угостителски објекти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jul 2023 06:05:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png угостителски објекти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“ https://arhiva.vistina.com.mk/308534-2/ Tue, 25 Jul 2023 06:01:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308534

Живко Динев, некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал,  по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица и кавер верзиите на грст познати песни со познати македонски музичари, харизматичниот Жика реши да направи еден поголем потфат. Имено во рамките на годинешното 12-то по ред издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023“, харизматичниот Жика ќе има своја, таканаречена „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“. Настанот е замислен како своевидно музичко дружење со познатиот музичар и неговите пријатели - специјални гости, познати и популарни имиња од македонската естрада: Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Коки - виолина (екс - Дуле и Коки) кои ќе ги забавуваат присутните со своите изведби. Придружна група таа вечер ќе бидат членовите на познатите „Арија бенд“ и уште некои музичари, а покрај несомнено загарантираната забава, кон целиот хепенинг ќе се придружат и петте околни ресторани, односно угостителски објекти кои се во кругот и тоа: „Шалом“, Хепинес“, „Елизабет“, „Бонита“ и „Вила парк“. Тие со својата богата угостителска понуда и услга, вечерта ќе ја збогатат служејќи ги присутните гости на масите со вкусни јадења, познати специјалитети и бројни пијалоци, додека на бината се изведуваат мноштво познати македонски и балкански боемски песни, од внимателно избраниот репертоар за таа вечер.  Онака како што и доликува на боемштината - со дружба, песна, закуска и пијалак, да се наздрави за радост, среќа и само убавини во животот. Во меѓувреме, Жика и екипта заедно со неговите гости како вистински професионалци сериозно си ја сфатиле работата па сите онака собрани колку и да го владеат музицирањето, тргнале да го обноват материјалот, зашто ако „повторувањето е мајка на знаењето“, увежбаноста и уиграноста до перфекција, се исто толку важни во музиката. „Боемската вечер со Живко Динев и пријателите“ во Струмица ќе се одржи  во градскиот парк (чешмичка) утревечер, на  26-ти јули (среда) со почеток во 20 часот и е дел од годинешната манифестација „Струмица опен 2023“. ]]>