љубов во сечиј дом, тогаш имаме сѐ. Вера веќе неколку години не е во брак со фудбалерот Игор Кралевски, но на темата развод таа не коментира за медиумите.
 
Вера од бракот има два деца Јована и Андреј, а за нив вели дека ги учи да бидат чесни.]]>

Велат дека убавината на жената се гледа кога ќе стане наутро, а еве каква е Вера Мештеровиќ само што отворила очи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/velat-deka-ubavinata-na-zenata-se-gleda-koga-kje-stane-nautro-a-eve-kakva-e-vera-meshterovikj-samo-shto-otvorila-ochi-foto/ Mon, 05 Dec 2022 07:52:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278551

Во денешно време кога е женската убавина во прашање, слободно може да се каже дека има се помалку дами кои го нагуваат природното, без интервенции и разно разни естетски корекции. Тука е секако и силната шминка, фотошоп и филтери од секаков тип. Јавната професија пред камери бара постојана шминка, но во зависност од личноста, нејзниот имиџ и став кон јавното претставување е индивидуална работа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

ТВ водителката и поранешна мисица Вера Мештеровиќ, веќе ја има титулата за една од најубавите жени во Македонија, па и кога ќе ја видите непосредно, сигурно ќе се уверите дека тоа не за џабе е така. Дека Вера има македонска убавина за која шминката е само минимално освежување, говори и една од фотографиите на нејзниот Инстаграм.
 
Велат дека убавината на жената се гледа кога ќе се раздуби од спиење, а Вера направи токму една таква каде само што отворила очи пред да тргне на работа, па откри каква крема за околу очи користи.
 
А кога се води утринска програма, будењето е со петлите. Вера е убава независно дали е пет наутро илиу попладне,а кога на социјалните межи е реткост да се види „нормална“ фотографија, ова еден убав пример и исклучок. фото:Инстаграм/Вера Мештеровиќ]]>

Една секое утро на празен стомак го забрзува метаболизмот и го топи салото https://arhiva.vistina.com.mk/edna-sekoe-utro-na-prazen-stomak-go-zabrzuva-metabolizmot-i-go-topi-saloto/ Mon, 21 Nov 2022 12:47:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276796

Природниот шеќер кој се наоѓа во урмите е совршена алтернатива за обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад, а по својот состав се вистинска природна мултивитаминска „таблета“ која можат да ја консумираат и деца и возрасни. Од анемија преку висок крвен притисок, холестерол па сè до рак – речиси и да нема болест која не може да се лекува со урми, а многу експерти советуваат дека треба редовно да ги консумирате. Анемичните пациенти треба да јадат што повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на магнезиум. Урмите содржат и калиум, кој е корисен за ублажување на дијарејата. Освен тоа, овој плод помага во побрзо обновување на цревната флора, а со редовната консумација ќе им олесните на цревата да создаваат добри бактерии. Консумирањето урми 4 недели пред породувањето може да ги олесни породилните болки кај мајките и да го намали крварењето. Жените кои пред породувањето јаделе урми, се породиле полесно и побрзо за разлика од оние жени кои не го јаделе ова овошје. Поради високиот процент на хранливи материи, урмите предизвикуваат чувство на ситост и го олеснуваат слабеењето. Ако јадете урми на празен стомак, тие ќе ја регулираат работата на цревата и ќе му го обезбедат потребниот шеќер на организмот. Лицата со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје – потопете ги урмите заедно со семките во вода, а наутро отстранете ги семките, сомелете ги во блендер заедно со водата и консумирајте неколку пати дневно за зајакнување на срцето. Исто така, урмите имаат способност да го намалат нивото на лошиот холестерол во телото. извор:точка.ком.мк]]>

Рутината со која го започнувате денот може да го уништи https://arhiva.vistina.com.mk/rutinata-so-koja-go-zapochnuvate-denot-moze-da-go-unishti/ Wed, 16 Nov 2022 12:59:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276145

Не постои една вистинска рутина која би функционирала за сите исто. Но, можеби грешките што секојдневно ги правиме секое утро се вистинскиот проблем, а не рутината. Еве кои се најчестите грешки, кои треба да започнеме да ги избегнуваме: Го притискаме копчето за одложување на алармот Експертите за спиење сметаат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи така влегуваме во магичен круг на повторно заспивање, од кој тешко ќе се разбудиме. Остануваме во кревет Честитки! Сме го изгасиле алармот, но сè уште остануваме да лежиме во креветот. Наместо да лежиме, времето после алармот треба да го искористиме за правилно истегнување и раздвижување кое ќе ни ја даде потребната енергија. Ја проверуваме електронската пошта Денес, повеќето луѓе спијат со паметниот телефон до перница, односно до нивна непосредна близина. Затоа е многу лесно, откако ќе ги отвориме очите да се завртиме на другата страна и веднаш да започнеме со работење, читање на мејловите или прегледување на социјалните мрежи. Но, оваа штетна навика треба веднаш да ја отстраниме од нашата утринска рутина. Ништо не е толку итно, што не можеме да го провериме после 1 или 2 часа откако сме се разбудиле. Го оставаме креветот ненаместен Местењето на креветот е дополнителна утринска физичка активност која секојдневно треба да ја практикуваме. Воедно, тоа ќе не поттикне да бидеме поенергични и попродуктивни. Пиеме кафе Нашето тело природно лачи поголеми количества на хормонот одговорен за стресот- кортизол, помеѓу 8 и 9 часот наутро. Ако не можете без кафе, размислете двапати за тоа. Најдобро е кафето да се консумира после 9.30 часот. Бидејќи, ако го навикнете телото на коефин пред ова време, организмот ќе произведува значително помалку кортизол, а тоа ќе доведе до голем проблем. Се подготвуваме во темно Ако се подготвуваме во темница, односно со изгасено светло, ова на нашето тело може да му сигнализира дека сè уште е ноќно време, што дополнително ќе ве направи поспани и со послаба енергија. Доколку кога ќе станете, а надвор е темно, тогаш експертите препорачуваат да се облекуваме на доста силно светло. Премногу сме спонтани Можеби ќе се напиеме вода, можеби ќе пуштиме музика, можеби ќе им се јавиме на пријателите. Можеби! Експертите велат дека најдобро е кога ќе станеме да имаме ред. Рутината не мора да биде строго организирана, но да ги правиме почетните работи по некој редослед: Местење на креветот, миење на забите, облекување на претходно спремената облека, појадување и слично. извор:попара.мк]]>

5 ефикасни начини да се разбудите наутро без шолја кафе: Ќе бидете одморни и полни со енергија https://arhiva.vistina.com.mk/5-efikasni-nachini-da-se-razbudite-nautro-bez-sholja-kafe-kje-bidete-odmorni-i-polni-so-energija-2/ Tue, 07 Jun 2022 12:00:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253361

Навиките не се менуваат во текот на ноќта и сигурно е дека ќе ви треба малку време за да се навикнете на промените што сте ги направиле. Најдобро е постепено да се ослободите од навиката од која сакате да се ослободите, бидејќи во спротивно ќе создадете контра-ефект. Можеби нема да можете да замислите да го започнете денот без утринско кафе, но тоа е всушност возможно со неколку едноставни и пред се ефективни совети. Иако мислите дека нема ништо подобро од тоа да се разбудите со шолја миризливо кафе, поради негативните симптоми на кофеин на телото, можеби ќе треба да го започнете утрото на поздрав начин. Будете се во исто време Ако вашиот распоред варира во текот на неделата, вашето тело постојано се обидува да се прилагоди. Размислете за вашиот распоред и одлучете во кое време е точно да станете и да се будите во исто време секој ден. Ова ќе му олесни на телото да се навикне на распоредот, така што ќе ви биде полесно да станете наутро. Започнете го денот со вежбање Нема ништо подобро отколку да го започнете денот со утринска гимнастика и лесни вежби за истегнување. Ако преферирате трчање, утринско трчање или брза прошетка на свеж воздух веднаш ќе ве разбуди, подготвувајќи ве за успешниот ден пред нас. Туширајте се со ладна вода Најбрзиот начин да се разбудите наутро е да се истуширате со постудена вода. Можеби звучи како лоша идеја, но ако се истушите со топол туш, ќе се чувствувате поопуштено и „cozy“. Од друга страна, ако постепено испуштате поладна вода, полесно ќе се разбудите. Свеж воздух и сончева светлина Еден од најдобрите начини да се разбудите без кофеин е да го изложите телото на природно сонце и свеж воздух. Исто така, во текот на денот кога се чувствувате уморно, излезете на свеж воздух и земете неколку длабоки вдишувања, или уште подобро – прошетајте. Ова ќе му помогне на вашето тело брзо да се разбуди. Раширете ги завесите во спалната соба во текот на ноќта за да можете да се разбудите на сонце. Избегнувајте јаглехидрати Ако јадете многу јаглехидрати наутро, ќе почувствувате пад на енергијата за неколку часа. Наместо тоа, обидете се да јадете јајца, зеленчук, овошје за појадок, наместо колачи, житарици и слична храна. извор:курир.мк]]>

Неколку утрински навики кои можат да ви го продолжат животот https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-utrinski-naviki-koi-mozat-da-vi-go-prodolzat-zivotot/ Wed, 25 Aug 2021 11:38:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216729

Понекогаш забораваме што значи наутро да се биде продуктивен, да се биде исполнет со убава енергија, а секој од нас треба да ги практикува. Замислете колку би било убаво кога ќе кажеме добро утро, кога ќе мислиме на позитивни работи. Наспроти горенаведеното утрото често знае да биде стресно и исполнето со нездрави навики. Подготовка на деца, брзање на работа, гужви. На тоа предупредуваат докторите кои направиле упатство за поубаво утро. Дишете длабоко После спиење, собата е полна со нечист воздух, дури и ако ви бил отворен прозорецот. Веднаш по станувањето отворете го прозорецот, извадете ја главата надвор, вдишувајте и издишувајте 10 минути. Би било добро самите да се потсетите дека сте здрави и среќни. Ако наутро успеете да развиете позитивен став, во текот на денот ќе бидете отпорни на негативноста која сигурно ќе наиде на вас. Појадок пред кафе Можеби обожувате утринско кафе, но независно од тоа, ниту кафето ниту цигарите не би требало да ги конзумирате наутро пред да внесете нешто во вашиот желудник. Протегнување После спиење телото е опуштено и секое мало движење може да направи проблем. За да не ви се случи тоа по утринската хигиена задолжително направете вежби. Туширање Ако имате стресно утро и исполнето со нездрави навики, задолжително одете под туш, ќе се опуштите. Телесни вежби После протегнувањето, наградете го телото со вежби. Ако успеете да ги направите пред да ве притиснат обврските, сте завршиле прекрасна работа. Доволни се 15 минути. Организација Луѓето имаат најмногу проблеми со организација на времето. Целиот стрес настанува од брзањето и лошата организација. Тоа е нешто што можете да го избегнете, секако ако се организирате добро. Настојувајте навечер пред спиење да направие план за утрешниот ден.]]>

Два утрински ритуали што ќе ви го направат денот поуспешен https://arhiva.vistina.com.mk/dva-utrinski-rituali-shto-kje-vi-go-napravat-denot-pouspeshen/ Wed, 25 Aug 2021 06:59:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216609

Се чини дека никогаш немаме доволно време за кратките утрински ритуали, но ова се кратки потези што можат да ни го разубават денот. Најпаметно нешто што можете да направите за себе секое утро е да воведете два кратки утрински ритуали кои вклучуваат дишење и истегнување, што ќе придонесе за одмор и сила за нови работни победи. На тој начин, ќе го стимулирате метаболизмот и ќе му го дадете на организмот поттикот што му е потребен. 1. Отворете го прозорецот Отворете го прозорецот секое утро 5 минути и дишете длабоко. Вдишувајте низ носот и издишувајте полека и долго преку полуотворена уста. Проветрувањето на станот, колку и да звучи едноставно, честопати го пропуштаме, а тоа е важен и неопходен секојдневен ритуал. 2. Истегнете се Направете едноставни вежби за истегнување, лежејќи или стоејќи. Вдишете длабоко и почувствувајте како се буди вашето тело. Потребни се само пет минути за да почувствувате како се движи енергијата во вашето тело. Овој ритуал ќе ви помогне да го започнете денот подобро и посвесно. Ако го повторите и навечер, полесно ќе се опуштите, ќе заспиете подобро и подлабоко.]]>