уништување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Mar 2023 13:28:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png уништување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Токсични фрази кои несвесно ги изговараме, а ни ја уништуваат врската https://arhiva.vistina.com.mk/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata/ Thu, 16 Mar 2023 14:00:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293818

Велат дека делата зборуваат погласно од зборовите, што е најчесто случај, но велат и дека изговорениот збор „не се враќа“. За жал, во партнерските односи, повеќето не се грижат за она што го кажуваат, особено во екот на гневот. Одредени зборови можат да ни го повредат духот и да остават долгорочни последици за нашата ментална состојба, а понекогаш можат да болат повеќе од физичка повреда. Ајде да ги погледнеме најчесто користените фрази кои долгорочно може да го влошат нашето партнерство: 1. „Ако така се чувствуваш – подобро да раскинеме“ Оваа реченица обично ја кажуваме среде кавга, кога не можеме да се справиме со обвинувањата и незадоволството од партнерот. Во тие моменти треба да се потсетиме дека бракот е спој на две личности кои заедно треба да бараат решение и компромис. Наместо често да се закануваме дека ќе раскинеме, можеме да го пробаме следново: – Во моментов се чувствувам лут, разочаран или погрешно разбран и тешко ми е да бидам покрај тебе. Те сакам ама ми треба простор, ќе разговараме кога ќе се „оладам“. 2. „Зборуваш глупости“ Чести се моментите кога мислиме дека нешто што ни го кажува другата половина е ирационално или бесмислено, но наместо да ги користиме токму тие фрази, посегнуваме по грдиот збор „глупав“. Ова е особено погрешно бидејќи го прави нашиот партнер да се чувствува токму така – „глупав“ и може да го спречи да споделува идеи, соништа или стравови со нас во иднина. Поинаква перспектива на гледање на нештата е нормална, дури и пожелна. 3. „Не сакам да зборувам за тоа“ Понекогаш ни треба пауза за време на дискусијата за да ја процениме ситуацијата, да ги оладиме главите и да размислиме за идните чекори. Но, ако целосно го игнорираме „слонот во собата“, односно проблемот во нашиот брак или врска, тој може да стане почетна капсула за катастрофа. Недоразбирањето е една од најчестите причини за прекинување на меѓучовечките односи, па затоа е многу важно да се разговара, без разлика колку е непријатна или болна одредена тема. Нагласете дека сè уште не сте подготвени да започнете разговор, но не го отфрлајте целосно. 4. „Ти си ист/а како татко ти/мајка ти“ Ова е големо, големо НЕ затоа што навистина може да повреди човек. Ако нашиот партнер ни верува доволно за да го сподели со нас своето детство или работи кои го мачат за неговите родители, никогаш не смееме да го злоупотребуваме тоа против него, без разлика колку сме лути. 5. „Само опушти се“ Во превод – престанете да размислувате за тоа. Реченица која всушност создава сосема спротивно чувство, доколку некоја личност ви ги искаже своите негативни чувства, а вие на овој начин ја предизвикате, генерално ќе предизвикате зголемен гнев. извор:попара.мк фото:Shuterstock]]>

5 работи кои ќе ја уништат и најсилната врска https://arhiva.vistina.com.mk/5-raboti-koi-kje-ja-unishtat-i-najsilnata-vrska/ Fri, 12 Aug 2022 12:55:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262525

Навидум совршената љубовна врска не е секогаш таква како што изгледа. Сигурно сте биле сведок на тоа како врската се распаднала, дури и кога парот неизмерно се сакал. Се верува дека, ако двајцата навистина сакаат да останат заедно, тие ќе бидат среќни до крајот на нивниот живот. Но, тоа не е случај во вистинскиот живот. Во продолжение следуваат 5 знаци што укажуваат дека вашата врска може да се распадне без разлика колку е силна вашата љубов. Постојани караници Не е нормално никогаш да не се расправате и во сѐ да се сложувате. Не само дека се неизбежни, туку караниците се и посакувани и важни за развојот на вашата врска. Но, ако недоразбирањата се секојдневни, тоа би можело да биде знак дека сериозно треба да размислите дали партнерот со кој сте во врска е вистинскиот за вас. Тенка е границата помеѓу љубовната магија и нешто многу поштетно – остриот коментар може да предизвика безброј навреди, што пак може да биде чекор поблизу до физички напад. Размислувајте вака: Што ќе биде за неколку години? Каков ќе биде вашиот живот за 5-10 години, кога нетрпеливоста може многу лесно да се зголеми? Секогаш обидувајте се да размислувате рационално за иднината. Љубомората не е љубов Често може да се слушне дека колку повеќе љубомора има во врската, толку е посилна љубовта. Во реалноста не е така. Љубомората е деструктивна и мора да се држи под контрола. Љубомората не може да донесе ништо добро и таа е показател за нечија помала самодоверба, и нема врска со љубовта. Оддалеченост Можеби ќе ве разочараме, но ситуацијата во која вашата сакана личност е во друг град или во друга држава (поради работа или факултет), најчесто е многу штетна за врската. Ако не постои визија за иднина или заедничка цел, тогаш врската најверојатно нема да успее. Убаво вели народот „Далеку од очите, далеку од срцето“. Ако сте се нашле во оваа ситуација, тогаш ќе знаете што значи ова. Скајп или Вајбер не можат да ги заменат разговорите во живо. Постојано сомневање во сопствените избори Сите имаме моменти на сомневање во врската, слабости, недостатоци… Но, во здравите врски, времето секогаш помага да се преминат сомневањата и стравовите. Колку подолго сте заедно, толку има помал простор за анксиозноста. Како полека ги откривате вашите предности и особините кои вашиот партнер ги има, така вашиот однос ќе се насочува кон задоволство, а не кон паника. Ако чувствувате константно сомневање, тоа би можело да биде сигнал дека нешто недостига во вашата врска, или конкретно нешто ви недостига вам. Можеби вашето минато не ви дозволува да тргнете напред. Или ве плаши нешто во врската. Во секој случај, не би требало да ги игнорирате тие чувства. Цели кои не се поклопуваат „Спротивностите се привлекуваат“ – сигурно милион пати сте ја слушнале оваа изрека. Но, животот често го докажува спротивното. Вашата врска можеби била совршена додека двајцата сте биле на студирање на истиот факултет, но кога сте започнале различни кариери, сте почнале да минувате сѐ помалку време заедно. И со тек на време целосно ќе се оддалечите. Секако, невозможно е да пронајдете некого со кого вашите приоритети ќе се совпаднат целосно. Но, ако вашите цели и планови воопшто не се поклопуваат, тогаш тешко дека имате нешто заедничко. извор:попара.мк]]>

Пет начини на кои ги уништувате сите врски во кои сте биле https://arhiva.vistina.com.mk/pet-nachini-na-koi-gi-unishtuvate-site-vrski-vo-koi-ste-bile/ Fri, 30 Nov 2018 13:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60706

Можеби навистина последниот партнер со кој сте биле во врска навистина бил за никаде, но ако не можете да одржите нормална, здрава врска на подолг рок, можеби е време да се преиспитате и да проверите дали проблемот е во вас. Ако правите една (а можеби и повеќе!) од овие работи, тогаш сами сте виновни за неуспехот на вашите врски. Мора секогаш да сте во право Вам ви изгледа дека сосема случајно сте секогаш на вистинската страна, но тоа може да биде напорно, особено кога не сте во право и не знаете да признаете пораз. Мора да контролирате сѐ Одлично е тоа што имате контрола врз сопствениот живот, но не може да ги контролирате туѓите животи. Кога обидите да го имате под контрола секој аспект од врската ги преминуваат границите на добриот вкус, никој нема да сака да остане со вас долгорочно. Се повлекувате Проблемите не ги решавате со разговор, туку се повлекувате во себе и очекувате да се решат сами од себе. Во полош случај, се повлекувате целосно од врската и ја осудувате на пропаст без обид да го решите проблемот. Никој не сака да биде единствениот кој постојано се бори за врската да опстане. Желба за одмазда Ако некој ве повреди, макар и ненамерно, во вас гори желба да се одмаздите – со иста мера или повеќе! Одлика на човек во здрава врска е знаењето кога треба да простите и да заборавите и едноставно да не се навраќате на лошите моменти откако сте ја решиле ситуацијата. Премногу сте искрени Искреноста е голема доблест, но и таа има различни форми. Детската искреност, која најчесто следи без промисленост, не им прилега на возрасните луѓе. Понекогаш е подобро да премолчите и да размислите. Проценете кои работи се за премолчување, а кои и мора да бидат кажани и како.]]>

Пет збора кои ќе ве уништат во врската https://arhiva.vistina.com.mk/pet-zbora-koi-kje-ve-unishtat-vo-vrskata/ Fri, 10 Aug 2018 17:09:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=42387

Зборовите се навистина моќно оружје. Тоа што ќе го изговорите подеднакво може да ви помогне или одмогне, во зависност од тоа со кои фрази се служите, на кој начин нешто изговарате и што сакате да постигнете со тоа. Паровите тука најчесто грешат и не обрнуваат внимание на тоа што го изговараат пред партнерот. Сепак, треба да бидете свесни за зборовите кои можат да го претворат вашиот однос во пекол. Доколку сакате да ја зачувате вашата врска и да избегнете раскинување, овие зборови треба да ги избегнувате колку што е можно почесто. Никогаш Овој збор подразбира чувство на безнадежност и крај. Кога го користите овој збор, на партнерот му порачувате дека не е добар, никогаш нема да биде добар и дека нема надеж за промени. Во прашање е „се или ништо“ тип на фраза која не остава простор за слушање, компромиси и добра волја. Секогаш Со овој збор укажувате на строгост и исправност. На партнерот му порачувате дека не е во право, а дека вие сте во право и дека ништо не може да се направи во врска со тоа. И тука е во прашање „земи или остави“ тип на фраза која го блокира пристапот кон разбирање и поправање на нарушените односи. Но…/Ама… Кога велите „Но…“, или „Ама…“, тоа укажува на манипулирање и недостаток од сопствено јас. Кога ја користите негирате се што е претходно кажано. Со неа ја поништувате вашата порака и позитивната изјава ја претворате во негативна. Зборот „Но“ или „Ама“ го исклучува градењето на доверба, веродостојност и интимност. Пцовки Ова не е еден збор, ова се палета на зборови, но во ниту еден случај не смеете да ги користите. Тоа што го именувате партнерот со погрдни зборови не може да донесе ништо добро. А ако го правите тоа често, со тоа трајно ја уништувате врската. А во љубовта нема место за отворено презирање. Развод/Раскинување Заканите за развод или раскинување, предложување на истите или обвинувањето на партнерот дека ја уништува врската или бракот води токму кон тоа. Разводот или раскинувањето е многу важна одлука и кога ова го користите во разговорот како оружје или средство за контрола, создавате напната атмосфера која не допринесува за ефективна комуникација, ниту пак за решавање на проблемите.]]>