утмс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Apr 2018 11:13:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png утмс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 УТМС коорганизатор и домаќин на „Образовно рандеву 2018” https://arhiva.vistina.com.mk/utms-koorganizator-i-domakjin-na-obrazovno-randevu-2018/ Mon, 23 Apr 2018 10:06:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22738

На 20-ти и 21-ви Април 2018 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа манифестацијата „Образовното рандеву 2018”, проект на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија-МАССУМ. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше коорганизатор и домаќин на „Образовното рандеву 2018”. Како високо-образовна институција, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, покрај едукативната и научно-истражувачката дејност, перманентно делува во сегментот на општествено одговорно работење. За таа цел универзитетот има воспоставено долгогодишна соработка со средните училишта во Р. Македонија и им овозможува на учениците, наставниците и директорите да добијат експертска поддршка преку обуки и предавања од професори на универзитетот, но и од еминентни светски експерти.
Во интерес на достигнување на заедничката образовна визија и реализирање на мисијата за поддршка и насочување на креативноста и инвентивноста на средношколците со цел подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за влез во светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење до градење на успешна кариера, универзитетот  максимално инвестира во промовирање на талентираните и креативните кои ги профилира во идни афирматори на промени за подобар свет.
Манифестацијата свечено ја отвори проректорот за настава на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски. Во своето обраќање проректорот истакна дека овој настан е значаен за образованието во Р. Македонија и затоа универзитетот го поддржува како коорганизатор и домаќин на натпреварите на најталентираните креативци од средните стручни училишта. Свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор на МАССУМ, г-дин Благојче Ѓорчевски, кој истакна дека „Образовното рандеву 2018” е настан кој на средношколците им дава можност да ги препознаат вредностите на компетитивноста како значаен фактор за избор на идното образование и градење на успешна кариера.
На „Образовното рандеву 2018” учествуваа 43 средни стручни училишта од Р. Македонија кои се натпреваруваа во 18 категории. Покрај натпреварувачкиот тематски дел, средношколците имаа можност да ги претстават своите образовни профили пред академската и деловната заедница, од кои добија информации и препораки за донесување на одлуки за нивното понатамошно образование и кариерен развој.
Вториот ден од настанот, по завршување на официјалните натпревари во 18 категории на победниците им беа додели награди. На учениците кои освоија прво место Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје им додели ваучери за студии.
]]>

Свечена промоција на дипломираните студенти и магистри на УТМС https://arhiva.vistina.com.mk/svechena-promocija-na-diplomiranitestudenti-i-magistri-na-utms/ Mon, 27 Nov 2017 09:32:09 +0000 http://vistina.mk/?p=4837

На 26 Ноември 2017 година во Македонска опера и балет во Скопје се одржа уникатна, свечена промоција на деветтата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и на седмата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје. Свечената промоција започна со обраќање на ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски кој во својот говор ја потенцираше моќта на знаењето, посветеноста кон работата, заложбите за интернационализација на УТМС во насока на постојано иновирање и креативно реализирање на наставата преку која студентите се стекнуваат со квалитетни теоретски и применливи знаења, а со тоа се профилираат како високо конкурентни на пазарот на трудот. Во тој контекст Ректорот истакна: „Вечерва Ви се обраќам со неизмерно задоволсто и бескрајна радост, затоа што нашите успеси, нашата истрајност и нашата посветеност имам можност да ја споделам со Вас, да се радувам заедно со Вас. Вие, кои во изминатиот период несебично и секојдневно бевте мислата, желбата и пламенот на нашата поддршката, Вие кои не глорифициравте, Вие кои не следевте, вие кои имавте иста желба со нас, да бидеме најдобри, да бидеме препознатливи, да бидеме единствени и неповторливи. Вие, почитувани студенти, сте најсилниот партнер на УТМС, најсилниот партнер на светот, најголемата надеж на секое демократско општество, Вие сте нашите бренд лидери, бренд лидери по кои не препознаваат другите“. Исто така во своето обраќање, ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, го потенцираше перманентното инвестирање на академскиот кадар во воспоставување на високи едукативни стандарди според примерот на познатите светски универзитети за што говорат и бројните награди за квалитет во високото образование, за бизнис престиж, супер бренд и други. Своето обраќање Ректорот го заврши со силна порака: „УТМС како престижна високо-образовна институција има постигнато врвни резултатит и успеси. Престижот сите нас не обврзува многу сериозно да размислуваме за иднината, исклучително внимателно да го следиме патот на светски најуспешните универзитети. Наша идна заложба е да продолжиме да образуваме и продуцираме кадри кои ќе направат радикални промени во насока на подобрување на општествената и економската благосостојба на Р. Македонија.” На свеченоста беа доделени награди и признанија на вработени со врвни достигнувања во образовната и научно-истражувачката работа на УТМС. На промоцијата присуствуваа видни личности од релевантни институции, претсавници од деловната заедница, амбасадори во Р. Македонија и други гости. По доделувањето на дипломите и традиционалното фрлање на капите, свеченоста беше одбележана со коктел за сите присутни гости. Импресивната, сепктакуларна и сензационална промоција предизвика воодушевувањето и задоволството на дипломците и магистрите, нивните семејства и пријатели, како и на другите гости, која според коментарите на сите, е уникатна во Македонија, каков што е и УТМС.