украдена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Nov 2019 09:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png украдена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хитот на Лозано украден од косовски пејач: „Километри“ заврши на Косово па на фестивал во Албанија, како песна од туѓ автор! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/hitot-na-lozano-ukraden-od-kosovski-pejach-kilometri-zavrshi-na-kosovo-pa-na-festival-vo-albanija-kako-pesna-od-tugj-avtor-video/ Thu, 14 Nov 2019 08:39:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118375

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, која е еден од најголемите хитови на во моментов најпопуларниот македонски пејач, Влатко Лозаноски – Лозано. Овие написи осамнаа во неколку македонски медиуми, откако песната со наслов „Феномен“, отпеана на албански јазик беше „откриена“ на интернет каналот Јутјуб, а при нејзиното преслушување станува повеќе од јасно дека неодоливо потсетува на хитот на Лозано. Познато е дека автори на песната кај нас се  композиторот Лазар Цветковски - музика, додека стиховите ги напиша неговата сестра Магдалена. Но, со нејзината копија или поточно „плагијат“  косовскиот пејач се натпреварувал на најреномираниот музички фестивал во Албанија – „Kenga Magjike“.
И ништо во тоа не би имало страшно доколку претходно истиот не ги прашал за одобрение или не ја откупел песната од македонскиот братско-сестрински авторски тандем Цветковски. Вака, за срамот да биде уште поголем за косовскиот пејач, а неговиот чин окарактеризиран како класична „интелектуална кражба“, е фактот што во описот на песната стои дека токму тој заедно со извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера. Факт е дека „Феномен“ личи како „брат близнак“  на „Километри“, колку и да е „секоја сличност случајна“. Оваа, по се' изгледа ќе да е „намерна“! Затоа Вистина.ком.мк  го побара композиторот Лазар Цветковски за мислење и коментар. Тој ни одговори дека заради презафатеност со снимањата и густиот распоред на терминити во студиото, не стигнал да ја преслуша „позајмицата без покритие“, но дека ќе го стори тоа, па ќе го каже своето мислење и ќе ни одговори на прашањето дали се работи за „класична кражба“ и ќе има ли случајот судска разрешница? Инаку ова не е прв случај „странци“ да „позајмат без прашање“ музичко авторско дело на македонски композитор или пак песна која ја испеал македонски пејач. Во најсвежо сеќавање ни е последниот случај во јули годинава, кога  се откри дека рускиот поп-рок бенд „Земљане“ наводно го украл некогашниот голем хит „Боже, чувај ја од зло“ на  македонската поп икона Тоше Проески, а нивната верзија носи наслов „Боже“! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/boze-chuvaj-ne-od-zlo-ama-i-od-gluposti-aleksandar-belov-prv-ja-otkri-krazbata-ama-dali-onie-na-koi-site-pokazaa-so-prst-se-i-aramii/ На руската верзија како автори беа потпишани  Владимир Трушин - музика , додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев, наместо вистинските автори Миро Буљан кој е композитор и Антонија Шола која е текстописец на оригиналот! Но, остана мистерија дали се работи за дрска „интелектуална кражба“ од страна на Русите или  за „интелектуална трговија“ помеѓу нив и Хрватските автори, кои можеби им ги продале правата? Години наназад пак беше познат спорот на нашиот доајен меѓу композиторската фела, Григор Копров и светски познатата и популарна музичка ѕвезда, шпанскиот пејач Хулио Иглесијас, чија песна Kопров тврдеше дека е украдена од него, од страна на композиторот на Иглесијас. Следуваша најава за судски спор или спогодба по пат на медијација. Копров подоцна тврдеше дека е задоволен од исходот, без пточно да прецизира што, кога, како и со кого се судел или договорил и за која сума!? Дали помеѓу нашите автори Лазар и Магдалена Цветковски и косовскиот „Феномен“ од пејач, во случајов потпишан како автор - Кораб Шаќири ќе има судски спор или само „џентлменски договор“ со некакво обесштетување, останува да видиме?! Во меѓувреме, преслушајте ги уште еднаш двете верзии и направете самите споредба и проценка: ]]>

Боже, чувај не од зло… ама и од глупости: Александар Белов прв ја откри кражбата, ама дали оние на кои сите покажаа со прст се и арамии? https://arhiva.vistina.com.mk/boze-chuvaj-ne-od-zlo-ama-i-od-gluposti-aleksandar-belov-prv-ja-otkri-krazbata-ama-dali-onie-na-koi-site-pokazaa-so-prst-se-i-aramii/ Sat, 20 Jul 2019 10:44:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98474

Руски бенд украде песна од Тоше Проески! Деновиве како бомба одекна приказната за „кражбата“ на некогашниот голем хит „Боже, чувај ја од зло“ на  македонската поп икона Тоше Проески, од страна на руската поп-рок група  „Земљане“, со наслов „Боже“!

И сите медиуми, а најмногу македонските он лајн(о) портали како во фотокопирница почнаа да ја пренесуваат или препишуваат веста за кражбата на песната на големиот Тоше. При тоа повеќето од нив без да напишат, зашто веројатно нивните „дактилограф(к)и толку и знаат, дека песната воопшто не е ни на Тоше, туку тој само ја испеа, а нејзини автори се хрватската авторска двојка: Миро Буљан (музика) и нам добро познатата „несудена Ружин снајка“, Антонија Шола (стихови).
Прв „недокажаната кражба“ на социјалните мрежи ја обзнани, кој друг ако не пејач... Александар Белов! „Боже чувај ја од зло, со нови автори. не знам како и што, ама ова е кражба од прв степен. Мислам дека песните од Тоше треба и тоа како да се сочуваат“ - напиша Белов на својот Фејсбук профил и лавината тргна!
Но, очигледно е дека во целата „ука-бука“ недостасуваат коцкички во мозаикот. Како прво, никој не се запраша, ниту пак праша, дали можеби новопотпишаните автори не се потпишале туку така под авторското дело кое не е нивно? Светот е глобално село и денес не е тешко бргу да те фатат со „прстите во медот“, нели? Токму затоа, пред да се крене толкава ѓурултија, некој од самонаречените новинари, а всушност препишувачи по порталите, можеби требаше да крене телефон, ако не кај Русите, тогаш кај вистинските автори, зашто до Буљан или Шола и не е така тешко да се дојде.
Единствено ретките познавачи на работите од новинарската фела, а ги има малку, се запрашаа дали можеби овде не се работи за трговија со интелектуалната сопственост? Така на пример, новинарката Бранка Костиќ Марковиќ е една од ретките, ако не и единствената  која пред да каже или напише, резонирала дека во музиката со авторството може и да се тргува.
Конечно, покојниот „крал на попот“ Мајкл Џексон во 1985 година за милионски суми ги откупи правата на песните од легендарните „Битлси“, за што сер Пол Макартни покрена судски спор сакајќи да си ги поврати, но...
Сепак, „Боже“ особено ја разлути македонската публика и особено верните фанови на Тоше, која остави бројни коментари под објавената песна на Јутјуб, бидејќи како автор на музиката е наведен Владимир Трушин, додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев. 
„Оваа песна е од големиот хуманитарец Тоше Проески“, „Засрамете се што ја украдовте неговата песна“, „Барем споменете го оригиналниот автор и изведувач“, се само дел од коментарите на македонските корисници на Јутјуб, откако песната осамна на оваа платформа. Но, дали Владимир Трушин и Владимир Киселев се „арамии“ и дрски „плагијатори“  или вистинските автори Миро Буљан и Антонија Шола  дале согласност, па допрва ќе се огласат по ова прашање, останува да видиме! https://www.youtube.com/watch?v=ur33MIZe2B8]]>