успешна врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jan 2022 12:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png успешна врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Толку лесно, толку едноставно: Често забораваме на оваа „ситница“, која е клучот за успешна врска https://arhiva.vistina.com.mk/tolku-lesno-tolku-ednostavno-chesto-zaboravame-na-ovaa-sitnica-koja-e-kluchot-za-uspeshna-vrska/ Wed, 26 Jan 2022 13:15:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236372

Изразувањето благодарност е една од најлесните и најважните работи што можете да ги направите за вашата врска. Љубовта не е доволна за бракот или врската да трае. Покрај неа, потребна е и благодарност. Често одвојуваме момент да ја изразиме нашата благодарност за нашето и здравјето на нашите најблиски, благодарност за семејството, пријателите, домот… Меѓутоа, кога последен пат сте му кажале „благодарам“ на вашиот партнер? Ако не можете да се сетите, време е да почнете да го применувате тој магичен збор во вашата врска, доколку сакате да одржувате здрава, квалитетна врска. Кога сме зафатени и под стрес, често забораваме да се заблагодариме на личноста со која го делиме нашиот живот за поддршката што ни ја дава. Понекогаш ни се чини дека благодарноста се подразбира, но понекогаш обидете се и да ја кажете. На тој начин ќе ја подобрите врската која бара здрава комуникација, пишува „Zadovoljna.hr“. Направете вашиот партнер да се чувствува сакано и ценето. Се разбира, важи и спротивното. Со едноставни дела и однесување покажете си колку си значите еден на друг. Во едно истражување во кое среќните парови одговориле на прашањето во што е тајната, 61 отсто од нив ги споменале гестовите на благодарност од нивните партнери. За тие среќни парови, благодарноста доаѓала во форма на зборови или дела со кои сопружниците покажале дека ги забележуваат, ги ценат, ги почитуваат, ги сакаат и посакуваат. Благодарноста е нешто на што можете да работите, а со изразување благодарност ќе задоволите две важни потреби на луѓето во врските – потребата да знаат колку вредат и потребата за интимност и блискост. Можете да изразите благодарност со именување на она за што сте благодарни. За тоа мора да бидете искрени, а освен тоа, не оставајте се секогаш на зборови – покажете го тоа со свои дела. извор: Попара.мк]]>

За успешна врска, паровите во долги врски се придржуваат до овие правила https://arhiva.vistina.com.mk/za-uspeshna-vrska-parovite-vo-dolgi-vrski-se-pridrzuvaat-do-ovie-pravila/ Fri, 21 Feb 2020 14:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135473

Секој од нас во своето опкружување има еден пар што останува заедно без оглед на тоа што се случува и колку се расправаат. Како опстојуваат таквите парови? Паровите што се долго време заедно се придржуваат до овие 6 правила.

1. Пријателството е клучно

Речиси секој пар тврди дека клучот за успехот е во тоа што тие се најблиски пријатели еден на друг. Некои парови прво стануваат пријатели, а потоа љубовни партнери. Вториот однос започнува со страст и тие, сепак, остануваат и пријатели и напорно работат на одржување на пријателството што го стекнале.

2. Интимноста е важна

За многу парови, најважниот дел од нивната поврзаност се интимните моменти. Паровите тврдат дека интимноста може да помогне кога врската малку ќе олади и дека е важен фактор во секоја повеќегодишна врска. Некои парови дури и изјавиле дека интимноста е она што ги држи заедно, особено кога им е тешко.

3. Разликите се добредојдени кога станува збор за паровите

Експертите велат дека ако постојат разлики, обидот да го промените партнерот нема смисла. Тие разлики може да ви помогнат во решавањето на проблемите што не можете да ги решите сами. Експертите советуваат да не се обидувате да го промените партнерот ако сакате врската да трае.

4. Паровите се расправаат, но и се смируваат

Иако повеќето луѓе сметаат дека партнерите во врските и во браковите не треба да се расправаат, сепак партнерите треба да се расправаат секој ден, но не за ситници, туку да преговараат за сè. Правете компромиси секојдневно бидејќи така се градат довербата и почитта во врската.

5. Побарајте стручна помош

Брачното советување дефинитивно може да помогне. Паровите кои се во брак неколку децении велат дека ваквиот вид советување значително ја променило нивната врска. Мора да работите на односите и на бракот за да може да опстанат. Паровите на кои брачното советување навистина им помогнало тврдат дека и двајцата партнери треба да го прифатат фактот дека некои работи што не функционираат во врската треба да се променат.

6. Не е сè лошо ако тргне наопаку

Некои парови тврдат дека кога работите ќе тргнат наопаку, тоа не значи дека сè е лошо или дека сè ќе биде лошо. Проблемите не треба да ги гледате на погрешен начин затоа што лошите работи можат да се поправат. Потребни ви се само упорност и желба да најдете решение. извор: кафепауза]]>