уништуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Sep 2022 09:43:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png уништуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Аца Лукас поминува низ пекол поради соседите: Откри што му прават секој ден (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-pominuva-niz-pekol-poradi-sosedite-otkri-shto-mu-pravat-sekoj-den-foto/ Mon, 19 Sep 2022 09:43:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267524

Фолкерот Аца Лукас признава дека доживеал непријатни ситуации со поранешните девојки, кои прераснале во скандали. Еднаш, имено, толку ја налутил својата партнерка што таа му го уништила автомобилот пред кафеана во Црна Гора. - Бев на море кога девојката со која бев во врска ми го уништи новото „ауди“! Ми напиша „пе*ерчино“ со тој спреј што се користи за новогодишните празници. Не знам како таа се сети на тие зборови, бидејќи јас сум се освен тоа! Тоа се случи по расправија - ја започнал приказната Лукас , не сакајќи да ја открие причината поради која тогашната девојка му се налутила. - Исто така соседите секој ден ми ја гребат колата. Тоа е затоа што ја имам најскапата кола во соседството, па им паѓам во очи. Тоа е затоа што не живеам на Дедиње, туку во Вождовац. Но, полесно ми е да ми ја изгребат колата отколку да живеам во дел од градот каде што не ми е местото, каде што луѓето се лажат и глумат будали. Не сакам комшивката да биде пејачка која оди со приватен авион до тезга, па само патувањето ја чини повеќе отколку што заработува од настапот! Не знам зошто треба да го прават тоа? Никогаш не би направил такво нешто, бидејќи не живеам лажен живот, како што живеат многумина денес. Сè е јасно кај мене! Лукас е сигурен дека неговите поранешни сопруги Светлана, Наташа и Соња никогаш не ги уништиле неговите автомобили. - Би било глупаво да ми го запалат автомобилот, кога тоа е истиот автомобил што им го купив! - вели Аца, кој по три брака не размислува за сериозна врска: - Во моментов, среќен сум што имам девојки за една, две, пет или 105 ноќевања. Можеби тоа се менува, и ќе се мажам по 16-ти пат, но сега ми се допаѓа вака. Понекогаш ми недостига да имам семејство, но не се прашувам кога ќе се заљубам, тоа едноставно се случува. Не бегам од брак или од сериозна врска. Сето тоа е убаво, но мора да биде спонтано. Не можам да се програмирам да го правам ова или она. Никоја досега не ми го привлече вниманието толку многу што ќе сакам да се оженам со неа! - изјавил Лукас за „Информер“. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Аца Лукас/Зоран Илиќ/Оливер Буниќ]]>

3 непростливи грешки кои може да ви ја уништат љубовта: Само најсилните можат да „преминат“ преку нив https://arhiva.vistina.com.mk/3-neprostlivi-greshki-koi-moze-da-vi-ja-unishtat-ljubovta-samo-najsilnite-mozat-da-preminat-preku-niv/ Fri, 01 Oct 2021 13:15:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221494

Сигурни сме дека не постои личност која никогаш не направила грешка во животот, а особено во љубовта. Грешките се наши непромислени потези што ги правиме ненамерно, а знаат емотивно да го вознемират вашиот партнер. Но, ако нема грешки, нема да има прошка. Меѓутоа, понекогаш не е лесно да се каже „ти простувам“, како и „извини“, а овие зборови ретко се слушаат по овие 3 непростливи грешки што се случуваат во речиси секоја љубовна врска.

Отфрлање на соништата

Секој човек има право да фантазира и сонува, но никој нема право да го „скрши меурот“. Многу е тешко кога мислите дека сте ја нашле љубовта на вашиот живот која ќе ве поддржува во се, а потоа тоа не се случува. Ако вашиот партнер открие план што го има за во иднина, не го воздржувајте и не го поттикнувајте да се откаже. Дури и ако идејата ви звучи лудо и недостижно, бидете „ветер во грб“ и кажете му дека го поддржувате и дека секогаш сте таму. Се разбира, секогаш можете да му укажете на потенцијалните тешкотии на убав начин и да се обидете да ги решите заедно.

Недостаток на емпатија

Емпатијата е неопходна „состојка“ на секоја здрава љубовна врска. Љубовта дава, што значи дека секогаш треба да му покажете на партнерот да размислува за него и неговите чувства. Ако вашиот партнер е под стрес, почестете го со појадок и кафе во кревет и шепотете му дека се ќе биде добро. Запомнете дека малите нешта значат живот.

Психолошка манипулација

Психолошката манипулација во врската е начин да се покаже моќ и контрола над друго лице. Ако не знаете дали сте во таква врска, запомнете дали вашиот партнер еднаш ви кажал дека сте премногу чувствителни и дека во повеќето случаи вие сте виновни за расправија. Тоа е негов начин на „пренесување на топката“ на вашиот дел од теренот и ве тера да ги преиспитате своите постапки. За жал, ваквите психолошки манипулации се многу чести во некои врски, поради што обично не траат долго. Најдобро би било да разговарате отворено со партнерот и да му укажете на емоциите што кај вас предизвикува таквото однесување. извор: попара.мк ]]>

Еве кои намирници ги уништуваат бубрезите https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koi-namirnici-gi-unishtuvaat-bubrezite/ Tue, 28 Jul 2020 13:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160918

Бубрезите се задолжени за отстранување разни отрови од телото преку урината, да создаваат хормони и да ги филтрираат токсините и вишокот течност во крвта – затоа важно е да водите сметка со што ги храните. Најдобро е да бидете умерени со овие намирници…

1. Алкохол

Алкохолот во основа е отров, кој вашите бубрези мораат да го филтрираат. Умереното консумирање алкохол не ја прави оваа работа премногу тешка, но прекумерното создава вистински притисок врз нив. Преголемата количина на алкохол всушност ја менува функцијата на бубрезите, слично како што ја менува функцијата на мозокот и ги прави неспособни ефикасно да ја филтрираат крвта. Алкохолот има дехидрирачко својство, а водата е од критична важност за функцијата на бубрезите, како и за секоја поединечна клетка во нашето тело. Оваа внатрешна борба е една од причините поради кои мамурлакот толку пречи. Многу е важно да пиете многу вода секогаш кога консумирате алкохол.

2. Сол

Натриумот всушност е важна состојка која му помага на телото да одржува правилна рамнотежа на течностите. Работејќи заедно со калиумот, натриумот ја одржува нашата крв за да може ефикасно да филтрира низ бубрезите. Меѓутоа, кога внесувате премногу сол преку исхраната, бубрезите се принудени да зачуваат повеќе вода за да ја разредат крвта. Тоа на крајот го покачува крвниот притисок и може дури и да ги оштети микроскопските структури во бубрезите кои ја извршуваат филтрацијата – нефроните.

3. Кофеин

На многумина од нас им треба секојдневна доза кофеин за да можат да функционираат наутро, плус вечерна доза или две кога мораат да работат до доцна. Но затоа што кофеинот е стимуланс, го забрзува протокот на крвта и може да го зголеми крвниот притисок. Тој е и благ диуретик, што значи дека влијае врз способноста на бубрезите да апсорбираат вода и може да доведе до дехидратација. Во мали количини, кофеинот не им создава премногу стрес на бубрезите. Прекумерната консумација, меѓутоа, може да ги влоши болестите на бубрезите и да предизвика бубрежни каменчиња поради хронична дехидратација. Сè додека се држите до 2 или 3 кофеински пијалаци дневно и пиете многу вода во меѓувреме, не треба да се грижите!

4. Млечни производи

Млечните производи се богати со калциум и со други хранливи состојки, како и со протеини. Тие можат да бидат здрав додаток во вашата исхрана, но смеат претерано да се консумираат. Премногу калциум може да доведе до камен во бубрезите, бидејќи вашите бубрези се борат да го исфрлат преку урината. Преоптоварените бубрези, исто така, нема да бидат во можност да го обработуваат протеинскиот отпад ќе дојде до опасно ниво во вашето тело. Истражувањата покажале дека ограничувањето на консумацијата на млечни производи со бубрежни болести може да им ја одложи потребата за дијализа.

5. Месо

Премногу месо може да предизвика проблеми со бубрезите, бидејќи животинските протеини се тешко сварливи, па претставуваат товар за бубрезите. Исхраната богата со животински протеини би можела да доведе до развој на бубрежни каменчиња. Месото содржи голема количина на пурин, кој го поттикнува производството на мочна киселина, што е една од најчестите причини за бубрежни каменчиња. Наместо тоа, консумацијата на зеленчук и јаткасти плодови, би можела да ги обезбеди протеините што му се потребни на телото. извор: Курир.мк]]>

Што се нејасни сигнали во врската и како да ги препознаете? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-nejasni-signali-vo-vrskata-i-kako-da-gi-prepoznaete/ Thu, 31 Oct 2019 14:30:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115771

Се случува на секој од нас: ќе запознаеме некој и после првиот состанок не знаеме дали ќе започнеме врска, дали ќе се видиме повторно. Дали да очекуваме порака или повик, дали повторно ќе излеземе? Експертите советуваат како да ги забележите скриените сигнали пред да започнете љубовна врска. „Нејасните сигнали всушност се замаскирани лоши сигнали“, вели брачната советничка Марни Герман и додава дека е најважно да обрнете внимание на делата, а не на зборовите. Експертите нагласуваат дека вие не сте виновни за нејасните и лоши сигнали кои ви ги испраќа другата страна. Во најчестите случаи, вашиот потенцијален партнер има лични проблеми кои мора да ги реши сам пред да започне љубовна врска. Понекогаш се случува да си поминете одлично на состанокот и никогаш повеќе да не ви се јави за да го повторите излегувањето. Еден од најчестите лоши и нејасни знаци е прекинување со комуникацијата. Доколку постојано го проверувате телефонот и очекувате повик со денови, тоа е лош знак. Секако, можеби има причина поради која не ви се јавува, но ако го немате слушнато со денови, веројатно заборавил на вас. Доколку некој ве бара само кога има потреба, тогаш треба да знаете дека личноста не е заинтересирана за сериозна љубовна врска. „Едвај чекам да се видиме повторно, но сега немам време“, е најчестиот изговор. Важно е да знаете една работа: кога некој сака да ве види, бара време и место, а не изговори. Редовно ги коментираат и следат вашите објави на социјалните мрежи, но не одговараат на вашите пораки и покани за излегување. Ова е лош знак кој покажува дека партнерот не е заинтересиран за сериозна врска. Сè уште не разјаснивте дали сте пар или пријатели? Секогаш кога ќе ја отворите оваа тема, не ви одговара на пораките или исчезнува. Ако не знае што сака, подобро е да престанете да се трудите. За среќна врска се потребни двајца. Доколку не сака да ве држи за рака во јавноста, ова е лош знак. Веројатно сака да ве држи во тајност или не планира ништо сериозно со вас.]]>