украсите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Dec 2020 11:22:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png украсите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кое е вистинското место за да ја поставите елката и како да украсите https://arhiva.vistina.com.mk/koe-e-vistinskoto-mesto-za-da-ja-postavite-elkata-i-kako-da-ukrasite/ Tue, 29 Dec 2020 13:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183133

Древната кинеска техника за уредување на просторот, Фенг шуи препорачува за време на новогодишните празници домот да ви биде украсен со боите на оганот, за да се привлече таква енергија. Токму затоа, треба да направите среќна мешавина на црвени и златни свеќи, сијалички и украси на новогодишната елка, а за вистински баланс внесете елементи на метал и вода – бела, сина, сива и сребрена. Сепак треба да внимавате и да не претерувате со црвената боја и истата да ја користите умерено. Тоа е кинеската боја за среќа, но ако се користи претерано, енергијата може да се подигне до ниво на бес. Новогодишната елка треба да ја позиционирате на исток, југ или југоисток бидејќи тоа се позиции на кои се привлекува здравје, слава и пари. Свеќите ќе ја чуваат енергијата на вашиот дом свежа, а особено ефект имаат оние од восок од пчели или соја бидејќи одлично ја прочистуваат енергијата. извор: Курир.мк]]>

Правило на три бои: Како да го украсите дома во духот на празниците https://arhiva.vistina.com.mk/pravilo-na-tri-boi-kako-da-go-ukrasite-doma-vo-duhot-na-praznicite/ Tue, 10 Dec 2019 14:17:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123170

Речиси секој човек во светот ужива во прекрасните празнични декорации во градовите, а многумина би сакале сличната атмосфера да ја пренесат и во својот дом. На што треба да внимавате во таков случај? Било да се работи за новогодишни декорации, за слава, роденден или пак, за ручек, правилото е она стандардното – дека помалку е повеќе. Почитувајте го и правилото на три бои. Една да биде основна, а другите две да се надополнуваат една со друга преку избраните детали. На пример, во празничните декорации застапени се златната, црвената и белата боја или пак, темно зелената. Комбинирајте ги на начин што понеутралните бои ќе бидат основни, а интензивните ќе бидат застапени во деталите. Слично, на пример, можете да изберете бела основа и виолетови и сребрени детали или пак, тегет сина основа со златни и бели детали. Секогаш можете да додадете и некои ситници, како што се бисери, суво лисје или школки, а и во тие случаи треба да ги усогласите боите. Некогаш ефектот можете да го постигнете со две спротивни бои, една неутрална и една интензивна или пак, со различни нијанси на иста боја, што исто така е доста впечатливо, ако правилно се направи. извор:локално.мк]]>