угостител – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 May 2022 06:42:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png угостител – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Сашо Пижевски – Пиже, менаџер, угостител и основач на „Хавана Бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-sasho-pizevski-pize-menadzer-ugostitel-i-osnovach-na-havana-bend/ Wed, 18 May 2022 06:42:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250874

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — скопска урбана легенда, пејач, кафе-клуб менаџер и угостител, еден од креаторите на ноќниот живот во 90-ите во Скопје. Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес. Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов е основач и член на култната група „Хавана Бенд“, која беше своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите: „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити се“... По нејзиното распаѓање, се посвети на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти. На музиката и се врати со повторното обединување на „Хавана Бенд“ со Драган Спасов-Дац, на местотот на Џамбазов  во  и нивниот хит „Балада за мајка ти и татко ти“, плод на соработката со Александар Митевски. Во тоа време Пиже беше и сопственик на привлечниот кафе-бар „Мајка ти и татко ти“ во скопксо Дебар Маало. Тажната вест за ненадејното и прерано заминување на урбаната скопска легенда бргу се прошири на социјалните мрежи, а еден од неговите најдобри другари, Игор Џамбазов, меѓу првите ја обзанани простувајќи се од него. „Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов во својата проштална порака на Инстаграм.
Од креаторот на ноќниот живот во Скопје во 90-ите години, кога во македонската метропола доаѓаа дури од Белград да се забавуваат, се простуваат многу јавни и познати личности, но и обични луѓе, кои ја живееја својата младост со кафулињата и забавите што ги менаџираа и правеа Пиже и Зеко. Замина човек кој со својата тивкост и добрина беше пријател со сите урбани лица во градот. Замина ненадејно, тивко, без најава... Онака како што последниве години живееше. Нека му е светол патот кон вечноста, која Пиже, скопската урбана легенда, оддамна ја заслужи.]]>

Цеца е конечно „вљубена до уши“: Фолк дивата има љубовна врска со помлад угостител! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-e-konechno-vljubena-do-ushi-folk-divata-ima-nova-ljubovna-vrska-so-pomlad-ugostitel-foto-video/ Thu, 14 Jan 2021 09:07:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185059

Пејачката Светлана Цеца Разнатовиќ (46), деновиве стана мета на српските медиуми, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од нејзиниот нов партнер.  Најголемата балканска ѕвезда наводно е во љубовна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград. Кога е Цеца во прашање, станува збор за вистинска ексклузивност, особено ако се знае дека таа ретко открива детали од својот приватен живот. Според зборовите на извори блиски до вљубената двојка, запознавањето се случило на една роденденска забава на нејзина пријателка.  Потоа преку заедничкиот пријател се виделе уште неколку пати, каде што и се родиле симпатии и после неколку недели дружење, започнале романтична љубовна врска. Од Нова година почнале да се појавуваат и заедно во јавноста, за што сведочат и папарацо фотографиите направени во еден ресторан, но пред тоа парот е виден и на Јахорина.
Instagram
Изворот објаснил дека Богдан со години работи во угостителската дејсност и бил многу успешен во својата работа. Тој е татко на женско дете по име Искра, за која вели дека му е се' во животот, која му е ќерка од претходниот брак, откако се развел пред околу 5 години. Но, засега ниту тој ниту Цеца официјално не ја потврдиле нивната врска.
Instagram
Српските медиуми по сознанието дека наводно е „вљубена до уши“, веднаш се обиделе телефонски да ја  контактираат Цеца, но таа на тоа само кусо одговорила:
„Не сакам да го коментирам мојот приватен живот. Збогум“, по што Цеца го прекинала телефонскиот повик ниту негиријаќи , ниту потврдувајќи ги шпекулациите, но екипата на емисијата „Папарацо лов“ ги „живи ги улови“ па погледнете го видеото и уверете се дали Цеца е или не е во нова „љубовна шема“? https://www.youtube.com/watch?v=RKfdlRlt5Uc&feature=emb_logo  ]]>

Познатиот македонски музичар и скопски угостител покажа како се чува „егејско животинче“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-makedonski-muzichar-i-skopski-ugostitel-pokaza-kako-se-chuva-egejsko-zivotinche-foto/ Thu, 28 May 2020 08:25:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151613

Корона пандемијата кај нас не минува, амa власта и покрај тоа аминува да се олабават мерките, отворат кафеаните, пуштат слободнио да шетаат граѓаните... И додека сите сме во исчекување што ќе се случи откако по двоиполмесечниот принуден „куќен притвор“ ќе удриме на „колективна социјална дружба“, естрадните уметници загреваат прсти и грло, зашто конечно ќе почнат да имаат работа, бидејќи одново им ги отворија и работните места - кафеаните! Угостителите веќе ги подготвија своите локали за денешното отворање (28 мај 2020), па познатиот македонски музичар, воедно и скопски угостител Трајче Толевски од групата „Скопски боеми“ има причина за двојна радост! Дупла среќа - што би ртекле! Затоа и со песна тргна да ја подготвува својата кафеана за пуштање во промет. Но, најпрвин и најважно од се ' е хигиената, па затоа довитливиот Трајче се досети како најдобро и најефикасно да ја дезифинцира опремата во својот угостителски локал. Идејата веројатно му дојде од перењето автомобил, па музичарот го грабна шмркот в рака и под висок притисок во „низок лет“ ја збриша и најмалата можност за коронота да може да припари во неговата кафеана. А кафеаната со месеци затворена, можноста за музицирање и свирки по тезги исто толку време сведени на нула, па она што се заштедило беше вложено во преживувачка, но и да се обнови она од што се живее. За домашните мора да има, а за домашните љубимци... кога ќе дојде време. Имено, на Трајче му остана само кучешката куќичка, а куќен љубимец... Здравје Боже, во подобри денови... До тогаш „вештачка замена“. Далеку од тоа дека е исто, ама... Барем да не стои куќичката празна. До  душа, тоа е исто како кога жена наместо маж, за задоволство ќе користи сексуално помагало, ама... Подобро нешто, отколку ништо! Тргнувајќи по таа логика и итриот Трајче си набавил и го сместил во куќичката својот гумен миленик - играчка! Па му дал дури и интересно име, или барем назив: „Егејско животинче... Ни јаде, ни пие... Ко ќе се опоравиме, ќе купиме друго што мрда“  - напишал музичарот покрај фотографијата. А за тоа како го нарекол...? Веројатно инспириран од вицот за тоа, кое е омилено домашно животно на Влаот? Одговорот е - жирафа! Ти ја чуваш, а се храни од кај комшијата! Епа, аирлија одново работа... маестро! Да има ем заработка ем бакшиш, па што побрзо да почне „да ти мрда“... Тоа што ти лежи во куќичката!]]>

Властите најавија отворање на локалите, музичарот и угостител Трајче Толевски го најави новото мени на својата кафеана: Штом помине забраната ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе од храната (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlastite-najavija-otvoranje-na-lokalite-muzicharot-i-ugostitel-trajche-tolevski-go-najavi-novoto-meni-na-svojata-kafeana-shtom-pomine-zabranata-kje-posakate-menito-da-go-gricnete-povekje-od-hranata-vi/ Sat, 09 May 2020 09:30:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148693

Корона пандемијата наводно почнала да стивнува, па властите полека почнаа да ги олабавуваат мерките. Меѓудругото, најавија скорешно отворање на угостителските локали, кои ќе мораат да работат по новите „здравствено-угостителски“ протоколи, кои до душа, ниту се комплетно донесени, ниту  целосно им се јасни ни на оние кои ги носат, а камо ли на оние кои треба да ги спроведуваат! Како и да е, „што дошло - ќе се трга“ - велат старите, па познатиот македонски музичар, член на групата „Скопски боеми“ и скопски угостител Трајче Толевски, навреме почна да си ја подготвува за работа својата кафеана  -„Камин Кама“. Покрај задолжителната дезинфекција, реорганизација на просторот, новите цени... потребно е и ново мени! За функционирање според  новите „кафеанско-здравствени протоколи“ итриот Трајче, познат ем како голем мераклија и уште поголем шегаџија, решил да најде начин во новонастанатите услови на отежнато функционирање, како „ем волкот да биде сит, ем овците да бидат на број“... Или во превод, ем гостите задоволни, ем газдата „во новото време“ да не е многу посиромашен во заработката од порано! Просторот и квадратурата на кафеанта играат улога - ама не пресудна! Дали Трајче ќе го примени српскиот параван модел да „спојување“ на масите... ...Или скандинавскиот стакларник за двајца, сеедно. Тука не лежи ќарот! И тогаш на музичарот му падна генијална идеја... Дека „зајакот лежи“ во менито... Тука е тајната на изборот, вкусот и заработката... А вакво мени, какво што има намера да воведе газда Трајче, нема никој... Не само во Скопје, туку нема во цела Македонија. Ем подвижно, ем привлечно, ем примамливо и возбудливо, ем на пропишаната дистанца... И што е најважно,  гостинот нема „да падне на га*от“ од цените, туку со широко ококорени очи и „падната вилица“ ќе гледа во него... Во менито, та цената колкава и да е! Зашто само кај газда Трајче и менито и цените се испишани на... На келнерката! Па, штом ги отворат кафеаните и помине забраната, први ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе и од храната... ]]>

Анѓелка и Андрија? Неееее… Вака изгледа нејзиниот вистински „Андрија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/angjelka-i-andrija-neeeee-vaka-izgleda-nejziniot-vistinski-andrija-foto/ Tue, 16 Apr 2019 12:57:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83373

Во хит серијата "Андрија и Анѓелка" уживаа се повеќе луѓе крај ТВ екраните, а за тоа е првенствено заслужна брилијантната хемија меѓу главните актери. Меѓутоа, во реалниот живот, Анѓелка го има својот "Андрија".
Неговото име е Дарио Прпиќ, кој сака да се шегува со неговата сопруга на фотографиите и судејќи според сликите на Инстаграм, обајцата се луди во љубовта. Анѓелка воопшто не го крие својот сопруг, па затоа нејзиниот Инстаграм профил е исполнет со нивните заеднички слики. Нејзин омилен хаштаг р #muzizenamackapecena, така што нејзините следбеници веднаш се вознемируваат кога објавува слика со Дариo, а таа не ја има таа ознака.
Дарио, кој долго време е угостител и е менаџер на некои од најпознатите локали во Белград, а тука и таму знае малку да се пошегува, но тој е обично посериозен од неговата сопруга. Синот  Јакша, од друга страна, целосно ги симнува гримасите на мајка му!
Анѓелка еднаш изјавила дека нејзиниот син ги наследил изразите на лицето, иако тој физички не личел на неа. Анѓелка и Дарио се венчале во 2011 година, а една година подоцна, малиот Јакша стигнал на свет.
Кога  не се на работа, тие обожаваат да уживаат со Јакша, а и многу сакаат да патуваат. Така тие неодамна го посетија Рим, а Анѓелка беше особено разочарана поради тоа што работниците ја чистеле фонтаната па не можела да фрла паричка и да си посака желба.
Андрија покажа во серијата дека е многу љубоморен и дека не е по готвењето. Саканиот на Анѓелка во реалниот свет е значително различен по ова прашање - тој не е љубоморен и е среќен што често се гледа  со својот "ТВ ривал" - Андрија. Извор: 24сата.рс Фото: Инстаграм принтскрин]]>

И се врати на старата љубов, ама не ја заборави ниту првата: Коки, колку ве плаќа газдата за настап…? https://arhiva.vistina.com.mk/i-se-vrati-na-starata-ljubov-ama-ne-ja-zaboravi-nitu-prvata-koki-kolku-ve-plakja-gazdata-za-nastap/ Thu, 30 Nov 2017 11:45:30 +0000 http://vistina.mk/?p=5273

Коки Јанков, познатиот музичар од некогашното легендарно дуо „Дуле и Коки“, откако по смртта на Дуле најпрвин ја оформи групата „Тајфата“, деновиве реши  повторно да и се врати на старата љубов -  угостителството! Имено, тој пред извесен број години заедно со Дуле го држеше познатиот скопски ресторан „Балканика“, па како искуството во оваа област не му недостига, пред неполна седмица  реши да го отвори својот ресторан „Кригла“, лоциран веднаш до Владата на Република Македонија.
Таму на своите гости Коки и неговиот персонал и нудат оригинална штипска пастрмајлија, разни домашни пити и други домашни специјалитети.
Но, покрај добрата храна и пијалок, брзата услуга и пристапните цени, гурманите се и љубители на убав амбиент кој го надополнува и убава музика.
Затоа газда Коки реши за овој сегмент од угостителството, сам да се погрижи! Така, атмосферата во неговиот локал  за почеток ќе ја збогатат звуците на „Тајфата“, со познати песни од богатиот репертоар на нивни изведби! Или со други зборови, Кои реши да биде ем стопан, ем музичар во сопствениот локал!
Мудро, нема што! Единствено останува нејасно, како ли ќе одговори на прашањето: „Коки, колку ве плаќа газдата за настап во Кригла?“  ]]>

Честитки еден рој: Голем ден за Коки Јанков – виолината не ја остава ама почнува нешто ново! https://arhiva.vistina.com.mk/chestitki-eden-roj-golem-den-za-koki-jankov-violinata-ne-ja-ostava-ama-pochnuva-neshto-novo/ Fri, 24 Nov 2017 06:30:49 +0000 http://vistina.mk/?p=4753

За музичарот Коки Јанков и неговото семејство, денес е голем ден. Имено, Коки повторно му се враќа на угостителството и го отвора својот ресторан чие име е „Кригла“. Таму на своите гости освен добрата музика произведена од звуците на „Тајфата“, Коки и неговиот персонал ќе понудат оригинална штипска пастрмајлија, скара, пити и домашни специјалитети за сите гурмани и љубители на убавиот амбиент, услуга и музика.
За овој голем чекор Коки се пофали на социјалните мрежи, а по неколкумесчни подготовки локалот веќе е готов за да почне со работа.
Дека е вистински мајстор со штипски корени покажа со тоа што објави неколку фотографии на кои држи пастрмајлија и пита, а за тоа доби бројни честитки за успешна работа од пријателите и следбениците на социјалните мрежи.
Остана перманентен во музиката, а веруваме дека овој пат така ќе биде и во угостителството.]]>