улов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Jun 2023 09:26:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png улов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Јосифовски е млада „Гранд ѕвезда“ и несуден победник во силната конкуренција, ама затоа е „старо рибариште“, шампион со трската, со гаранција (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-e-mlada-grand-zvezda-i-nesuden-pobednik-vo-silnata-konkurentsija-ama-zatoa-e-staro-ribarishte-shampion-so-trskata-so-garantsija-video/ Fri, 09 Jun 2023 09:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305615

Пејачот Александар Јосифовски веќе покажа дека го бива не само во музиката туку и во други активности... Како што е риболовот, на пример. Но, неодамна имаше пех кога додека фаќаше риба во неговиот Охрид рано наутро на езерото, на една локација крај аеродромот, кога заглушувачката бучава на авионот што слетува, која никој не ја очекуваше, му ја исплаши рибата и му го уништи уловот. На пејачот, кој зачудено гледаше што се случува, ништо друго не му преостана, освен само да си ја собере опремата и да се врати дома. Поучен од претходното искуство, Александар овој пат решил ништо да не препушта на случајноста и се упатил кон оваа релаксирачка активност многу пред зори. Вицешампионот од последната сезона на регионалното музичко натпреварување на  „Ѕвездите на Гранд“ вредно ја постави трската, ја фрли јадицата и трпеливо чекаше да види дали рибата ќе „загризе“. Се чини дека пејачот овој пат го погоди вистинскиот момент бидејќи неговите напори вродија со плод. Трпението му се исплатеше и тапата почна да потскокнува, се додека во еден момент сосема на потона под мирната езерска површина. „Поголемка! Само не знам што е ? Или е крапче или клен, би рекол“  - коментираше неговиот придружник штом акцијата на вадење на рибата од водата почна. „Клен. Добра работа, браво бате Аце!“ - го пофали пријателот задоволен од уловот на пејачот. Како и секој добар риболовец, младата „Гранд ѕвезда“ мораше да го овековечи целиот момент фотографирајќи се со ова големо парче клен што го фати во Охридското езеро. На неговата радост и немаше крај, а Александар Јосифовски, младата „Гранд ѕвезда“ и несуден победник во силната конкуренција, покажа дека не е само врвно пејачиште, туку и „старо рибариште“... Шампион со трската, со гаранција! Пејачот во прв момент не кажа дали уловената риба ќе ја врати во вода или таа ќе заврши на скарата како вкусен оброк, кој како што е познато, Александар со задоволство мајсторски го подготвува. Но, веќе во следните две видеа на неговите Инстаграм приказни Александар покажа дека со уловот и тоа како ќе се гоштева... И не само со уловените кленови, туку и со останатата ситна риба која откако вештите раце на блиските му помогнаа да се исчисти, истата покажа каде заврши. На пржење во големата тава... Или што би рекол Александар: фати, чисти, пржи... А потоа гоштевај се колку што ти душа сака и стомакот ти држи! Фото и видео: Инстаграм/alexandarjosifovski]]>

Знаете ли зошто мачките го носат својот уловен плен кај сопствениците? https://arhiva.vistina.com.mk/znaete-li-zoshto-machkite-go-nosat-svojot-uloven-plen-kaj-sopstvenicite/ Sat, 02 Oct 2021 09:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221557

Доколку редовно ја пуштате вашата мачка надвор од домот, многу е веројатно дека таа веќе неколкупати го донела својот улов кога се враќа дома. Списанието „Натјурал комјуникејшнс“ (Natural Communications) открива зошто мачките го прават тоа. Во куќата, мачките најчесто само спијат или си играат, но кога ќе се најдат в природа, тие целосно му се препуштаат на својот ловечки инстинкт. Мачките се многу способни, паметни и вешти грабливци. Имаат многу развиен ноќен вид и неверојатно брзи и умешни движења… Ловот е вештина што ја учат од нивната мајка, која им носи мртви животни, а подоцна и полуживи за мачињата „да ја довршат работата“. Кога мачињата ќе пораснат, мајката ги зема со себе на лов. На овој начин мајката ги учи малечките да преживеат во дивината. Набљудувајќи го ова, познавачите заклучиле дека мачките им го носат уловот на сопствениците за тие да се нахранат или да им се заблагодарат за грижата. Тој „подарок“ обично се мртви птици, глувци и други помали животни.]]>