установа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Aug 2023 07:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png установа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Младата македонска “Гранд“ пејачка Љупка Арсовска со тотална трансформација: Можно ли е ова да е истата личност? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-makedonska-grand-pejachka-lupka-arsovska-so-totalna-transformatsija-mozhno-li-e-ova-da-e-istata-lichnost-foto/ Fri, 25 Aug 2023 07:50:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315288

Младата пејачка Љупка Арсовска уште од своето прво појавување  привлече големо внимание кај публиката со својот вокал, настапот и секако со својот секси изглед. Она што го започна во „Ѕвездите на Гранд“, потоа го надгради и во  „IDJShow“ каде имаше забележителни настапи, но и бројни трансформации. Од русокоса во неодолива црнка со многу привлечен изглед, чии телесните атрибути за машала избиваа во прв план на нејзините секси ТВ настапи,  па во пакет со провокативниот имиџ придонесоа македонската пејачка да биде мошне привлечна за публиката особено за момчињата. Иако ја паметиме како доволно бујна, расна и надарена, последната појава на македонската пејачка сега многумина изненадува. Видно ослабена, со истенчен струк, со долга костенлива коса и издолжен лик, пејачката изгледа како ова да е некоја друга Љупка. Од симпатична „буцка“ трансформирана во суптилна убавица на која многу попознати дами можат да и позавидат, а мажите се би дале во нејзино друштво да бидат.  Префинета, рафинирана, средена, дотерана, елегантна, со совршена шминка Љупка изгледа како да доаѓа од црвениот тепих на некоја светска манифестација. Сепак, она што е можеби најпрепознатливо на неа освен ликот и стајлингот, кој исто така изгледа изменет, е големата убаво извајана, овална задница на распеаната убавица. Како заштитен знак, налик на онаа на славната Џеј Ло, нешто што кај Љупка не се променило, а и никако не би требало... Но, она што  деновиве таа го најави  се и дополнителните естетски дотерувања на кои пејачката е подготвена. Според изборот на установата, не ќе да е во прашање само обичен козметички рестајлинг, туку по евидентниот  „боди лифтинг“, очигледно следува и дополнителна надградба. Дали е во прашање „фризирана предница“ со силиконска надополна, што е многу веројатно или некој друг естетски зафат, ќе дознаеме наскоро, кога ќе може да се види од приложеното. Сепак, едно е сигурно, Љупка Арсовска решила до крај да стане совршена убавица и топ ѕвезда. Она што и го дала мајката природа останува, она што  недостасува, веројатно ќе се надградува, зашто такви се времињата. Пејачките изгледа прво ги ценат по тоа  колку се расни, бујни и телесно надарени, а дури потоа, откако ќе станат доволно интересни и медиумски експонирани, колку се и вокално талентирани... За на голема сцена или само за по кафеани, тоа веќе зависи и од многу други фактори!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by LJUPKA (@ljupkarsovska)

Фото: Инстаграм/ljupkarsovska]]>

Ќе се основа нова установа, „Оркестар за џез музика“ https://arhiva.vistina.com.mk/ke-se-osnova-nova-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika/ Wed, 22 Mar 2023 13:12:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294595

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ – Скопје. Установата се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност. Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност. Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар, Република Северна Македонија. Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај. Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој. извор:курир.мк]]>