унгарска режисерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Oct 2022 09:23:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png унгарска режисерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Унгарската режисерка Илдико Ењеди: „Се стопив од среќа кога освоив ‘Златна мечка’ на Берлиналето“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ungarskata-reziserka-ildiko-enjedi-se-stopiv-od-srekja-koga-osvoiv-zlatna-mechka-na-berlinaleto-video/ Wed, 19 Oct 2022 06:12:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271983

Унгарската режисерка Илдико Ењеди ја освои наградата за посебен придонес во филмската уметност на фестивалот „Киненова“, кој неодамна се одржа во Скопје. Таа беше и претседател на годинешното жири на фестивалот. Истакнатата режисерка повеќе од 30 години снима филмови и освојува награди во Европа, меѓу кои и „Златна мечка“ во Берлин за филмот „За телото и душата“, кој потоа беше номиниран и за „Оскар“. Иако со години е во филмскиот свет, Илдико ни призна дека не знае многу за македонската кинематографија. „Жал ми е, навистина не знам многу за македонските филмови. Деновиве сум во Скопје, го разгледував градот, имав време да се прошетам. Не барав локација за мојот следен филм, но би сакала локалните филмски работници да имаат доволно пари и да прават сопствени филмови за својот град и за својата култура“, рече Ењеди за „Репортер“. Првиот филм го сними 1989 година и веднаш ја освои наградата на фестивалот во Кан. Денес ѝ е многу полесно оти во текот на годините ја стекнала почитта на мажите со кои работи. Па вели: „Екипата секогаш ги тестира младите режисери да види дали си ја знаат работата. Тоа е интересна игра во која секогаш сакав да победам, а кога ќе ја добијам нивната почит, да можеме да работиме убаво. Во оваа работа не е само предизвик да се биде жена режисер, туку да се биде режисер од Источна Европа. Не сум воинствен тип, но со мојата работа се обидувам да им ја олеснам работата на идните генерации филмаџии“. Во муабетот ни раскажа за Холивуд, номинацијата за „Оскар“ и дали ја очекувала наградата на Берлиналето, кој е најголемиот филмски фестивал во Европа. Но, и за тоа колку ѝ било тешко да се пробие во светот на мажите, зошто сама ги пишува сценаријата за своите филмови и дали приватниот живот ѝ трпел поради кариерата, колкава поддршка ѝ е сопругот во текот на сите овие години и што најмногу ѝ се допаѓа во Скопје... Гледајте го видео-интервјуто (КЛИКНИ ТУКА): ]]>