улици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Feb 2023 11:56:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png улици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почна најстариот брат на Мадона: Ентони Чиконе бил алкохоличар кој долго живеел на улиците на Мичиген, откако семејството го напуштило https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-najstariot-brat-na-madona-entoni-chikone-bil-alkoholichar-koj-dolgo-zhiveel-na-ulitsite-na-michigen-otkako-semejstvoto-go-napushtilo/ Mon, 27 Feb 2023 11:56:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290772

Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст, пишува Дејли Мејл и наведува дека тој и сестрата на познатата пејачка со години живееле на улиците на Мичиген, борејќи се со алкохолизмот. Сопругот на сестрата на Мадона, Мелани Чиконе, музичарот Џо Хенри, вчера на Инстаграм ја објави следнава изјава: „Мојот шура Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од мојата 15-та година, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген“. Џо Хенри спомна дека многу го сака Ентони и го разбира подобро од кој било, повеќе отколку што понекогаш сакаше да признае, пишува extratv.com. Тој нагласи дека Ентони сега е со својата мајка, која ја загуби битката со ракот во 1963 година на 33-годишна возраст. Ентони имаше долга борба со алкохолизмот, што беше јавно документирано кога пред повеќе од 10 години беше објавено дека живее под еден мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага. Во 2017 година „Дејли мејл“ напиша дека Ентони успешно завршил еден вид програма за рехабилитација и се вратил дома кај своето семејство. Братот на Мадона бил во судир со законот, а во 2013 година бил повреден откако дал отпор при апсењето во јавен тоалет. Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле. Фото: Rob Latour / Shutterstock Editorial / Profimedia/joehenrymusic]]>

Леб и сол, Лева Патика, Мизар, Дејвид Боуви, Квин… ќе добијат улици во Скопје? https://arhiva.vistina.com.mk/leb-i-sol-leva-patika-mizar-dejvid-bouvi-kvin-kje-dobijat-ulici-vo-skopje/ Wed, 17 Feb 2021 09:09:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190062

Контроверзна најава дека британските музички ѕвезди Дејвид Боуви и бендот „Queen“ ќе добијат свои улици во Скопје, предизвика бура од реакции и многу коментари на социјалните мрежи. Како што е објавено на веб-страната на Град Скопје, Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња. На овој список се најдоа: пејачот Дејвид Боуви, Френк Запа, групата „QUEEN“, Есма Реџепова, Вања Лазарова, Саша Николовски – Ѓумар, оперските пејачки Васка Гајдова – Биџова и Блага Видец, легендарните македонски групи „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“. Но и документарниот филм „Медена земја“. Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот. Град Скопје спроведе on-line анкета во летото 2019-та година на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Законот предвидува две одделни постапки за утврдување на имиња и нивно задавање не конкретни топоними. Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата. По добиената согласност од Владата, Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот. Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа. Од останатите области на списокот се најдоа: новинарот Никола Младенов, спортистите Благоја Георгиевски-Буштур, Атина Бојаџи, покојниот заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески. Од интернационилите имиња тука се: Алтеа Гибсон Алтеа (прва црномуреста жена која го освоила Вимлбдон), Небојша Глоговац (српски актер), Умберто Еко (писател) итн.]]>

За ефектен изглед: 20 најубави чанти од улиците на Њујорк https://arhiva.vistina.com.mk/za-efekten-izgled-20-najubavi-chanti-od-ulicite-na-njujork/ Fri, 20 Nov 2020 13:45:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177198

Њујорчанките се синоним за жени со одважни модни комбинации бидејќи често на инспиративен начин носат неочекувани аксесоари, спој на парчиња или бои. Но, ретко кој се осудува на она што го носат девојките на улиците на најголемата модна метропола. Таков е случајот и со чантите во црвена боја кои иако се во разновидни форми, многу често се гледаат вклопени во најразлични стајлинзи. Со кафеава, беж или жолта боја како и прекрасната виолетова, црвените тонови го подигнуваат целокупниот стајлинг на едно многу повисоко ниво. Покрај моделите на чанти во црвена боја, се издвојуваат и оние со кружен облик, генерално неочекувани форми („згужвани“ чанти) како и оние со потпис на дизајнерите познати по квалитетните аксесоари како „Chloe“, „Michael Kors“ или „Gucci“. Во продолжение, одбравме фотографии од 20 најубави чанти кои можат да се забележат на њујоршките улици. извор: точка.мк]]>

Дарко Јефремов – македонскиот камионџијата од САД дојде во Скопје: Но, не по Сергеј и Зоки-Фаци, туку за да направи нешто што ја фасцинираше јавноста (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-jefremov-makedonskiot-kamiondzijata-od-sad-dojde-vo-skopje-no-ne-po-sergej-i-zoki-faci-tuku-za-da-napravi-neshto-shto-ja-fascinirashe-javnosta-video/ Mon, 31 Dec 2018 08:11:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65531

Дарко Јефремов,  преку ноќ стана познат со своето „Камионџија шоу“.  Македонскиот камионџија од Чикаго – САД, по пародииите на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија и ТВ водителот Зоки - Фаци, стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Повеќето го фалеа, некои го критикуваа, ЛГБТ борците за права и еднаквост го напаѓаа... ама анонимниот шоумен од камионџиската кабина стана интерконтинентална атракција меѓу следбениците на Инстаграм.
И кога оние на кои не им се допаѓаше неговиот тип на хумор и стил на изразување тврдеа дека се работи за обичен „фолирант“, кој само сака да го привлече вниманието на себе за да биде познат и интересен, Дарко деновиве ги дементаираше со еден потег кој ја фасцинираше јавноста.
Имено, „чикашкиот вербален револвераш“ се појави среде Скопје!? И тоа не било како, туку како Дедо Мраз, но не од Коњари, туку од Илинојс! Дарко го наполни својот автомобил со новогодишни пакетчиња, се промени во дедомразовски костим, со себе ги понесе понежната половина маскирана во еленчето Рудолф и својот пес Бено и тргна со полна торба да дели  подароци по скопските улици!
Сакајќи да им ја врати насмевката на децата кои не можат да си приуштат новогодишно пакетче, хуманиот македонски Дедо Мраз од Илинојс им ги делеше на сиромашните дечиња.
Особено на оние кои скитаат и питаат по скопските булевари и раскрсници, камениот мост на Вардар, ГТЦ..., а најчесто се деца од Ромската популација!
Својата девиза дека: „Секој некого може да направи среќен“, Дарко  ја демонстрираше на дело!
Потег со кој покажа колку малку треба за луѓето, особено децата,  барем за миг да ги направиме среќни и да им ги стоплиме срцата!
Дарко Јефремов, македонскиот комичар од зад камионџискиот волан се покажа како џин со хумано срце... големо колку неговата Сканија!
]]>