украл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 02 Apr 2022 09:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png украл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов на Инстаграм „го поздрави“ со закана „Игор Џамбазов“ на ТикТок: „Имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас, тоа никогаш не можеш да бидеш…“ https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-na-instagram-go-pozdravi-so-zakana-igor-dzambazov-na-tiktok-imash-24-chasa-da-prestanesh-da-bidesh-jas-toa-nikogash-ne-mozesh-da-bidesh/ Sat, 02 Apr 2022 07:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245124

Дефинитивно живееме во време на арамии. Краде кој стигне, кај ќе стигне, колку може и се' што може! Крадат политичарите на ангро, тоа оддамна ни е јасно, крадат тие околу нив од трошките што останале, крадат по супермаркети, ама не крадат и трговците, крадат бензиски пумпи, ама не крадат и на гориво, крадат банки, ама и оние од банките со ненормална лихва и измислени провизии... За ситни арамаии по автобуси, куќи и станови и да не зборуваме... Едноставно се краде на секој чекор, се' и сешто, а ако мислиш дека нема што да ти украдат  - си згрешил! Има и кога нема! Така на најпознатиот македонски актер, ТВ водител, шоумен, блузер... Игор Џамбазов на пример му го украдоа идентитетот! И тоа на една од најпопуларните социјални мрежи во моментов - ТикТок! Едноставно оној Игор Џамбазов од ТикТок, не е овој Игор Џамбазов што го познаваме. Не е вистинскиот, туку само некој што му го „дрпнал“ идентитетот и на конто на неговиото име, слава, популарност, минат труд, прави циркузи... А можеби и парички, лажно претставувајќи се! Бидејќи на „лагата и се куси нозете“, а во меѓувреме може да и биде  и „длабок џебот“, вистинскиот, „риал“ Џамбазов реши да преземе акција, па на  Инстаграм „го поздрави“ со закана лажниот  „Игор Џамбазов“ од ТикТок, дека наскоро „ќе му го испразни џебот“, доколку не престане да биде ТОЈ, за што се претставува, а НЕ е! Џамбазов - вистинскиот преку својот Инстаграм на Џамбазов - лажниот, му порача: „Ти, што се претставуваш во мое име, објавуваш во мое име, комуницираш во мое име, тебе ти се обраќам. Ако си некое размазено детиште, набргу ќе ти ја земам играчката, а татко ти ќе плати казна. Ако си полнолетен глупак, пак ќе ти ја земам играчката, ама сам ќе си ја платиш казната. Кој и да си, имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас. Тоа никогаш не можеш да бидеш... П.С. Уше тик-ток ми фали...“ - му напишал Игор, па споделил јавно сите да знаат и видат со кого имаат работа на ТикТок! Дали оваа „закана“ кај оној Игор од „ТикТок“ предизвика шок или само слатко го изнасмеа и уште повеќе го мотивира за нови „мајмунлоци“ од неговото ТикТок „арамиско гнездо“, ќе каже наскоро билтенот на МВР!? Фото: Инстаграм принтскрин/pansionprespav/igordzambazov  ]]>

Жена тврди дека Халид Муслимовиќ ја завел и ограбил за 400 000 долари, а еве што вели пејачот на тоа https://arhiva.vistina.com.mk/zena-tvrdi-deka-halid-muslimovikj-ja-zavel-i-ograbil-za-400-000-dolari-a-eve-shto-veli-pejachot-na-toa/ Thu, 17 Oct 2019 10:01:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113120

Самохраната мајка Сара Рено (која не сакаше да го открива името) тврди  дека пејачот Халид Мусломовиќ наводно  на концерт во Мелбурн во 2015 година ја завел, а потоа ја ограбил. „Ме фати за рака, сакаше да се фотографираме, така се започна“ вели Сара. Според нејзините тврдења, Халид и барал пари тврдејќи дека му треба помош во работни проекти и музички концерти. Таа тврди дека му дала повеќе од 400 000 долари. „Мислев дека ќе ми ги врати тие пари. Не се сомневав во него, бевме заедно три години, бев заљубена“ вели мајката на три деца. Таа тврди дека поради тој заем добила и отказ на работа, па заминала во Босна да се сретне со пејачот кој не сакал да ги врати парите. „Ме удари во лице, ме гризна за рака и ме турна на под“ вели таа. Таа тврди дека поради него го изгубила кровот на глава и децата. „Тој е чудовиште. Животно“ вели Сара за „ Current Affair". Сара тврди дека Халид ги совладал актерските вештини за манипулација во односите со луѓето бидејќи лаже дека не биле во врска. Халид не сакаше да ги коментира овие пишувања бидејќи во тек е судска постапка, но тврди дека станува збор за голема лага и манипулација од страна на жената. „Првото рочиште е закажано за 29 октомври. Јас не можам ништо да коментирам“ вели Халид и додава: „Се е голема лага и манипулација. Дали знаете која е таа жена? Не можам ништо да коментирам ниту да зборувам додека не се реши на суд. Кога судот ќе одлучи тогаш ќе давам интервјуа“ вели пејачот. https://youtu.be/02corRgRiW0]]>