универзална сала – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Nov 2020 14:01:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png универзална сала – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Универзална сала“ конечно ќе се реконструира со 2 милиони евра https://arhiva.vistina.com.mk/univerzalna-sala-kje-se-rekonstruira-so-2-milioni-evra/ Thu, 05 Nov 2020 14:01:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174797

Универзална сала ќе се реконструира во постојната големина и со постојниот изглед. Град Скопје со ребалансот на државниот буџет кој е во собраниска процедура, ќе добие 2 милиони евра за реконструкција.

По префрлањето на парите на наменската сметка, ќе се распише тендер за изведувач и до крајот на годинава ќе стартуваат работи. Градоначалникот Шилегов вели дека со реконструкцијата Универзална сала ќе се задржи автентичноста. „Нема да се врши доградување, ниту надградување бидејќи од Асоцијацијата на архтекти на Македонија кажаа дека на постојната локација поголем објект не може и не смее да има. Ќе се реновира внатрешноста и надворешноста на објектот и наесен догодина ќе биде спремен за концертнатата сезона“, вели Шилегов. Летово, Град Скопје распиша конкурс за идејно решение за парк на местото на Универзална сала, а нова концертна сала беше предложено да се гради на нова локација. Тогаш Шилегов рече дека на овој простор, нема услови за градење на поголема сала, а дека на Скопје му треба вистинска концертна сала. Како нова локација тој ги посочи оранжериите на ЈП „Паркови и зеленило“. Идејата на Шилегов предизвика бројни реакции во јавноста кои беа против уривање на концертната сала, бидејќи e симбол на Скопје. По одреден период, Шилегов рече дека најсоодвентно решение е постојниот објект да се реконструира, а нов објект да се гради на нова локација. „Првиот дел е завршен, Универзална сала реконструирана ќе ја вратиме на скопјани. Во исто време, ги продолжуваме разговорите со Министерството за култура за изградба на нова концертна сала во Скопје и буџетирање на средства за оваа намена“, додава Шилегов. Универзална сала е затворена скоро 6 години, од 10 март 2015.  Таа е изградена после скопскиот земјотрес, и е  идентична со ојектот на некогашниот софиски национален циркус.]]>

„Солидарни за срцето на Скопје“ – граѓаните на собирот за спас на „Универзална сала“ со јасна порака: Реконструкција и санација на истата локација, наместо нејзино уривање и дислокација https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-gragjanite-na-sobirot-za-spas-na-univerzalna-sala-so-jasna-poraka-rekonstrukcija-i-sanacija-na-istata-lokacija-namesto-nejzino-urivanje-i-dislokacija/ Tue, 11 Aug 2020 18:42:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162840

Најавениот собир за поддршка на „Универзална сала“ се одржа вечерва, вторник, 11 август 2020 година,  пред платото на салата во 20 часот. Собирот во организација на граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“ имаше доволна масовност на која беа запазени препораките и здравствените протоколи за носење заштитни маски и социјална дистанца на присутните заради корона епидемијата. Од собирот  граѓаните испратија јасна порака и апел дека „Универзална сала“ мора да остане на истата локација, но затоа побараа нејзина санација, промена на салата во ново руво и реконструкција со која ќе бидат запазени сите светски стандарди кои треба да ги поседува една современа концертна сала: од инфраструктура, комодитет на публиката, современа сцена, квалитетна сценска, звучна и светлосна техника, па се до врвна акустика,  наместо нејзино уривање. Поддршка на иницијативата дадоа и дел од познатите македонски музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери..., а настанот го проследија и голем број новинари од различни македонски медиуми. „Универзална сала е еден од симболите на Скопје, таа е обележје на градот, храм и светилиште на културата и уметноста, место каде најпознатите домашни, регионални и светски уметници од разни профили оставиле дел од својата уметничка душа на neјзината сцена, ја разменувале својата креативна енергија со публиката, го презентирале своето врвно уметничко творештво... Но, Универзалнасала како објект кој е подарок од 20-ина земји од светот на разурнатото Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963-та година е и симбол на хуманоста и солидарноста на човештвото на еден град и  кон еден народ во неговите најтешки денови и премрежја...“ - се само дел од цитираните зборови кои познатите поединци или обичните граѓани ги разменуваа меѓу себе или во изјавите за медиумите. Затоа, „Универзална сала“ не смее да се урне, туку мора да се направи се'  таа да опстои и продолжи да постои , да го сочува овој лик, но во ново руво, со нов декор, на истото место - во срцето на Скопје! https://www.youtube.com/watch?v=KQcX0hrnO1I]]>

„Солидарни за срцето на Скопје – Универзална сала“: Вечерва граѓански собир пред платото на „Универзална сала“ против нејзиното уривање https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-univerzalna-sala-vecherva-gragjanski-sobir-pred-platoto-na-univerzalna-sala-protiv-nejzinoto-urivanje/ Tue, 11 Aug 2020 10:56:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162748

„Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје - Универзална сала  вечерва, вторник, 11 август 2020 година, пред платото на Универзалната сала со почеток во 20 часот ги повикува сите добронамерни граѓани заедно да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје. *Ве молиме почитувајте ги мерките за дистанца и носење маски - се вели во соопштението од иницијаторите кое осамна на социјалните мрежи и во медиумите, за собирот кој беше пролонгиран од минатата недела за денес, заради временските непогоди и обилните врнежи.   Иницијативата потекна по објавата на конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на „Универзална сала“, која во тој случај би се урнала и дислоцирала на друга локација. По бурните рекации на граѓаните на социјалните мрежи и во медиумите за ваквата објава, ним им се придружија музичките и естрадните уметници, актерите, културните дејци, авторите, организаторите, промотерите, менаџерите, ивент индустријата.... па се очекува на вечерешниот протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој  единствен „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија!    ]]>

Гаро Тавитјан Јуниор е за балансирано решение: „Универзална сала во ново руво со ист или малку проширен капацитет на иста локација со подземен паркинг и интегриран зелен парк“ https://arhiva.vistina.com.mk/garo-tavitjan-junior-e-za-balansirano-reshenie-univerzalna-sala-vo-novo-ruvo-so-ist-ili-malku-proshiren-kapacitet-na-ista-lokacija-so-podzemen-parking-i-integriran-zelen-park/ Mon, 10 Aug 2020 11:13:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162544

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавноста на нозе, го бунтуваше народот, па на неговите реакции на социјалните мрежи и написите во медиумите,  нему му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди, културни работници, промотери, менаџери, лица од ивент индустријата… Скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала на чије место градските власти  предлагаа  да никне некаков парк со летна сцена!? Од одржаниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува... Или не барем јавно. Арно ама, по стариот добар обичај и „курнаска“ навика се' што треба да се протурка на мала врата, тоа најдобро  се прави во неработен ден или за викенд, кога фреквенцијата е намалена, а луѓето се по викенди, па така за време на последниов викенд (08-09 август 2020, сабота-недела) токму пред платото на „Универзална сала“  среде бел ден, на очиглед на случајните минувачи и граѓаните кои живеат во околината се случи „еколошка кланица“. „Се сечат елките стари 50 години во централното градско подрачје, конкретно пред Универзалната сала. Граѓаните кои тука живеат велат дека елките со години го краселе овој дел од градот.  Си го поставуваат прашањето зошто се сечат елките, односно дали причината можеби се крие во најавите од градските власти поврзани со Универзалната сала, а кои предизвикаа бројни реакции во јавноста. Имено, од кај градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов беше спомената можноста постоечката Универзална сала, во неможност да се рекенструира според стандардите, да се урне и да се изгради нова современа на друга локација, а на нејзино место да никне парк. Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ќе изјави дека оваа операција е организирана од Град Скопје“ - пишува порталот Фактор.мк, објавувајќи фотографии од исечените елки пред влезот на салата. Во меѓувреме, најавениот собир со хепенинг за протест пред платото на „Универзална сала“ од кој граѓаните и  јавно ќе му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија, поради временските непрелики, беше поместен за ВТОРНИК, 11-ти август 2020 год. со почеток во 20 часот. Но, реакциите, мислењата и ставовите на познатите и признати македонски уметници кои ја преставувале земјава и надвор од нејзините граници, не стивнуваат. Едни од оние кои се своевидни „икони“ во македонската музичка култура воопшто, секако е музичкото семејство Тавитјан, на чело со легендарниот тапанар Гарабет Тавитјан и неговите синови Дики и Гаро јуниор, исто така врвни и истакнати македонски музичари, автори, продуценти. Најмладиот од нив, Гаро Јуниор, во име на  музичкото семејство Тавитјан со став за или против реновирање и реконструкција на истото место или уривање и дислокација на „Универзална сала“? „Универзална сала е едно од културните обележја на Скопје, а и на Македонија. Тесно е поврзана со голем број музички случувања во изминативе неколку децении и како таква е во колективната меморија на граѓаните. Лично ние ја паметиме по концертите на Парамециум, концертот на годината на браќа Тавитјан во 2008 година, концертите на Леб и Сол, како и други неброени интернационални џез перформанси, музички награди и манифестации кои ги проследивме на таа локација. Ќе ни биде жал доколку таа сала не добие нов дизајн со истиот или малку проширен капацитет на истата локација со соодветен подземен паркинг и по можност интегриран зелен парк како балансирано решение. Инаку градот е дефицитарен со концертни сали од среден и голем капацитет решени со професионална акустика, така што уште една сала плус на друга локација секако ќе е добредојдена“ - вели Гаро Тавитјан јуниор во име на едно од најпознатите и најуспешни македонски музички семејства. Решение кое во многушто наликува на веќе готовиот проект што бившиот градоначалник на Скопје, според многумина и најдобриот досега - Коце Трајановски, му го остави како готов проект во фиока на сегашниов, Петре Шилегов!]]>

„Солидарни за срцето на Скопје на 11 август во 20 часот“: Собирот со хепенинг за поддршка на „Универзална сала“ заради временските неприлики одложен за во вторник https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-na-11-avgust-vo-20-chasot-sobirot-so-hepening-za-poddrshka-na-univerzalna-sala-zaradi-vremenskite-nepriliki-odlozen-za-vo-vtornik/ Fri, 07 Aug 2020 19:56:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162163

Покрај многубројните реакции против уривањето на „Универзална сала“ на чије место градските власти и градоначалникот Петере Шилегов имаа идеја да никне парк со летна сцена,  граѓаните покренаа и граѓанска иницијатива насловена: „Солидарни за срцето на Скопје“ која осамна на Фејсбук Имено, денес, четврток,  6 август 2020 година, во 20.00 часот граѓаните и сите добронамерници требаше да се соберат на протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија! Но, поради временските непрелики, иницијативата реши собирот со хепенинг да го помести за ВТОРНИК, 11-ти август 2020 год. со почеток во 20 часот. „Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје- Универзална сала ја известува јавноста дека поради временските прилики и врнежливото време, хепенингот планиран за денес пред платото на Универзалната сала се поместува во вторник, 11.08.2020 година со почеток во 20 часот “ -  напишаа во својата објава на Фејсбук иницијаторите. ]]>

Првиот човек на „Скопскиот џез фестивал“ – Оливер Белопета: „Најдобро би било да добиеме нова Универзална сала со стариот амфитеатрален облик со приближно истиот капацитет, на истата локација“ https://arhiva.vistina.com.mk/162084/ Thu, 06 Aug 2020 09:36:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162084

Нов ден - нова реакција не само од народот на социјалните мрежи, туку и од многумина познати и признати културни дејци, творци и културни работници кои остро се спротиставуваат на скопските чиновници од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот на македонската престолнина, Петре Шилегов, за распишаниот конкурс за градење на парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би морала да се урне. Една од најстарите културни манифестации, со традиција од безмалку 40 години и квалитет со каков што не может да се пофалат ниту  многу поголеми градови, побогати држави и пореномирани институции е секако „Скопскиот џез фестивал“ ( SJF), кој со години се одржуваше токму во „Универзална сала“. На  нејзината сцена во рамките на фестивалските денови настапиле дефинитивно најголемите светски имиња во оваа област. Плеада од најпознатите светски великани на џезот и блузот. Неговиот основач и човекот кој светската џез музика и нејзините великани со децении наназад ги носи во Скопје, Оливер Белопета со свој став за ступидната бесмисленост за уривање на „Универзална сала“, но и песимизам дека таа ќе биде реновирана и променета во ново руво на истото ова место каде што е сега, како и  апсолутна недоверба во „евтините приказни“ на градскиот татко за изградба на некаков нов,  далеку поскап „мултимедијален центар“ на нова локација: „Ова е мојата омилена фотографија од Скопскиот џез фестивал и Универзалната сала. Направена во 2006 година од Žiga Koritnik , непосредно пред настапот на Ornette Coleman. Поглед од зад сцената. Вообичаено џез фестивалот го посетуваа драги колеги од Европа и светот кои постојано говореа дека истите концерти во Скопје биле подобри отколку на нивните фестивали.Зошто? Најпрецизниот одговор постојано доаѓаше од самите музичари. “Бевме посебно инспирирани од амбиентот, велеа, од акустиката на салата и блискиот контакт со публиката“. Акустиката, со оние висечки “печурки“, мошне занимлива приказна од средината на седумдесетите години, е дело на австриски експерти. А “интимниот“ контакт помеѓу музичарите и публиката го обезбедува амфитеатралниот карактер на гледалиштето. Не случајно античките Грци граделе амфитеатри, подоцна ги правеле и Римјаните, но во целосна кружна форма и за друга намена. Скопје нема концертна сала (Универзална предолго се распаѓаше). МОБ и Филхармонија тоа не се, Тие, иако служат за се и сешто, имаат прецизна функционална намена. Скопје нема ниту вистинска летна сцена. Да, најдобро би било да добиеме нова Универзална сала, која проектно ќе води сметка за стариот амфитеатрален облик (и одвнатре и однадвор), со приближно истиот капацитет и на истата локација. Само, многугодишното искуство со сега воскреснатиот “случај Универзална“ барем мене ми укажува дека тоа нема никогаш да се случи. Како и некаков фантазиран, далеку поскап “Мултимедијален центар“ - напиша Белопета на Фејсбук.    ]]>

И регионалните ѕвезди против уривањето на „Универзална сала“: Бојан Маровиќ – „Ве молам, не уривајте ја… душата ме заболе кога слушнав дека ќе биде претворене во парк!“ https://arhiva.vistina.com.mk/i-regionalnite-dzvezdi-protiv-urivanjeto-na-univerzalna-sala-bojan-marovikj-ve-molam-ne-urivajte-ja-dushata-me-zabole-koga-slushnav-deka-kje-bide-pretvorene-vo-park/ Wed, 05 Aug 2020 08:50:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161842

Реакциите околу „бизнис плановите“ на урбаната мафија поддржана од идејата на градската власт и скопскиот градоначалник Петре Шилегов со распишување конкурс за идејно решение за парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би се урнала, не само што не стивнуваат, туку стануваат се посилни и пожестоки. Покрај домашната јавност која ги усвити социјалните мрежи и написите во медиумите, уметниците, културните работници, естрадата, ивент индустријата... речиси да нема човек кој има допирни точки со културата и уметноста, да дава „зелено светло“ за уривање на скопската и македонска „Мека на културата и уметноста“... (освен ретки исклучоци во поединци кои се „лижат“ со власта)! На домашните естрадни и музички ѕвезди, им се приклучија и регионалните, оние кои повеќе пати настапувале во  „Универзална сала“ со свои солистички концерти, или учествувале на разни фестивали, манифестации, збиднувања... на нејзината сцена. Еден од нив е и црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ, кој точно пред 15-ина години, тогаш како голобрадо момче кое ја гради својата популарност  го имаше својот прв голем солистички концерт во кариерата токму во скопската „Универзална сала“, која тогаш беше претесна да ги прими сите кои сакаа да ги слушнат неговите хитови и балади. „Универзална сала е местото каде што го имав мојот прв голем солистички концерт во животот - организиран. Душата ме заболе кога слушнав дека салата во која многумина настапија ќе биде претворена во парк. Пред некое време,ме израдува информацијата дека  оваа легендарна сала ќе биде реновирана, во ново руво,  со иста намена. Сепак, плановите во меѓувреме се чини дека за жал се променети?! Се надевам дека, на крајот на краиштата, мислењето ќе се смени и ќе слушнеме дека овој култен културен храм ќе се реновира и ќе биде местото што повторно ќе ги собира луѓе за убави, духовни нешта. Скопје уште еднаш, благодарам што ми го дадовте срцето токму таму, на таа сцена. Должник сум ви засекогаш, но Ве молам... не уривајте ја Универзална сала“ -  вели во своето обраќање црногорската поп ѕвезда, за Вистина.ком.мк, симболично споделувајќи го видеото од песната „Ако повредим те ја“, снимено токму од неговиот дебитантски  концерт во „Универзална сала“! https://www.youtube.com/watch?v=-i_VBPlDUMc  ]]>

Дури и „нивните“ се против нив: „Единствено што можам да прифатам е реновирање на Универзална сала“ – обзнани режисерот Александар Поповски https://arhiva.vistina.com.mk/duri-i-nivnite-se-protiv-niv-edinstveno-shto-mozam-da-prifatam-e-renoviranje-na-univerzalna-sala-obznani-reziserot-aleksandar-popovski/ Tue, 04 Aug 2020 09:03:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161640

Распишаниот конкурс за идејно решение  за некаков „културен парк со летна сцена“ на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би била урната, што градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодамна го пушти за да го „опипа“ пулсот на јавноста, очигледно им се „дупна“ уште уште при самото лансирање. Јавноста едноставно експлодираше жестоко застанувајќи во одбрана на културниот скопски храм, на светилиштето на уметноста кое очигледно скопјани, и не само тие, немаат намера да дозволат да биде срамнето со земја и заменето за зелена трева. Илјадници обични граѓани уште при самата помисла за уривање на „Универзална сала“ категорички му рекоа НЕ на Шилегов. Најпрвин преку социјалните мрежи и медиумите, а сега и преку граѓанската иницијатива насловена: „Солидарни за срцето на Скопје“ која осамна на Фејсбук страницата „Градот убав“.  Граѓаните, сите добронамерници, се повикуваат во четврток, на 6 август 2020 година, во 20.00 часот да се соберат на протест пред платото на „Универзална сала“ во што поголем број, за и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради личните бизнис интереси на урбаната мафија! Рамнодушни не останаа ниту истакнатите музички, естрадни, драмски, балетски, фолклорни.... уметници, автори, културни дејци, организатори, ивент или културни работници... кои оставиле дел од својот живот, работа и кариера во таа сала или својата егзистенција ја обезбедувале токму преку организацијата или непосредното учество на разни соллистички или групни настапи на нејзината сцена. Колку е „сулуда и промашена“  воопшто и помислата, а камо ли идејата или решението за уривање на „Универзална сала“, покажува и фактот што дури и „нивните“ застанаа против нив! Така, реномираниот македонски режисер Александар Поповски, кој важи за поддржувач на СДСМ и актуелната власт од која дури беше и поставен за претседател на Управниот одбор на Македонскиот народен театар (МНТ), но, набргу потоа, како што објави на прес конференција, не сакајќи да биде дел од тонењето на оваа институција, си даде оставка и замина за Марибор - Словенија, каде стана  уметнички директор на драмата во мариборското „Словенско народно гледалишче“, на својот Фејсбук профил напиша: Емотивно помнење или бројки и сметки „Моментот со Универзалната сала е нешто што му припаѓа на просторот на емотивното помнење. Тоа е за мене многу посилно од сите аргументи базирани на бројките и пресметките со кои се оправдуваат идеите за уривање или преместување на Универзалната сала. Тие емотивни моменти ги создаваат легендите и митовите. А легендите се важни затоа што од нив се направени приказните. А без приказните нема за што да раскажуваме во часовите додека седиме собрани околу огнот. Затоа не се согласувам со никакво рушење на приказната. Таа приказна зборува за еден момент кога светот беше солидарен со несреќата која го задеси малиот град Скопје и неговите жители. Таа е првата компонента на емотивното помнење. Втората е она со што сиве овие години беше исполнета Универзаланата сала. Сите оние момементи споделени со сите оние уметници кои настапија во тој простор. Заедно овие две емотивни помнења или приказни го прават овој објект посебен и како таков единствено што можам да прифатам е негова реновирање. Како дете кое паднало во кал, да се избања, исчисти, дотеар и исчешла. Тоа е се што на Универзална сала и е потребно“. Извор и фото: Фејсбук]]>

Сите се против уривање на “Универзална сала“, само Миро Кацаров – „ЗА“, а еве и зошто: Петре Шилегов го вработи во „Универзална сала“ портпаролот на коалициониот партнер – ЛДП, само еден месец пред изборите https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-protiv-urivanje-na-univerzalna-sala-samo-miro-kacarov-za-a-eve-i-zoshto-petre-shilegov-go-vraboti-vo-univerzalna-sala-portparolot-na-koalicioniot-partner-ldp-samo-eden-mesec-pred-izborite/ Sat, 01 Aug 2020 07:51:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161547

Идејата која ја промовираа поединци од градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов за уривање на „Универзална сала“ и распишаниот конкурс за правење на некаков парк со летна сцена на нејзината локација, предизвика бура во јавноста која се' уште не стивнува. Покрај негодувањата на народот, секојдневно се јавуваат со свое мислење и став и јавните личности, најмногу уметниците од разни области: музичката, драмската, балетската... на кои и најмногу и најчесто „Универзална сала“ им била втор дом, местото каде или поникнале и започнувале или каде ја овековечиле својата кариера со фестивалски, соло, настапи на разни манифестации, збиднувања, настани, престави... Не помалку гласни се и новинарите и радио и ТВ водителите кои ја третираат културата и естрадата, но и разни автори: композитори, текстописци, аранжери, музички и извршни продуценти, сценаристи, режисери... Медиумите на „случајот „Универзална“ секојдневно му даваат полн третман, па така деновиве порталот „Вечер прес“ третирајќи ја темата направи своевидна анкета со изјави на јавните личности, меѓу кои имаше и познати пејачи, музичари, текстописци, ДЈ-и, новинари, музички работници... И сите до еден во своите изјави беа на став дека „Универзална сала“ не треба да се урива, туку или да се реновира постојниот објект или да се возобнови одново на истата локација, но никако да се дислоцира и на тоа место да се гради некаков парк! Сите до еден, освен ЕДЕН - ТВ водителот Мирослав Миро Кацаров, кој во својата изјава децидно вели: „Зошто да не се урива? Ќе се изгради нова, најмодерна, најграндиозна на Балканот. Далеку поубава од оние во Загреб и Белград или Софија. И на нова локација ќе биде. Верувајте, Градоначалникот има одлична идеја заедно со архитектите.“ Легитимно е секој да има право на свој став и свое мислење и тука нема ништо спорно, освен едно нешто. Оддамна е познато дека штипјанецот Миро Кацаров не е само лице од ТВ екраните, туку и политички функционер, односно портпарол на Либерал - Демократската Партија (ЛДП), која како „цврст приврзок“ е коалиционен партнер на владеачката СДСМ, од чии редови е градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а „Универзална сала“ како што е познато е под капата токму на градската власт. Но, причина повеќе во изјавата на водителот: „Зошто да не се урива?“  е и нешто друго, што малкумина во јавноста го знаат. Имено, партиските вработувања пред избори станаа фолклор на власта, стил на живот, начин на работа и однесување, па така скопскиот градоначалник Петре Шилегов само еден месец пред тукушто завршените вонредни парламентарни избори 2о2о, ќе го вработи Мирослав Миро Кацаров - портпаролот на својот коалиционен партнер ЛДП, токму во „Универзална сала“ на позицијата: Соработник за сценско-музичка дејност, за плата од околу 400 евра! И не само него, туку уште три други лица, што значи вкупно четворица нововработени на 30 дена пред избори во сала што не работи и сакаат да ја уриваат!? Нелогично и трагикомично! Затоа ТВ водителот, партиски портпарол, а отсега и Културно-Уметнички Работник, со глава и брада, со раце и нозе, а Бога ми и нокти го брани ставот на „братот“ од челната фотелја на градската власт! Патем, заради пропустите во процедурата на директорот на „Универзална сала“, (кој е исто така нивно кадровско решение)  и необезбедената финансиска согласност од Министерството за финансии на Македонија за вработување на Кацаров и останатите тројца, настанал правен вакум, па вработените во „Универзална сала“ неколку месеци пред изборите не можеле да земат плата! Случка која исто така претходно осамна во јавноста.]]>

Андријана Јаневска и Стефче Стојковски против уривањето на „Универзална сала“: Доблест и големина е да се сочува и возобнови, а уривањето е знак на слабост, очај, безидејност и духовна немоќ https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-i-stefche-stojkovski-protiv-uruvanjeto-na-univerzalna-sala-doblest-i-golemina-e-da-se-sochuva-i-vozobnovi-a-urivanjeto-e-znak-na-slabost-ochaj-bezidejnost-i-duhovna-nemokj/ Fri, 31 Jul 2020 08:40:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161409

По веста која ја налути и разбранува јавноста дека „Универзална сала“ можеби ќе се руши и на нејзинио место ќе никне некаков парк со летна сцена, нешто во чија позадина  како кукавичко јајце во туѓо гнездо, лежет лични бизнис интерси, цунамитѕо од реакции не престанува. од обични граѓани, до некогашни вработени и соработници во „Јавна установа Центар за организирање приредби Универзална сала“, како што гласи полниот назив на оваа институција, која не е само обичен концертен објект, туку од првиот ден на своето постоење се јавувала како организатор на бројни настапи, концерти, фестивали, манифестации, претстави... Со еден збор креативно - културен храм, институција и самата по себе и културно светилиште по култот која го изградила за себе. Токму затоа најгласни се и оние кои биле дел во градењето на тој културен култ, а меѓу нив секако и дел од македонските музички, естрадни и фолклорни... уметници. Андријана Јаневска, познатата македонска пејачка, виолинистка и музички педагог е една од оние која токму својата кариера, своето уметничко деби го имала во „Универзална сала“. Непосредно пред своето заминување за Преспа, во делот на Република Албанија, каде токму за претстојниот празник - Илинден  на плоштадот во овој град со свој концерт годинава ќе го отвори  "Македонско културно лето" во Албанија,  Андријана Јаневска во кусата изјава за Вистина.ком.мк порача: „Мојот прв настап беше во Универзалната сала. Таму ја започнав кариерата, дебитирајќи на Скопскиот фестивал. По природа сум тип на човек кој сака да гради, а не да руши и сигурна сум дека може да се најде решение оваа сала повторно да функционира, оттука, каде што е од истата локација“ - изјави Јаневска. Познатиот македонски фолклорист, народен уметник и мултиинструменталист кој свири повеќе народни инструменти - Стефче Стојковски кој многупати настапувал во „Универзлна сала“ дури и со некои од најголемите имиња и легенди на македонскиот изворен фолклор, исто така жестоко се спротиставува на уривањето на салата, тврдејќи дека градењето е доблест, а уривањето, особено на еден ваков култен културен објект е знак на творечка и духовна немоќ: „Мојот личен став во врска со најавите за рушење на Универзална сала е дека доколку таа се сруши , ќе се сруши еден солидарен подарок, донација од 30-етина држави како хуманитарна помош за овој културен објект кој е изграден после земјотресот. Ќе се срушат спомените од моето детство, спомените од моите настапи со познатите македонски музички легенди, Васка Илиева, Вања Лазарова, Александар Сариевски и многу други... Доблест, големина, белег на една нација е да се сочува, надгради или возобнови веќе изграденото, или да се изгради ново поубаво од постоечкото. Да се руши , да се урива, да се уништува, разурнува, по мене е знак на дестимулација , слабост, очај,  безидејност и творечка духовна немоќ“ - заклучува Стојковски во изјавата за нашиот портал.]]>