уметник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Apr 2021 11:28:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png уметник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јасно е дека веќе ја преболел, а се уште не се официјално разведени: Канје Вест веќе избра нова партнерка https://arhiva.vistina.com.mk/jasno-e-deka-vekje-ja-prebolel-a-se-ushte-ne-se-oficijalno-razvedeni-kanje-vest-vekje-izbra-nova-partnerka/ Thu, 22 Apr 2021 11:28:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200121

Американскиот рапер Канје Вест веќе започна да размислува за својот живот откако ќе се разведе од ријалити sвездата Ким Кардашијан (40), изјави извор за странските медиуми. Иако нивниот развод сè уште трае, тој рече дека сака неговата следна врска да биде со уметничка и креативната личност. Тој додаде дека причината за тоа е што заедно можат да зборуваат на ист јазик, уметнички. Според Page Six, Вест своевремено се нарекувал Микеланџело и Пикасо, па неговиот следен партнер не може да биде само било кој. Канје исто така еднаш рече дека факт е дека тој е најголемиот уметник на сите времиња. Кардашијан, од друга страна, се фокусира на децата и кариерата. Таа сака да биде посветена мајка, да се занимава со политика и да заврши правен факултет.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

„Таа не излегува со никого, бидејќи тоа би било потег во кариерата“, рекол изворот, додавајќи дека поради пандемијата, таа не може да оди во ресторани на состаноци каде што би ја виделе. „Таа не може да излезе мирно, не може ни да замисли како би било“, објаснил изворот.
 
Да потсетиме, Кардашијан и Вест се во брак од 2014 година, а имаат и четири деца: ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и Псалм.]]>

Изложба на фотографии во Истанбул на уметникот Тања Таневска https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-fotografii-vo-istanbul-na-umetnikot-tanja-tanevska/ Mon, 19 Oct 2020 09:56:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172018

Изложба со наслов „Другата страна на светот“ ќе биде отворена во понеделник, 19-ти октомври 2020 година во 14 часот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул, Турција. Таневска ќе се претстави со 72 фотографии од различни градови и држави. Добитник е на неколку награди во Македонија и награда за мал формат во Полска. Самостојни изложби во странство: Белград, Загреб, Марибор, Париз, Берлин, Дрезден, Софија, Њујорк и др. Има учествувано на повеќе од 290 групни изложби во земјава, меѓународни во  Полска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Италија, Грција, САД, Јапонија, Португалија, Франција, Кореа..., меѓународни симпозиуми, 40 хуманитарни изложби и сл.]]>

Почина македонскиот уметник Борис Џепароски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-makedonskiot-umetnik-boris-dzeparoski/ Wed, 14 Oct 2020 07:55:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171249

На 47 годишна возраст, во Германија ненадејно почина македонскиот и охридски уметник Борис Џепароски, човекот кој имаше ретка дарба да создава уметнички дела со моторна пила. Џепароски создаваше дела главно од масивно дрво на кое му даваше душа. Животот го помина на релација Охрид-Франкфурт, каде што беше на привремена работа, и иако немаше претходно уметничко образование, создаваше врвни дела. Пошироката јавност го запозна во 2006 година, кога ја изработи скулптурата на Свети Наум во природна големина, на влезот од манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Ја работеше на своја иницијатива, но со благослов и поддршка на отец Нектариј, старешина на манастирот. Набрзо стана вистинска атракција за посетителите. Самиот тој ја означува како негово врвно и капитално остварување. -Скулптурата ја работев во еден интензивен занес, само петнаесетина часа со моторна пила, а беше осветена на празникот Богојавление- Водици во 2006 година. Јас не сум уметник по образование, ама сакам да создавам дела, велеше скромно за себе Борис Џепар. Со моторна пила има изработено многубројни уметнички дела во својата Република Македонија, која неизмерно ја сакаше, но и во втората татковина и негов втор дом- Германија. Џепар, како што го знаат охриѓани се обиде и како дизајнер во изработка на камен. Во знак на голема почит кон Тоше Проески, тој изработи гитара од посебен вид бел и црн камен, која е поставена крај неговиот гроб во Крушево.]]>

Северина повторно обвинета за кражба: Пејачката треба да плати оштета на сликар поради повреда на авторски права https://arhiva.vistina.com.mk/severina-povtorno-obvineta-za-krazba-pejachkata-treba-da-plati-oshteta-na-slikar-poradi-povreda-na-avtorski-prava/ Fri, 22 Nov 2019 12:58:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120057

Хрватската пејачка Северина Којиќ на својот албум „Здраво, Маријо“ од 2008 година без дозвола ги користела мотивите на сликарот Мијо Ковачиќ и ќе мора да плати казна поради повреда на авторските права. Во Општинскиот граѓански суд во Загреб е донесена пресуда според која Северина, издавачката куќа „Dallas Recrods“ и фирмата „Motivo d.o.o“ треба на сликарот да исплатат оштета  поради повреда на авторски права во износ од 26.089 куни или 2. 3000 евра. Станува збор за обвивката на албумот на Северина „Здраво Маријо“, на кој дел од сликарскиот опус на Мијо, мотивите од делата „Селски танц“ и „Главица од зелка“, се користат без одобрување на авторот. – Да ме прашаше Северина, ќе ѝ ги дадев правата за користење. Но, не ме праша. И тоа не е во ред. Еден мој пријател ми кажа уште тогаш и јас дури и бев вознемирен. Затоа што, преведено гледано, тоа е кражба. Јас во тоа вложив труд, а Северина е популарна ѕвезда. Но, јас не ја познавам неа за да можам да судам. Не ја слушам нејзината музика, не е по мој вкус – изјавил Ковачиќ за „Јутарњи лист“. „Нека им биде на душа, ако не препознаваат дека се виновни – додава тој. Мијо посочува дека не станува збор за парите, а тој треба да ги даде авторските права, како што вели, бесплатно. Само доволно било да го праша. – Треба да се јавите и да прашате. Луѓе сме. На крајот на краиштата, до мене лесно е да дојдеш. И во живо и телефонски – вели легендарниот сликар. За потсетување, поранешниот стилист на Северина исто така ги обивини нејзините соработници за кражба на идеи за костимите за големата турнеја.]]>

Каролина Гочева се пофали со делата на свекорот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karolina-gocheva-se-pofali-so-delata-na-svekorot-foto/ Wed, 09 Oct 2019 07:07:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111588

Уметноста е нераскинлива нишка во животот и семејството на пејачката Каролина Гочева, а тоа дополнително се зацврсти откако стана сопруга на уметникот и син на македонскиот сликар Рубенс Корубин и дизајнерката Лиле Корубин, Михаил. Каролина не пропушта ниедна изложба на сопругот, незавино на кој крај на светот се слулчува, а истото е и со Михаил кој пак не пропушта концерт на сопругата. А во големо уметничко смејство, настаните каде ги создаваат или изложуваат своите дела, ги има постојано. Овој пат, вчеравечер во Чифте Амам во Скопје беше отворена изложбата на свекорот на Каролина, Рубенс, насловена „Ателје, гордоста на сликањето“. На изложбата беа прикажани негови нови дела, настанати во последните неколку години. Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата се поставени и постари дела како дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус. Каролина не изостана со поддршка и прусуство, а на Инстаграм објави неколку куси „стори“ приказни од делата на Рубенс. Инаку, „Ателје, радоста на сликањето“ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.]]>

Која е голата балерина на Дарко – Спејко? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-golata-balerina-na-darko-spejko-foto/ Fri, 22 Mar 2019 09:33:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78781

Дарко Петковски – Спејко… стана познат како победник во регионалното реално шоу „Големиот Брат“. Модата, фотомоделството, манекенството, позирињето, модното блогерство… пропратени заедно со сите приватни задоволства, се оние нешта кои му го исполнуваат животот во последно време. Сепак, неодамна објавивме дека Спејко има нова љубов, нова опсесија, нов порив, овој пат уметнички, па својот скриен талент за цртање и ликовна уметност и го претстави на јавноста.
Објави цртеж и покажа нешто друго, нешто ново, што досега малкумина знаеле дека лежи скриено во „Големиот Брат“. Имено, Спејко на својот Инстаграм профил тогаш постирал фотографија со цртеж на кој е самиот потпишан. Иако цртежот не е оригинален, сепак е толку многу добро нацртан што просто може да се нарече „копија верна на оригиналот“. А на него, мотивите од плафонот на Сикстинската капела, епохалното дело на Микеланџело, во кое Создавателот му вдахнува живот на првиот човек – Адам.
Тогаш „Кумановскиот Микеланџело“ покажа дека умее и со сликарската четкичка, боите и платното. Веднаш по објавувањето на првата уметничка слика, Спејко  ја објави и втората, овој пат вторска... Еден вид автопортрет иако не е баш тоа. Имено, тој се насликал самиот себе си потпрен на автомобилот, уште еднаш потврдувајќи го својот уметнички талент.
Но. она што особено ја заскокотка јавноста е еедна друга слика која осамна на стафелајот на кумановскиот уметник.  Масло на платно на жолта позадина и на него женски акт! Гола балерина во уметнички занос...
А познато е дека кога уметниците ги сликаат ваквите дела,  моделите обично им позираат. Вистинско позирање или одново само пресликана фотографија, вистинска балерина или само модел и конечно прашањето: Ако е вистинска, тогаш која е голата балерина на Спејко?
Инспириран ли е Спејко можеби од некоја нова... Љупка?]]>