уривање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 12:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png уривање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Уривањето на домот на Мерлин Монро во Лос Анџелес привремено одложено (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/urivaneto-na-domot-na-merlin-monro-vo-los-andheles-privremeno-odlozheno-foto/ Mon, 11 Sep 2023 12:11:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317416

По одлука во Градскиот совет на Лос Анџелес, следи привремено одложување на уривањето на домот на американската уметница Мерилин Монро во Брентвуд – луксузен дел од Лос Анџелес. Советничката Трејси Парк побрза да го спаси последното живеалиште на славната русокоса откако во средата дозна дека сопствениците – креативната интернет-страна „Глори оф д Сноу траст“ (Glory of the Snow Trust), побарале дозвола да ја урне култното здание во шпански колонијален стил, објави „Лос Анџелес тајмс“. – Јас и мојот тим веднаш тргнавме во акција… Но, за жал, Секторот за градежништво и безбедност издаде дозвола за уривање пред мојот тим и јас да можеме целосно да интервенираме и да го решиме ова прашање, рече Парк непосредно пред седницата на Градското собрание во петокот. Таа одржа говор најавувајќи предлог за разгледување на статусот на домот на американската пејачка и глумица како историски споменик на културата. – Денеска сум тука со вас како чувар на областа во којашто се наоѓа последната резиденција на Мерилин Монро. Денеска сум тука и како бранител на богатата историја и наследство на нашиот град, рече Парк. Предлогот претставен пред Советот бара итен почеток на разгледување домот да биде прогласен за историски и културен споменик. Натаму се наведува дека со тоа нема да му се одземат никакви права на сопственикот на куќата, но оти треба да се проценат историските и културните вредности на имотот. Фото: Принтскрин/Epa Mario Ruiz]]>

И регионалните ѕвезди против уривањето на „Универзална сала“: Бојан Маровиќ – „Ве молам, не уривајте ја… душата ме заболе кога слушнав дека ќе биде претворене во парк!“ https://arhiva.vistina.com.mk/i-regionalnite-dzvezdi-protiv-urivanjeto-na-univerzalna-sala-bojan-marovikj-ve-molam-ne-urivajte-ja-dushata-me-zabole-koga-slushnav-deka-kje-bide-pretvorene-vo-park/ Wed, 05 Aug 2020 08:50:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161842

Реакциите околу „бизнис плановите“ на урбаната мафија поддржана од идејата на градската власт и скопскиот градоначалник Петре Шилегов со распишување конкурс за идејно решение за парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би се урнала, не само што не стивнуваат, туку стануваат се посилни и пожестоки. Покрај домашната јавност која ги усвити социјалните мрежи и написите во медиумите, уметниците, културните работници, естрадата, ивент индустријата... речиси да нема човек кој има допирни точки со културата и уметноста, да дава „зелено светло“ за уривање на скопската и македонска „Мека на културата и уметноста“... (освен ретки исклучоци во поединци кои се „лижат“ со власта)! На домашните естрадни и музички ѕвезди, им се приклучија и регионалните, оние кои повеќе пати настапувале во  „Универзална сала“ со свои солистички концерти, или учествувале на разни фестивали, манифестации, збиднувања... на нејзината сцена. Еден од нив е и црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ, кој точно пред 15-ина години, тогаш како голобрадо момче кое ја гради својата популарност  го имаше својот прв голем солистички концерт во кариерата токму во скопската „Универзална сала“, која тогаш беше претесна да ги прими сите кои сакаа да ги слушнат неговите хитови и балади. „Универзална сала е местото каде што го имав мојот прв голем солистички концерт во животот - организиран. Душата ме заболе кога слушнав дека салата во која многумина настапија ќе биде претворена во парк. Пред некое време,ме израдува информацијата дека  оваа легендарна сала ќе биде реновирана, во ново руво,  со иста намена. Сепак, плановите во меѓувреме се чини дека за жал се променети?! Се надевам дека, на крајот на краиштата, мислењето ќе се смени и ќе слушнеме дека овој култен културен храм ќе се реновира и ќе биде местото што повторно ќе ги собира луѓе за убави, духовни нешта. Скопје уште еднаш, благодарам што ми го дадовте срцето токму таму, на таа сцена. Должник сум ви засекогаш, но Ве молам... не уривајте ја Универзална сала“ -  вели во своето обраќање црногорската поп ѕвезда, за Вистина.ком.мк, симболично споделувајќи го видеото од песната „Ако повредим те ја“, снимено токму од неговиот дебитантски  концерт во „Универзална сала“! https://www.youtube.com/watch?v=-i_VBPlDUMc  ]]>

Филип Живојиновиќ жестоко ги нападна хулиганските испади во Белград: „Што ви значи ова уривање и палење, освен мамлаз сум и не знам што со себе“? https://arhiva.vistina.com.mk/filip-zivojinovikj-zestoko-gi-napadna-huliganskite-postapki-vo-belgrad-shto-vi-znachi-ova-urivanje-i-palenje-osven-mamlaz-sum-i-ne-znam-shtoso-sebe/ Thu, 09 Jul 2020 11:22:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158020

Филип Живојиновиќ остро го коментираше на Твитер однесувањето на демонстрантите во Србија во изминатите два дена. Како што најави, тој никогаш нема да го разбере таквото однесување и, според него, тоа значи само едно. „Но, јас никогаш нема да го разберам уривањето и палењето на градот како форма на протест. Што точно значи кога ќе соборите сообраќајни знаци или запалите контејнер во родниот град? Која е таа порака освен „Јас сум никаквец и не знам што да правам со себе?“ - напиша Филип. Следеа бројни реакции на овој негов твит и тој одговори жестоко на еден коментар. И, што е поважно за вас, контејнерот или луѓето што јадат од тие контејнери, па им збогтисало? - се вели во коментарот. „Мене не ми е гајле за луѓето, само затоа што сум против уривање и палење? Како доје до тој заклучок? А, бидејќи се грижиш за луѓе кои немаат што да јадат, можеше да споделиш пакети со храна заедно со мене низ цела Србија, бидејќи тоа го правев две години без никој да знае за тоа“ - му одговори синот на Боба Живојиновиќ на незнаениот „твитер јунак“. ]]>