улица македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Apr 2019 13:04:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png улица македонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Easter Fair(y) Tale“ – Велигденски базар на ракотворби https://arhiva.vistina.com.mk/easter-fair-y-tale-veligdenski-bazar-na-rakotvorbi/ Thu, 18 Apr 2019 13:04:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83857

Улица Македонија каде историјата и модерниот начин на живеење се испреплетени како една нишка повеќе од 100 години со Феудалната кула од 17 век која се уште бдее над секој добронамерник и заедно со Куќата на Мајка Тереза ги чува сите спомени за неа, каде мирисот на кафето и џагорот од локалните кафе места мамат на одмор и весели дружби... Постои ли поубаво место за една бајка, нашата Easter Fair(y) Tale!? Постои ли подобро место каде нашите ракотворци би ја распослале својата душа преточена во уникатни предмети, накит или декорации за Вас и Вашиот дом? Сите изработени со љубов и позитивна мисла наменети да ви го разиграат срцето и да ви го обојат секојдневието. Институтот за развој на креативниот и иновативниот потенцијал на млади и возрасни луѓе “КРЕАТИВНА МАКЕДОНИЈА”, организира базар на ракотворби на 18 и 19 април на ул. Македонија (платото пред Спомен Куќата на Мајка Тереза) од 10:00 до 18:00 часот. Креативна Македонија Ве поканува да нè посетите и со Вашето присуство придонесете за остварување на оваа бајка.]]>

Сузана Гавазова во најновото издание на шоуто „Улица Македонија“ на ТВ 24 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-vo-najnovoto-izdanie-na-shouto-ulica-makedonija-na-tv-24-video/ Fri, 11 May 2018 13:21:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26601

Од Струмица и струмичките кафеани во околината, директно под рефлекторите на големата сцена... За патот на фолк ѕвездата, македонските фолк фестивали, конкуренцијата, естрадата, предизвиците и опасностите што ги носи професијата во животот на една фолк пејачка, за кариерата во и надвор од Македонија...
За семејството и животот во Шведска, за теретаната и тетоважите, за провокацијата и имагинацијата, за сето она што го слушнале за неа, ама не сте знаеле дали е тоа така или не е, за сите трачеви, озборувања, шпекулации, вистини и верувања... За Сузана Гавазова онаква каква што мислите дека ја знаете, а всушност не ја познавате...
Од неа самата во новото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“, премиерно оваа сабота, 12 мај 2018 во 14.35 часот на ТВ 24. Не пропуштајте! https://www.youtube.com/watch?v=Blz6U7lfWP0&feature=share]]>

„Тропико бенд“ гости во новото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tropiko-bend-gosti-vo-novoto-izdanie-na-tv-shouto-ulica-makedonija-video/ Sat, 28 Apr 2018 05:39:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23185

Во новото премиерно издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“  само неколку часа пред нивниот голем скопски концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во сабота на 28 април, гости ќе бидат Сале и Жути од „Тропико бенд“.
За успешната музичка но и животна епопеја од Лесковац до Белград, за свирките од  кафулиња и сплавови, до клубови, дискотеки и големи концертни сали, за желбата да се стане танчер, а да се заврши како пејач, за фолклорот и попот, за персоналните измени во бендот, за првата песна испеана во шифоњер со ќебе на глава, за соработката со најголемите српски композитори и дуетите со најпознатите балкански ѕвезди како Џенан Лончаревиќ, Ацо Пејовиќ, Цеца..., за непроспиените ноќи и работата во „трета смена“, за спектаклот во белградска „Арена“, за тоа како Сале пее македонски песни, за приватниот живот и семејството, за сето она што не сте го знаеле, а отсекогаш сте сакале да го дознаете за вашите идоли... Екслузивно и премиерно, в сабота, на 28 април, од 14.35 часот на ТВ 24... „Тропико бенд“ на „исповед“ кај Бојана Скендеровски во „Улица Македонија“! ]]>

Драган Којиќ – Кеба гостин во најновото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragan-kojikj-keba-gostin-vo-najnovoto-izdanie-na-tv-shouto-ulica-makedonija-video/ Wed, 18 Apr 2018 09:08:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21621

Во најновото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ гостува една од најголемите регионални машки фолк ѕвезди, легендарниот Драган Којиќ - Кеба.
За трнливиот пат од селска кафеана во Лозница до белградска „Арена“, за најинтересните случки во богатата и долга естрадна кариера, за пеењето иста песна на „100 јазици“, за убавината на македонската песна и српската естрада, за тоа како се пее песна во која стиховите се изговараат наназад, за семејството, синот Игор и снаата Северина... за сето она што не сте го знаеле за него, сега има каде да го слушнете лично од него - Драган Којиќ Кеба во „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски, премиерно во сабота, 21 април 2018, во 14.35 часот само на „ТВ 24“! Не пропуштајте! https://www.youtube.com/watch?v=9jmBNGH1mL4]]>

Актерот Игор Ангелов гостин во новото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-igor-angelov-gostin-vo-novoto-izdanie-na-tv-shouto-ulica-makedonija-video/ Fri, 13 Apr 2018 10:20:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20728

Децата што одат на театар го знаат како како капетанот Џон Пиплфокс, оние што гледаат телевизија како инспекторот Цветко или дедо Менде од ТВ серијата „5+“, филмаџиите го знаат од „Трето полувреме“, „Лазар“, „Медена ноќ“ или „Златната петорка“... театарџииите по бројните улоги во прилепскиот, велешкиот или сега Драмскиот театар во Скопје... Ама сите, дефинитивно сите други и старо и младо го знае како Коста - сопругот на Ула од хумористичната ТВ серија „Преспав“.
Токму тој - актерот Игор Ангелов говори за себе, кариерата, семејството, децата,  првата и последна љубов, за за органската храна и домашното производство на вино и ракија, за глумата, тетатарот, филмот, телевизијата, за ликовите, улогите, музиката, рок ен ролот, за „Преспав“... за се што не сте знаеле до сега за него!
Затоа, немојте ниту да го преспиете ниту да го пропуштите неговото гостување во најновото издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски, во сабота, на 14. април 2018, во 14.35 часот, премиерно на  „ТВ 24“! https://www.youtube.com/watch?v=wYFEfsgeHzw]]>

По велигденското гостувањето на Наум и Зуица во „Улица Македонија“, босанскиот професор Сулејман Мулиќ упати писмо на благадорност до екипата на ТВ шоуто и продукцијата! https://arhiva.vistina.com.mk/po-veligdensskoto-gostuvanjeto-na-naum-i-zuica-vo-ulica-makedonija-bosanskiot-profesor-sulejman-mulikj-upati-pismo-na-blagadornost-do-ekipata-na-tv-shouto-i-produkcijata/ Wed, 11 Apr 2018 07:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20043

Неодамна во македонските медиуми одекна веста дека босанскиот академски професор  од Тузла, магистер Сулејман Мулиќ - Шулц, воодушевен од песната и и нтерпретацијата на нашата фолк легенда Наум Петрески, јавно се обрати и му предложи на Министерството за култура на република македонија , да го номинира македонскиот фолк пејач на листата на нематеријални културни богатстава на УНЕСКО.
Еден од ретките преседани, но и признанија за тоа колку многу македонскиот фолклор и неговите изведувачи и автори се ценети и почитувани во странство... Дури и многу повеќе од што за нив се води грижа дома, во сопствената држава.
По велигденското издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ во кое токму Наум Петрески и Зуица Лазова беа гости, споменатиот академски профгесор, магистер Сулејман Мулиќ - Шулц одново се јави  изразувајќи  јавна благодарност на социјалните мрежи до самата емисија, продукцијата, водителката и нејзиниот уредничко-продуцентски тим, воодушевен што токму за еден од најголемите христијански празници Велигден, таква уметничка вредност како што е песната и пеењето на Наум Петрески биле промовирани протежирани во ТВ етерот.
Со полна уста пофални зборови и за самиот Наум, Зуица, но и за продукцијата професорот уште еднаш потсетува на уникатните и оригинални светски уметнички вредности кои ги поседува македонскиот фолклор, при тоа потсетувајќи уште еднаш дека Наум Петрески, неговиот глас, изведба и песна, заслужуваат да се најдат на листата на УНЕСКО.
Писмото ви го пренесуваме во целост: Писмо на благодарност до Продукција Скендеровски, до домаќинката и водителка на популарната македонска музичка емисија "Улица Македонија" Сулејман Мулиќ Шулц професор, Вторник, 10 април 2018 година Ул.Исмет Мујезиновиќ 36, 75000 Тузла, Босна и Херцеговина Почитувани, Скендеровски продукција, продуценти на популарната македонска музичка емисија "Улица Македонија" Со голема радост, искрено, топло и срдечно Ве поздравувам! Дозволете ми на почетокот да се претставам себеси. Јас сум магистер на општествени науки од областа на физичката култура Сулејман Мулиќ Шулц, , професор во пензија. Целосно реализиран и многу среќен човек. Среќно оженет, горд татко, имам две убави деца и најгорд дедо, имам две внучиња. Вљубен во Македонија и нејзиниот народ, нејзиното културно и природно богатство. Со голема чест, задоволство и радост сакам да  ви се заблагодарам што во вашето популарно музички шоу "Улица Македонија" на почетокот на април 2018 година, го објавивте мојот предлог Наум Петрески  да биде ставен на листата на нематеријални блага на УНЕСКО. На уредувачкиот колегиум му упатувам искрени честитки за креирањето на музичката емисија "Улица на Македонија". Дека вистинскиот успех секогаш се темели на добра идеја, во вистинско време и напорна работа не е  особена новина, туку општопозната вистина која често не потсетуваат успешните пејачи, спортисти, водители, уредници на ТВ емисии, спикери или продукции. За секој почеток е потребна храброст, а за успех, освен почетната среќа, се потребни јасна визија и напорна работа, како најдобра гаранција за континуитет на успехот. Стотина високо-квалитетни и сеопфатни изданија на Скендеровски продукција, кои гледавме на македонското музичко шоу "Улица Македонија" - трета сезона меѓу кои и појавувањето на Наум Петрески и Зуица Лазова (62/2018) е потврда за добрите идеи и квалитетната работа, и  претставува успех со кој со задоволство би се пофалил било кој телевизиски канал во светот. Успехот е уште позначаен бидејќи овој тип на музичкото шоу како што е "Улица Македонија" има цел да ја зачува и да ја негува музичката традиција на македонски народни песни  кои според многумина се најубави на светот. Македонскиот мелос е многу певлив и мора да ги разбуди емоциите на личноста која го слуша. Музиката што ги следи националните македонски игри и танци е толку силна и толку импресивна што лесно можете да се заљубите во секоја мелодија. Песната на Наум го има сиот раскош и убавина на животот што живее несомнено во неа или во секоја преубава Македонка и Македонец. Песната на Наум  има високо уметничка вредност, музиката е апсолутно специфична, затоа што вие Македонците сте ја измислиле и отпеале со оригинален, автентичен музички израз и затоа треба Министерството за култура, да направи листа на кандидати за листата на УНЕСКО каде што ќе ги номинира тие вредности. Наум Петрески, денес е еден од најважните и најдобрите исполнители на македонските народни песни на Балканот. Пејач, појава, некрунисан крал, уникатен и неповторлив, најдобар пејач. Живее среќен и исполнет живот на естраден уметник во Скопје, со неговата сопруга, исто така извонреден изведувач Зуица Лазова. Неговата песна е опиат, чиста и неизвалкана емоција. Кога пее ги поврзува сите емоционални, духовни и физички елементи на универзумот. Неговата интерпретација е клучниот дел од врската што нè поврзува, врската што нè раздвојува, но и врската што нè прави тоа што сме. Тајната на неговата песна лежи во нејзината ранливост. Македонската песна и музика е форма на уметност која ги инспирирала големите умови и разбудила многу креативните духови во македонската историја. За некого песната е само уметност, но за Наум Петрески македонската народна песна и музика се извор на среќа, но исто така е и неговживот. Моќта на Наумовата уметност е тоа што нè поврзува едни со други и со големи вистини за тоа што значи да се биде жив и што значи да се биде човек. Со радост и длабока почит, Вљубеник и пријател на Македонија Сулејман Мулиќ Шулц, професор]]>

(ВИДЕО) Велигденско издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ со Наум и Зуица https://arhiva.vistina.com.mk/video-veligdensko-izdanie-na-tv-shouto-ulica-makedonija-so-naum-i-zuica/ Thu, 05 Apr 2018 11:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19447

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, следи празничното издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“, со многу музика, заедно со прекрасните сопружници, големите македонски естрадни фолк ѕвезди Наум Петрески и Зуица Лазова заедно со оркестарот „Чардаш“. За детството, младоста, брачниот живот, семејството, домаќинлукот, кафеаната, за камионџијата Јануш, пријателите, песните, колегите, естрадата... Се' што не сте знаеле до сега за нив, слушнете го и гледајте во празничното издамние на ТВ шоуто „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски! Не пропуштајте во сабота во 12:55 на ТВ 24! https://www.youtube.com/watch?v=peLuH_xunto&feature=share]]>

Вера – „Љубојна“ следен гостин во ТВ шоуто „Улица Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vera-ljubojna-sleden-gostin-vo-tv-shouto-ulica-makedonija-video/ Wed, 28 Mar 2018 10:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18193

Дамата со волшебен глас, која ја врати традиционалната изворна музика на голема врата, Вера Милошевска Јосифовска, на гости во најновото издание на ТВ шото „Улица Македонија“. Не ја пропуштајте телевизиската премиера за приказната за „Љубојна“, нејзиниот приватен живот, музиката, битот, исконот, фолкорот, песните од Егејот, „Твоите очи Лено“, модерните текови и современиот музички израз...
Сето ова и уште многу повеќе, ексклузивно во сабота, на 31 март во  14.35 часот на ТВ 24... Вера - „Љубојна“ во „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски! ]]>

(ВИДЕО) „Улица Македонија“ им приреди оригинално изненадување на „Некст Тајм“, но и на гледачите! https://arhiva.vistina.com.mk/video-ulica-makedonija-im-priredi-originalno-iznenaduvanje-na-nekst-tajm-no-i-na-gledachite/ Tue, 27 Mar 2018 07:41:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17819

Во последното, односно најновото издание на телевизиското шоу „Улица Македонија“, кај Бојана Скендеровски, на гости беа браќата Мартин и Стефан од музичкото дуо „Некст Тајм“. Секоја емисија има нови изненадувања и досега неслушнати разговори за деталите од приватноста и работата на оние кои досега седнаа наспроти Бојана, а овој пат тоа место го имаа близнаците.
Во пријатната и опуштена атмосфета, како домаќинката, така и гостите, на гледачите пред ТВ екраните им понудија нешто повеќе од еден час убав муабет, музика, забава, но и едно неочекувано изненадување, барем за браќата и за гледачите. Имено, продукцијата се потруди за време на снимањето да го донесе и постариот брат на Стефан и Мартин, Филип, кои тие секако не го очекуваа.
Па така, освен тоа што гледачите имаа можност да го запознаат, колку наликуваат еден на друг, како го минувале детство, а сега и младоста, но и тоа да да го слушнат Филип како ја пее „Слушам кај шумат шумите“.
Инаку, постариот брат на „Некст Тајм“ исто така е музичар, а кога оваа талентирана тројка се најде заедно пред камери, тоа изгледаше вака: https://www.youtube.com/watch?v=OMZIxGmp7ds&feature=share]]>

(ВИДЕО) Кеба дојде во Скопје и веднаш замина на гости кај оваа наша позната дама! https://arhiva.vistina.com.mk/video-keba-dojde-vo-skopje-i-vednash-zamina-na-gosti-kaj-ovaa-nasha-poznata-dama/ Fri, 23 Mar 2018 08:08:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17214

Кога во себе имаш амбиција и мотив за подобри дострели во животот и работата, тогаш без задршка го правиш тоа со љубов и целосна посветеност до посакуванато. Токму со таков дух, идеја, замисла и реализација, функционира пејачката и водителка Бојана Скендеровски во нејзиното ТВ шоу насловено „Улица Македонија“ и матичната „Скендеровски продукција“. Со стартот на новата сезона, Бојана предку своите интересни гости, длабоки разговори, весели, но и многу емотивни моменти со доста препознатливи и популарни лица, како од кај нас така и од соседството, „Улица Македонија“, полека но сигурно се искачи на врвот од понудените домашни телевизиски емисии.
Снимањата неуморно течат, а вчеравечер на гости во Скопје и на „Улица Македонија“, да се изнамуабети и запее, дојде популарниот српски пејач Драган Којиќ – Кеба.
Убавата атмосфера од снимањето, домаќинката ја објави преку неколку видео снимки, а на едната од нив Кеба пее на македонски, односно ја изведе „Не кани ме“ на Миле Кузмановски во акустична верзија. Еве како беше: Инаку, оваа сабота не го пропуштајте гостувањето на младите и енергични близнаци од дуото „Некст Тајм“, Мартин и Стефан.
]]>