украина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 May 2023 07:51:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png украина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што се случи со Руслана?! Некогашната евровизиската победничка, денес ретко кој ја препознава (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-sluchi-so-ruslana-nekogashnata-evroviziskata-pobednichka-denes-retko-koj-ja-prepoznava-foto/ Thu, 11 May 2023 07:51:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301467

Украинската пејачка Руслана и се претстави на цела Европа во 2004 година кога ја претставуваше својата земја на Евровизија со песната „Wild dances“. Таа со својот необичен настап и впечатливите костими остави силен впечаток кај многубројната публика, а со својот моќен глас ги воодушеви сите. Таа победи и стана вистинска ѕвезда во Украина, но и во Европа. Руслана ја продолжи својата музичка кариера и е чест гостин на музички фестивали, а песната што ја освои за својата земја се уште се слуша. Руслана денес изгледа сосема поинаку. Пред неколку месеци беше ѕвезда на едно шоу во кое ја изведе евровизиската нумера, а 19 години подоцна ретко кој успеа да ја препознае. Очигледно е дека пејачката имала бројни зафати на лицето, а брзо се нашла на мета на коментари на социјалните мрежи. Фото: Принтскрин/Јутјуб/Good Evening Europe tv/Профимедиа]]>

Украина и годинава најсериозен кандидат за победа на „Евровизија“: Дуото „Творчи“ и нивното „Челично срце“ убедливо водат на обложувалниците https://arhiva.vistina.com.mk/ukraina-i-godinava-najseriozen-kandidat-za-pobeda-na-evrovizija-duoto-tvorchi-i-nivnoto-chelichno-srtse-ubedlivo-vodat-na-oblozhuvalnitsite/ Tue, 31 Jan 2023 13:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286754

Украина пред повеќе од еден месец го избра својот претставник на Евровизија 2023, а оваа година натпреварот се одржа во засолниште во метро станицата во Киев, а се натпреваруваа десет песни. Електронското дуо – Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by TVORCHI (@tvorchi_official)

Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни кои ќе ги претставуваат, а Словенија и Кипар го избран само претставникот кој ќе ги претставува, а допрва се работи на изборот на песна. Но и покрај тоа, на четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се веќе отворени, а Украина на нив и годинава убедливо води. Обложувалниците на украинсите претставници „Тврочи“ и песната „Челично срце“ им даваат дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните сè уште не се познати. Шведска, која сè уште нема избрано свој претставник и песна, има импресивни 10% шанси за победа. Евровизија ќе се одржи во Ливерпул во мај. Вака звучат Украинците „Творчи“ и нивното „Челично срце“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Во Украина загубив блиски пријатели“: Тони Танчевски, препознатливиот водител од 90-тите поради војната се врати во Скопје (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ukraina-zagubiv-bliski-prijateli-toni-tanchevski-prepoznatliviot-voditel-od-90-tite-poradi-vojnata-se-vrati-vo-skopje-video/ Fri, 05 Aug 2022 09:43:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261617

Некогаш популарниот ТВ водител во Македонија, Тони Танчевски се врати во Скопје и одвои време да сними летно интервју во дворот од својот дом. Разговараа за времето кога беше миленик на девојките, кариерата на професионален фудбалер и животот во Мариопул, Украина, каде што е од 2015 година. Тони беше еден од препопзнатливите водители во 90-тите години. Генерациите од тоа време и денес се сеќаваат на дечкото во шарените кошули и црната кожена јакна, кој ја водеше топ-листата на „Канал 3“ на Македонската телевизија. Емисијата преку ноќ го направи миленик на публиката и поради тоа добиваше купови писма од обожавателките од цела Македонија. Во тоа време Тони важеше за ѕвезда, им беше „дечко на девојките од неговата генерација“ и речиси да немаше јавен настан на кој тој не се појавуваше. По повлекувањето од медиумите, замина да живее во Украина. Поради конфликтот, тој е дојден во Скопје и ова беше можност екипата на „Репортер“ да направи интервју со него. „Од 2015 година живеев во Маринопул, во близина на театарот, и тогаш работев во ОБСЕ. Лани во август сменив работа и со сопругата се преселивме во Одеса. Некаде во ноември веќе имаше најави за конфликтот и новата фирма во јануари нè испрати сите дома. Кога почнаа бомбардирањата, сето тоа го доживеав трагично, исто како кога загубив родител. Моите бивши колеги од ОБСЕ останаа и се евакуираа дури кога почна војната“, вели Тони и ни откри дека е тажен што неколку негови блиски пријатели и нивните семејства загинаа последниве месеци во бомбардирањата. Од една страна, муабетите за Украина, а од друга, за времето кога беше омилен водител кај девојките. И денес, вели, му е непријатно кога ќе се сети како го гледале кога ќе отиде во дискотека, додека се возел во автобус или шетал на улица. „Во редакција стигнуваа вреќи со писма, можеби по 1.000 неделно. Се трудев да одговорам на повеќето, да им напишам барем по еден ред и ги праќав по пошта. Се сеќавам, имав многу трема првиот пат кога застанав пред камерите и кога се запали црвената светилка на камерата. Потоа беше полесно. Стилист немавме, секогаш сам си ја избирав гардеробата, а кожената јакна што ја носев беше на мојот најдобар пријател. Тој беше рокер, јас бев шминкер“, се сеќава Тони на минатото и вели дека најмногу од сè му недостигаат дружбите со колегите и во телевизијата и на „Скај радио“, каде што со години имаше своја емисија. Малкумина знаат дека пред да стане водител професионално играше фудбал. Почна во „Вардар“ со генерацијата што во 1984 година го освои Купот на Југославија. Подоцна требаше да направи трансфер во Шкотска и да ја остави телевизијата, но тоа пропадна. „Ако го потпишав договорот, ќе играв само фудбал и немаше веќе да бидам водител. Едно време бев како поделена личност, од една страна, емисијата, од друга, фудбалот. Си велев: Чекај Тони, имаш утакмица во недела, фокусирај се таму, зашто таа публика е друга, не се обожавателки, туку навивачи и не смееш да кикснеш“, вели низ смеа. За тоа каде е денес и каков беше животот во Украина пред конфликтот, зошто се повлече од медиумите, како стана спортски новинар и како со Александар Сидоровски први ги донесоа шпанските серии во Македонија, но и за времето кога се криеше од девојките што го следеа во чекор... гледајте го видеото. фото:Јутјуб принтскрин/Репортер]]>

Во Украина нема услови: Следнатa „Евровизија 2023“ ќе се одржи во Велика Британија https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ukraina-nema-uslovi-slednata-evrovizija-2023-kje-se-odrzi-vo-velika-britanija/ Tue, 26 Jul 2022 11:31:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260315

Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, потврдија денеска организаторите. Како што јави Би-би-си, одлучено е дека настанот не може да се одржи во годинашната победничка земја Украина, поради тековната војна по руската инвазија. Велика Британија годинава беше втора, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) перидот потоа почна разговори со Британската бродкастинг компанија. Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин, но и Глазгов (Шкотска) и Манчестер (Англија), досега изразија подготвеност.]]>

Украина сепак нема да биде домаќин на Евровизија 2023 година: Изборот за песна ќе се одржи во друга земја https://arhiva.vistina.com.mk/ukraina-sepak-nema-da-bide-domakjin-na-evrovizija-2023-godina-izborot-za-pesna-kje-se-odrzi-vo-druga-zemja/ Fri, 17 Jun 2022 12:08:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254974

Изборот за песна на Евровизија 2023 година нема да може да се одржи во Украина поради тековната војна во таа европска земја, соопштија од Европската радиодифузна унија, додавајќи дека е во преговори со Би-Би-Си за одржување на фестивалот во Обединетото Кралство. Јавниот радиодифузер на Украина  (UA: PBC) не може да ги обезбеди безбедносните и оперативните гаранции потребни за домаќин и организирање и продуцирање на Евровизија во согласност со правилата на Изборот за песна на Евровизија (ESC), беше објавено денеска на ESC Twitter, пренесува Ројтерс. ЕБУ му се заблагодари на украинскиот јавен радиодифузер за неговата  срдечна соработка и посветеност во обидот да се најде решение по победата на оркестарот Калуш во Торино на 14 мај оваа година, додавајќи дека ја споделува нивната тага и разочарување што натпреварот не може да се одржи следната година во Украина - пренесува Ројтерс. На овогодинешниот натпревар минатиот месец победи украинската група „Калуш Оркестар“, а на второ место  беше Обединетото Кралство. Фото:Принтскрин/Ројтерс/Јара Нарди]]>

Ова е видеото на „Калуш оркестра“ за нивната победничка песна на „Евровизија 2022“ – „Стефанија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-videoto-na-kalush-orkestra-za-nivnata-pobednichka-pesna-na-evrovizija-stefanija-video/ Mon, 16 May 2022 12:38:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250652

Украина победи на годинешнава Евровизија со песната насловена „Стефанија“. Интересен спој на изворниот украински фолклор и современите музички урбани жанрови каков што е рапот. Настапот, кореографијата, костимите, танцувачката вештина, поткрепени со светлосно - визуелните ефекти, во многу што придонесоа „Калуш оркестра“ со оваа песна да и ја донесат победата на Украина. Иако сите сметаат дексе работи за наменска тема компонирана за ужасите на војната и судбината на малиот обичен човек во неа, сепак нејзиниот автор има поинаква приказна за тоа како настанала: „Оваа песна еднаш и ја посветив на мајка ми, а кога избувна војната, песната доби многу нови значења.Иако во песната нема ниту збор за војната, многу луѓе почнаа да ја поврзуваат песната за мајката со  мајка Украина. Згора на тоа, општеството почна да ја нарекува химна на нашата војна! Но, ако сега Стефанија е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“! Инаку видеото на „Калуш оркестра“ за „Стефанија“ е темелено на вистински настани за време на воената агресија во Украина во 2022 година, а како сето тоа изгледа погледнете подолу: ]]>

Победникот на Евровизија се приклучува на украинската војска, а неговата разделба од саканата е срцепарателна (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pobednikot-na-evrovizija-se-prikluchuva-na-ukrainskata-vojska-a-negovata-razdelba-od-sakanata-e-srceparatelna-foto/ Mon, 16 May 2022 10:51:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250570

Оркестарот Калуш победи на овогодинешната Евровизија во Торино, а фронтменот на популарниот бенд е фотографиран како се бакнува со својата девојка на разделбата, по што, како што објавија странските медиуми, се приклучил на првата линија на фронтот во актуелната војна во Украина. Олег Псиук, фронтменот на фолк-рап групата, вчера е фотографиран пред својот хотел во Торино, Италија, со својата девојка Александра додека одел да ја брани Украина во војната против Русија. „Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа и се обрати на јавноста по победата на Украина на „Евровизија“ и рече дека престижниот музички натпревар следната година ќе се одржи во Мариупол, иако овој град во моментов е под опсада на руските сили, пишува „Мејлонлајн“.    ]]>

Украина со рап и изворен фолклор победи на Евросонг: И ние гангста рап-оро имавме далеку пред Украинците, само… не го препознавме?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ukraina-so-rap-i-izvoren-folklor-pobedi-na-evrosong-i-nie-gangsata-rap-oro-imavme-daleku-pred-ukraincite-samo-ne-go-prepoznavme-video/ Mon, 16 May 2022 10:19:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250513

Без оглед на сите воено - политички случувања во Украина и политики вткаени во годинешниов „Евросонг“, Украина победи со песна која е интересна музичка компилација на навидум две неспоиви нешта: изворниот фолклор и рап музиката.  Иако на прва се чини дека ваквата комбинација е „невозможна“, ако ја погледнете генезата на двата музички правца ќе видите дека доаѓаат од исто место, имаат ист корен - народот! Само од „различни дрвја“, од различни средини, географски локации... Но, патината за која најчесто се пее и во едниот и во другиот жанр е иста. Само кај различни народи, нации, во различни средини, области, гета... Географски, дијаметрално спротивни на две различни страни на светот! Спојот на изворниот фолклор со современите музички поп, рок, ар ен би... жанрови не е ништо ново на „Евровизија“, не е откривање „топла вода во бојлер“, но очигледно е  добар рецепт за пристоен, а неретко и победнички успех на оној што ќе се сети „кога и како да го вклучи бојлерот“! Тоа се покажало и со фолклорот во победничките песни на северно-европските земи како Ирска или Норвешка на пример, a  и со оној на балканските земји од регионот како Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција, Грција... Па дури и ние сме имале обиди за вакви испреплетени жанровски комбинации преку спој на фолклорното и современото како песната на кралицата Есма и Лозано, на пример  пред неколку години.  Но, по се' изгледа дека треба да ти се погоди моментот или да си претставник на земја - важен фактор на континентот? Украина очигледно годинава беше. Трето објаснување - нема! Арно ама, ако се навратиме едно два-тринаесет години наназад и се потсетиме на една видеоснимка, од Скопскиот фестивал, односно тогашниот македонски избор за песна на Евровизија 2009, ќе видите дека и НИЕ  гангста рап-оро имавме и тоа далеку пред Украинците, само... изгледа не го препознавме?! Имено, токму во таа 2009-та година на домашниот евровизиски избор се појави рап-фолк формацијата наречена „Сленг“ со нивнта песна „Гангста оро“ со која се обидоа да бидат избрани да ја претставуваат Македонија. Завршија како што завршија иако нивниот настап беше повеќе од необичен и над се симпатилчен, ама и мошне оригинален... Денес се покажува дури и победнички! До душа, како што осамнаа некои пораки ( скраја да е) на социјалните мрежи: „Треба(ше) ли некој да ја бомбардира и Македонија за да победиме на Евровизија?“ веројатно треба да се „склопат и коцкичките“ за да го добиеш мозаикот... Иако, ако е победата на Украина навистина придобивка на војната, на тој начин сигурно никој  не ја посакува! Затоа пак, потсетете се на македонскиот изворен фолк -“Генгста оро“ стајл од пред повеќе од дузина години: ]]>

Украина победи на Евровизија 2022 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ukraina-pobedi-na-evrovizija-2022-video/ Sun, 15 May 2022 07:56:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250399

Украина е победник на изборот за песна на Евровизија 2022. Иако националните жирија му дадоа повеќе на претставникот на Обединетото Кралство, публиката го реши победникот со огромни 439 поени. Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најдобра во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија. Србија беше единствена од земјите на територијата на поранешна Југославија која успеа да се пласира во големото финале. Нивната претставничка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, го освои одличното 5. место. Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на Изборот на песна за Евровизија. Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување, кое привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји. Финалето на Евровизија се одржа во салата Пала Олимпико во Торино - Италија. Вака изггледаше и звучеше победничкиот евровизиски настап на „Калуш Оркестра“  од Украина на Евросонг 2022:  Фото: Скриншот/ Јутјуб Видео: Јутјуб]]>

„Пинк Флојд“ по 30 години објавија нова песна како поддршка за Украина – „Hey, Hey, Rise Up“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pink-flojd-po-30-godini-objavija-nova-pesna-kako-poddrshka-za-ukraina-hey-hey-rise-up-video/ Sat, 09 Apr 2022 09:48:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245847

Легендарниот британски бенд „Пинк Флојд“ ја објави првата нова песна по речиси три децении во знак на поддршка за Украина. Песната „Hey, Hey, Rise Up“ содржи семпл од Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“, што е прва оригинална музика од „Пинк Флојд“ од албумот „The Division Bell“ од 1994 година. Целата заработка од песната ќе биде донирана за хуманитарна помош за Украина. Покрај оригиналните членови Дејвид Гилмор (гитара/вокал) и Ник Мејсон (тапани), дел од поставата се и басистот Гај Прат и клавијатуристот Нитин Соуни, кои ја снимиле песната на 30 март. „Се надеваме дека песната ќе добие голема поддршка и публицитет. Сакаме да собереме донации за хуманитарни организации и да го кремеме моралот. Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Украина и да покажеме дека најголем дел од светот мисли дека е погрешно една суперсила да нападне независна демократска држава“, изјави Гилмор, кој настапил со „Бумбокс“ во Лондон во 2015. По смртта на клавијатуристот Ричард Рајт во 2008, Гилмор беше дециден дека „Пинк Флојд“ веќе нема да прави нова музика, но вели дека инвазијата на Украина го премислила. „Моите внуци имаат и украинско потекло, бидејќи мојата снаа Јанина е Украинка, чија баба беше во Харкив до пред три недели. Му се јавив на Ник и му реков дека сакам да направам нешто за Украина под името ‘Пинк Флојд‘. Многу е важно луѓето да разберат што се случува таму“, изјави Гилмор. ]]>