украсија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Dec 2021 10:44:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png украсија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ристе Ристески новогодишно ги украси и домот и дворот: Младата „Гранд ѕвезда“ и неговата сестра, направија куќата да блеска (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/riste-risteski-novogodishno-gi-ukrasi-i-domot-i-dvorot-mladata-grand-dzvezda-i-negovata-sestra-napravija-kukjata-da-bleska-video/ Fri, 17 Dec 2021 10:39:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231588

Еден од најдобрите и најхаризматичните кандидати и единствениот македонски победник (2017) во  „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Ристе Ристески по паузата во настапите и јавните појавувања што ја направи заради корона пандемијата, се враќа на сцената. Ристе веќ ги објави своите настапи за наовогодишните празници, а настапот за најлудата ноќ се' уште го чува во тајност иако најави дека наскоро ќе објави каде ќе ја дочека со свој настап Новата 2022 година. А, ако е Нова Година и атмосферата мора да биде новогодишна, па затоа пејачот се погрижи празнично да го украси свој дом и дворот. Елката се подразбира дека мора да биде накитена, особено ако истата е во бела боја, па на неа се' мора беспрекорно да светка, блеска, трепка и сјае... И на крајот најважниот од сите украси, ѕвездата на врвот, која делото го краси! Но Ристе не го украсувал домот сам, туку во китењето и новогодишната декорација му помагале оние од помладата генерација. Неговите две помали сестри Aнастасија и Марија кои со пејачот се партнери во се, па и во украсување и китење. Особено постарата од нив, која му помогна на брат и' новогодишните украси, лампиони и светилки да ги распоредат не само во домот, туку и во дворот. Од божиќното венче на влезната врата, преку сијаличките на оградата што ги дели со нивнит соседи... ...До зимзелените дрвореди од туји, што блеснаа во ноќта, кои  ја покажаа сета моќ и магија на предновогодишната и божиќна атмосфера. Откако убаво се' украсија и направија божиќниот дух и празничната магија да влезат во дворот и куќата на младата „Гранд ѕвезда“, Ристе и семејството продолжија да ездат на брановите на нивната семејна хармонија, во која со најубави желби ќе ја дочекаат Новата 2022 година.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Фото: Инстаграм принтскрин/riste_risteski]]>

Пејачките го украсија својот дом: Беквалац и Илда накитија елки со розови лампиони, а дома кај Вики е како во шопинг мол (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkite-go-ukrasija-svojot-dom-bekvalac-i-ilda-nakitija-elki-so-rozovi-lampioni-a-doma-kaj-viki-e-kako-vo-shoping-mol-foto/ Thu, 17 Dec 2020 10:23:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181365

До Нова Годинао станаа само две недели и иако нема да има големи прослави, многумина со нетрпение ги очекуваат празниците кои ќе ги дочекаат дома, со своите семејства. Јавните личности, особено оние кои имаат мали деца, не се помалку возбудени, па затоа го искористија недостатокот на работа за да ја украсат елката со своите најмили, а заедно да го украсат и домот. Една од првите што го подготви својот дом за новогодишните празници е Наташа Беквалац, која уште во ноември ги извади украсите и започна да украсува. Во тоа и помогнаа нејзините ќерки, а со сигурност може да се каже дека елката на Ната е една од најубавите. Преовладуваат розови и сребрени лампиони и речиси да нема гранка на која нема украси. Фотографијата ја сподели на Инстаграм со порака. „Добро утро и среќна Нова 2021 година. Ви посакувам на сите да бидеме здрави. Би сакала повторно да ги гушнам мама и тато. Научивме многу, драга 2020 година, додека траеше, благодарам“ - напиша пејачката. Илда Шаулиќ оваа година играше со слични тонови, украсувајќи го својот дом на почетокот на декември, а то го стори порано заради нејзината наследничка, која како и секое дете, со нетрпение ги очекува новогодишните празници. Елката на пејачката изгледа како оние што ги гледаме на филм, а на неа доминираат розовите и бронзените тонови. Вики Миљковиќ,  се обиде својот стан во „Белград на вода“ да го накити како шопинг мол - полн со украси и Дедо Мразовци... На нејзината елка доминираат црвената и златната боја, како и безброј шарени сијалички.]]>