уметнички директор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png уметнички директор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Љупчо Соколовски – уметнички директор на фолк вечерта на „Охрид фест 2023“: Јубилеј во знак на големи ѕвезди, а ревијалниот дел резервиран за Сузана Спасовска https://arhiva.vistina.com.mk/lupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecherta-na-ohrid-fest-2023-jubilej-vo-znak-na-golemi-zvezdi-a-revijalniot-del-rezerviran-za-suzana-spasovska/ Wed, 23 Aug 2023 10:33:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315020

Големиот јубилеј, 30 години „Охрид фест“ го дочекувате како и минатата година, на позиција - уметнички директор на Фолк вечер. Претпоставувам, продолжува вашата заложба на фестивалот да се чуе старатата охридска песна, да доминираат мандолина, тамбура, кларинет... -Да, како минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ целта ми е се да е на високо ниво, уште подобро од лани, кога според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики дека фестивалот е еден од најдобрите за 2022 година. Да потсетам: имаше доста наши квалитетни музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни песни. Годинава сум уште поинспириран бидејќи го имаме големиот јубилеј, 30 години траење на фестивалот. Се е како што треба: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, вистински ѕвезди: дуети, Наум Петрески и Лилија Семкова, Тања и Новица, потоа Зуица Лазова, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Перо Христов, Петар Нечовски, ансамбл „Билјана“, Катерина Танева и група Сарај, Нино Величковски.., и секако ќе им дадеме шанса на дебитантите. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 1 септември се во духот на охридскиот мелос, можеби во помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. На сите учесници им посакувам успешен настап. По што ова издание ќе биде посебно? Како е замислена Фолк вечер, ќе има ли ревијален дел, ги откривате ли сите адути?  Како што спомнав, ќе видиме доста познати пеачи што ќе изведат нови 20 песни . Исто така можам да се пофалам дека имаме различни автори застапени на фестивалот, што е голем адут, бидејќи стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии. Во ревијалниот дел ќе настапи нашата фолк дива Сузана Спасовска, која има неколку настапи на „Охрид фест“ и тие песни ќе ги слушнеме токму сега. Ќе има и неколку изненадувања, да оставиме гледачите да уживаат во ова единствено музичко патување. Kолку е тешко да се обезбеди квалитетно пејачко име на фестивал? И, дали со добри песни може да се „одбрани“ фолкот кај нас? - Да бидам искрен, потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат. Има доста наши пејачи од дијаспората кои сеуште се тука во тој период, ќе се дружиме со нив...Како и да е, година ќе имаме доста големи музички имиња, ќе биде вистински празник на музиката. Околу прашањето- дали со добра песна може да се одрани фолкот , ех... тоа е големо прашање но во кратки црти можам да одговорам . Првин ќе ги посочам телевизиите (оние со национална концесија) колку тие пуштаат македонска музика и во кој период. За жал, многу малку, што е и една од причините но и самите изведувачи не вложуваат во новите песни туку се насочени на обработки на народни песни или во голем број преработки на веќе авторски снимени песни. Но за среќа ќе речам, сеуште ги имаме фестивалите како што е „Охрид фест“ каде навистина може да се чуе добра песна, она што останува како браник наспрам сите „наезди“ од соседите. Тие што ќе бидат во Охрид ќе се уверат на лице место, а истото може да го направат и гледачите преку директниот пренос на „Охрид фест  2023“ на МТВ.]]>

Горан Шарац – уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: Споредба на трендовите на иста сцена https://arhiva.vistina.com.mk/goran-sharac-umetnichki-direktor-na-internacionalnata-vecher-na-ohrid-fest-sporedba-na-trendovite-na-ista-scena/ Thu, 01 Sep 2022 09:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265021

„Песните што ќе ги чуеме во Интернационалната вечер на „Охрид фест“ го носат печатот и звукот на времето во кое живееме а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите - во пресрет на фестивалот“, не информира Горан Шарац, уметничкиот директор на втората фестивалска вечер. Секој артист се претставува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба. -Како музичар но и како „нашиот“ уметнички директор имате можност да учествувате на повеќе фестивали во Словенија каде што живеете, но и надвор од неа. Како се котира „Охрид фест“? „Оваа година како автор бев присутен (победив) на неколку хрватски фестивали. Таму музиката остана во медитеранскиот мелос кој има голема публика во Хрватска и во соседните држави. Тешко можеме да направиме споредба, бидејќи медитеранската музика е поинаква од вкусот на македонските слушатели, таа е поедноставна, предвидлива. Македонска музика е музика на ритамот, длабоките емоции и колоритот на македонската земја и луѓе. Годинава фестивалот ни донесува, музички гледано спој на младост, на музичките трендови што ги слушаме низ радио- етерот и класична, забавната песна. Дадена е шанса на младите пеачи што го дополнуваат колегите од регионот. Доколку го заборавиме глобалниот вкус, музичкото разбирање на тоа што и каква е квалитетната песна, таа се разликува од држава до држава. Затоа е добро да можеме на истата сцена да направиме споредба на трендовите. И, конечно, тоа е добро за понатамошниот развој на македонската музика, која не заостанува ниту по продукција, ниту по мелодијата. Очекуваме квалитена музичка вечер и затоа, дојдете заедно да го проследиме 29-тото издание на „Охрид фест“.]]>

Љупчо Соколовски – уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест 2022“: „На 29-тото издание ќе настапи докажаната македонска фолк елита“ https://arhiva.vistina.com.mk/ljupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecher-na-ohrid-fest-2022-na-29-toto-izdanie-kje-nastapi-dokazanata-makedonska-folk-elita/ Thu, 21 Jul 2022 05:45:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259537

„И годинава Фолк вечерта на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови“ - не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал. Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2-ри септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи продукциски технологии, автентичен е во звукот и мелодијата поради претпознатливата охридска песна. Фестивалот тежнее песните да го издржат тестот на времето, па во тој контекст, што ќе доминира годинава? „Секако дека и оваа година ќе биде запазен мелосот на овој фестивал: виолината, тамбурата, кларинетот, мандолината... Ќе имаме 18 нови градски песни од веќе докажани композитори, текстописци, аранжери, сето тоа полеано со бисерните грла на нашите најдобри изведувачи. Патем, отсекогаш „Охрид фест“ асоцирал на староградски-медитерански мелос што се негувал со децении. Задоволен сум што продолжуваме под полна пареа. Уметничкиот директор со селекцијата што ја прави, му дава особен белег на фестивалот. Која е вашата музичка цел и кои се учесниците што ќе ги видиме годинава? „Пред се, сакам да имаме одличен фестивал, на македонската јавност да и презентираме 18 одлични песни а годинава ќе преовладуваат веќе докажани изведувачи и професионалци. Секако дека ќе има и дебитанти, кои со својот квалитет ќе го оправдаат учеството а за да снимките звучат професионално, аудио записите ќе бидат реализирани во професионални студија. Најдобрите песни ќе бидат наградени од стручно жири. По фестивалската вечер ќе имаме дружба со колегите како што порано често се правеше на овој фестивал, за да се чувствуваме како дома. Што се однесува до учесниците, ќе ја видиме и слушнеме нашата докажана фолк елита: Наум Петрески , Зуица Лазова ,Сузана Спасовска , Благоја Груевски , Катерина Танева, Стојне Николова, Ивана Наумова, групите „Академци“, „ Чардак“, потоа, Кирил Белистојаноски, Милован Секолуски, Петар Нечовски ..., списокот не е конечен, но на сите изведувачи им посакувам успех на ова 29-то издание на „Охрид фест“.]]>