умор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Aug 2022 12:44:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png умор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Машко здравје: Седум причини зошто постојано сте уморни https://arhiva.vistina.com.mk/mashko-zdravje-sedum-prichini-zoshto-postojano-ste-umorni/ Fri, 12 Aug 2022 12:44:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262513

Немате елан, ни енергија и постојано се чувствувате поспано? Сосема е во ред одвреме-навреме да бидете уморни и тоа не е причина за загриженост, но ако тоа се случува секој ден, можеби телото ви дава знаци дека нешто не е во ред и дека треба да направите промени во начинот на живот и на исхрана, а можеби и да отидете на лекар. Ова се седум најчести причини зошто мажите чувствуваат константен умор: Лоша исхрана Логично е дека ако не внесувате доволно хранливи состојки и витамини, тоа ќе се одрази на вашата општа физичка состојба. Листот марула во хамбургерот не се смета за дневна доза зеленчук, па затоа внимавајте како се исхранувате и внесете повеќе растителни влакна и свежо овошје и зеленчук во секојдневната исхрана. Ниско ниво на тестостерон Примарниот машки секс хормон игра важна улога во физичкото и менталното здравје на мажите, како и на нивното ниво на енергија. Како што стареат мажите, им опаѓа нивото на тестостерон. Ниското ниво на тестостерон може да предизвика безволност, умор, па дури и депресија. Други симптоми на ниско ниво на тестостерон се раздразливост, потешкотии при концентрирање, анемија и еректилна дисфункција. Вежбање И претераното и недоволното ниво на вежбање може да има иста последица – умор. Физичката активност го крева нивото на адреналин и енергија, но само до одредена граница. Ако претерате, нивото повторно се спушта. Пореметено дишење при спиење Ако многу ви се спие во текот на денот, иако сте спиеле најмалку 7 часа, можно е да станува збор за прекинување на дишењето во сон што може да трае до 10 секунди. Овој синдром е почест кај мажите и кај луѓето со прекумерна тежина. Симптомите на овој синдром се гласно ‘рчење, немирен сон, утринска главоболка, депресија, анксиозност и нервоза. Несоница Почесто се јавува кај постари мажи, но може да се јави кај мажи на која било возраст. Причините за несоницата може да бидат физички, емотивни или психички. Анемија Недостигот на железо се манифестира како константен умор. За ниското ниво на железо може да е виновна лошата исхрана, но причината може да биде и крварење во системот за варење. Штитна жлезда Иако жените почесто страдаат од болести на штитната жлезда, и мажите може да бидат погодени. Симптоми за забавена функција на штитната жлезда се умор, безволност, но и постојано чувство на студ. извор: kajgana]]>

Која е тајната на луѓето кои изгледаат како никогаш да не се уморни? https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-tajnata-na-lugjeto-koi-izgledaat-kako-nikogash-da-ne-se-umorni/ Tue, 27 Nov 2018 14:50:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59864

Се чини дека некои од вашите колеги или пријатели стануваат многу рано наутро, а потоа имаат енергија и за работниот ден, а и за сите обврски потоа. А, вие изгледа како едвај да чекате да стигнете дома и да се препуштите на попладневната дремка. Што е различно? Која е тајната на овие луѓе кои изгледаат како никогаш да не се уморни? Тие вежбаат Вообичаено, голем дел од луѓето кога се уморни, го прескокнуваат тренингот и забораваат на физичката активност. Но, овие луѓе вежбаат. Често тие вежбаат наутро, кога всушност ги зголемуваат нивоата на енергија, а го намалуваат стресот. Гледаат смешни видеа Науката вели дека само едно триминутно смешно е доволно за да ја обнови вашата енергија и да ги зголеми нивоата на вашата продуктивност. Тие се фокусираат на нештата кои едвај чекаат да се случат Наместо да се нервираат што мораат целиот сончев ден да го поминат во канцеларија, тие размислуваат за нештата кои ги восхитуваат. Го планираат викендот или пак одморот. Поминуваат време во природа Иако станува збор само за прошетка до продавницата за да купат Кока Кола, овие луѓе поминуваат време надвор. Промената на околина им помага да ја победат својата напнатост и поспаност. Наоѓаат време за себе Тие одредуваат дел од денот кога ќе поминат време правејќи ја нивната омилена активност, без оглед на тоа дали станува збор за јадењето на нивниот омилен сладолед или пак читањето на нивната омилена книга. Остануваат хидрирани Тие пијат вода во текот на целиот ден. Се исклучуваат Земаат дел од денот кога целосно се исклучуваат од технологијата, од постојаниот звук на известувања на нивниот телефон или компјутер.]]>