урива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 01 Aug 2020 09:46:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png урива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите се против уривање на “Универзална сала“, само Миро Кацаров – „ЗА“, а еве и зошто: Петре Шилегов го вработи во „Универзална сала“ портпаролот на коалициониот партнер – ЛДП, само еден месец пред изборите https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-protiv-urivanje-na-univerzalna-sala-samo-miro-kacarov-za-a-eve-i-zoshto-petre-shilegov-go-vraboti-vo-univerzalna-sala-portparolot-na-koalicioniot-partner-ldp-samo-eden-mesec-pred-izborite/ Sat, 01 Aug 2020 07:51:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161547

Идејата која ја промовираа поединци од градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов за уривање на „Универзална сала“ и распишаниот конкурс за правење на некаков парк со летна сцена на нејзината локација, предизвика бура во јавноста која се' уште не стивнува. Покрај негодувањата на народот, секојдневно се јавуваат со свое мислење и став и јавните личности, најмногу уметниците од разни области: музичката, драмската, балетската... на кои и најмногу и најчесто „Универзална сала“ им била втор дом, местото каде или поникнале и започнувале или каде ја овековечиле својата кариера со фестивалски, соло, настапи на разни манифестации, збиднувања, настани, престави... Не помалку гласни се и новинарите и радио и ТВ водителите кои ја третираат културата и естрадата, но и разни автори: композитори, текстописци, аранжери, музички и извршни продуценти, сценаристи, режисери... Медиумите на „случајот „Универзална“ секојдневно му даваат полн третман, па така деновиве порталот „Вечер прес“ третирајќи ја темата направи своевидна анкета со изјави на јавните личности, меѓу кои имаше и познати пејачи, музичари, текстописци, ДЈ-и, новинари, музички работници... И сите до еден во своите изјави беа на став дека „Универзална сала“ не треба да се урива, туку или да се реновира постојниот објект или да се возобнови одново на истата локација, но никако да се дислоцира и на тоа место да се гради некаков парк! Сите до еден, освен ЕДЕН - ТВ водителот Мирослав Миро Кацаров, кој во својата изјава децидно вели: „Зошто да не се урива? Ќе се изгради нова, најмодерна, најграндиозна на Балканот. Далеку поубава од оние во Загреб и Белград или Софија. И на нова локација ќе биде. Верувајте, Градоначалникот има одлична идеја заедно со архитектите.“ Легитимно е секој да има право на свој став и свое мислење и тука нема ништо спорно, освен едно нешто. Оддамна е познато дека штипјанецот Миро Кацаров не е само лице од ТВ екраните, туку и политички функционер, односно портпарол на Либерал - Демократската Партија (ЛДП), која како „цврст приврзок“ е коалиционен партнер на владеачката СДСМ, од чии редови е градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а „Универзална сала“ како што е познато е под капата токму на градската власт. Но, причина повеќе во изјавата на водителот: „Зошто да не се урива?“  е и нешто друго, што малкумина во јавноста го знаат. Имено, партиските вработувања пред избори станаа фолклор на власта, стил на живот, начин на работа и однесување, па така скопскиот градоначалник Петре Шилегов само еден месец пред тукушто завршените вонредни парламентарни избори 2о2о, ќе го вработи Мирослав Миро Кацаров - портпаролот на својот коалиционен партнер ЛДП, токму во „Универзална сала“ на позицијата: Соработник за сценско-музичка дејност, за плата од околу 400 евра! И не само него, туку уште три други лица, што значи вкупно четворица нововработени на 30 дена пред избори во сала што не работи и сакаат да ја уриваат!? Нелогично и трагикомично! Затоа ТВ водителот, партиски портпарол, а отсега и Културно-Уметнички Работник, со глава и брада, со раце и нозе, а Бога ми и нокти го брани ставот на „братот“ од челната фотелја на градската власт! Патем, заради пропустите во процедурата на директорот на „Универзална сала“, (кој е исто така нивно кадровско решение)  и необезбедената финансиска согласност од Министерството за финансии на Македонија за вработување на Кацаров и останатите тројца, настанал правен вакум, па вработените во „Универзална сала“ неколку месеци пред изборите не можеле да земат плата! Случка која исто така претходно осамна во јавноста.]]>

Ако ја урнат „Универзална сала“, СДСМ и Петре Шилегов ќе бидат новите варвари на 21-от век!? https://arhiva.vistina.com.mk/ako-ja-urnat-univerzalna-sala-sdsm-i-petre-shilegov-kje-bidat-novite-varvari-na-21-ot-vek/ Wed, 29 Jul 2020 12:51:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161098

Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов одлучија без да прашаат ниту еден граѓанин Универзална сала да се урива и на нејзино место да никне некаков парк со летна сцена?! Информација која ја крена јавноста на нозе, особено заради долгите ветувања дека македонскиот храм на културата ќе биде реновиран и модернизиран и конечно пуштен повторно во функција како вистинска и единствена специјализирана концертна сала во македонската престолнина. Повеќе од 55 години Центарот за организирање на приредби „Универзална сала“  е единствениот објект во градот Скопје и во цела Македонија, кој е специјално дизајниран и наменет за одржување на сценски и музички настани, манифестации, концерти, фестивали, театарски и балетски претстави, танци, па дури и спортски настани и други специјални содржини од областа на културата и уметноста, воопшто. Со своите програми и активности, тој не само што се одразува на јавниот интерес на граѓаните на град Скопје и Македонија, туку повеќе од половина век тоа е култно место, поточно епицентарот на културните и уметничките збиднувања во метрополата. Илјадници концерти, стотици претстави, фестивали, манифестации, приредби... се одржале на нејзината сцена. Но,  Универзална беше исто така дом на стотици прослави, конвенции, презентации, собири, симпозиуми, конгреси ... па се до место каде идните генерации академски граѓани полагале приемни испити за запишување на еден од скопските факултети. Најголемите домашни и светски уметници на рок, блуз, џез, класичната музика, танцот или фолклорот, најпопуларните балкански музички sвезди, актери и балетски уметници и танчари настапиле на нејзината сцена! На македонските организатори и изведувачи на сценски и музички настани, Универзална им беше како втор дом, а многу од нив ги направија своите први чекори во нивните кариери преку детските фестивали или фестивалите за возрасни, а подоцна и својата слава ја крунисаа и овековечија преку првите самостојни концерти токму тука ... во легендарната Универзална сала! Не е невообичаено да се каже: „Кој не ја наполнил Универзална барем еднаш, тој не се признава за уметник!“ Универзалната сала е култно место кое важи како сала за културни операции во градот Скопје. Затоа Универзална, како и секое култно место, го заслужува своето место во легендите. Денес, во 21 век, во време на ултра брз развој на технологијата и комуникациите, ова место заслужува на идните генерации да им остане како сведоштво за сето она што се случувало во изминатите повеќе од пет и пол  децении во градската лулка на културата, наречена Универзална сала, а со тоа и во Македонија. И сето тоа, како сведоштво за минато време како културен споменик за новите генерации, но и како благодарност до сите оние кои како директни протагонисти, изведувачи, организатори, вработени, соработници, помагачи, патрони, донатори ... кои ја создаваа културата и културните навики на главниот град и на државата. И, конечно, како благодарност до милионската публика што парадираше низ времето и настаните во културниот храм на метрополата, во нашата, единствена Универзална сала, која нагризана од забот на времето, за жал,  речиси 6 години зјае празна, чекајќи ја својата обнова! Но, Универзална сала не е само обичен концертен простор. Според многумина, а и начинот на кој е создадена, Универзална сала е и своевидно обележје на Скопје, дел од неговиот градски идентитет. Како што Калето, Камениот мост, Старата железничка станица, црквата свети Свети Спас или Свети Пантелемон на Водно, ГТЦ, Милинеумскиот крст... се културно историски споменици или паметници - секој на своето време и својата епоха, така и Универзална сала која е изградена со донациите како резултат на светската солидарност и помош по катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 год, е своевиден паметник на културата! Токму затоа ова светилиште на културата мора да остане нечепнато. Да, реновирано и обновено, во ново современо руво, архитектонски и технолошки осовременето, но сепак тука, на ова исто место, на оваа света локација, во срцето на македонската престолнина - Скопје! Помислата на било какво уривање или дислоцирање е злосторство против културата и општоцивилизациските норми, какво што историјата  до сега не памети. Или памети само во неколку случаи: Кога Вандалските племиња го опустошиле Рим,  кога Талибанците во Авганистан во долината Бамијан ги уриваа познатите џиновски статуи стари над две илјади години или кога џихадистите од Исламската држава го ограбија, па со булдожери го разораа древниот асирски град Нимруд во северен Ирак, едно од највредните археолошки наоѓалишта во регионот и воопшто во светот. Затоа, ако посегнат по уривање на Универзална сала, СДСМ и скопскиот градоначлник Петре Шилегов ќе бидат новите Варвари на 21-от век!]]>